Автор: инфодеск
Views: 134 На овој ден се прославува милоста, чудото и мудроста Божја; милоста кон побожните и праведни родители на светиот Јован, старецот Захарија и старицата Елисавета, кои целиот живот посакуваа и просеа од Бога едно дете; чудото на зачнувањето на Јован во престарената утроба на Елисавета; и мудроста во домостројот на човековото спасение. Ова стана затоа што Бог имаше извонредни намери со свети Јован: имено, тој да биде Пророк и Предвесник на Господа Исуса Христа. Преку Своите ангели, Бог го објави раѓањето на Исаак од бездетната Сара и на Сампсон од бездетниот Маној и неговата жена, и...
УХМР: Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Views: 72 Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h).Во Охрид минималните температури од 11, а максималните до 14 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека до среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.
Дарио Ивановски триумфираше на Скопскиот маратон
Views: 126 Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски победи на денешниот Скопски Виз ер маратон во машка конкуренција, кој во драматичен финиш, во последните два километри од трката го помина фаворизираниот Кениец Џулиос Кипкоеч и целта ја мина за време од 2 часа 14 минути и 50 секунди. Кениецот ја освои втората позиција со резултат од 02:15:20 часа, а третото место му припадна на Грузиецот Давити Каразишвили со време од 02:24:48 часа.Ова е втора победа за Ивановски на Скопскиот маратон, откако претходно прв ја мина целта во 2021 година. Со оваа победа најдобриот македонски...
Нова експедиција на Арктикот: „Природата секогаш наоѓа начин“
Views: 116Според извештајот на „Шпигел интернешнл“, група германски научници на бродот „Поларстерн“ за време на летната експедиција открија дека алгите кои вообичаено растат под морскиот мраз целосно недостасуваат. Ова неочекувано откритие сериозно влијаеше врз нивното истражување, особено бидејќи биологот Мортен Иверсен беше специјално ангажиран за да ги проучува процесите на метаболизмот на алгите во текот на летната сезона.Иверсен донесе со себе камера со вештачка интелигенција, со намера преку неа да утврди колку алги се присутни под секоја од трите ледени плочи што тимот ги...
Вечерва Културно уметничкото друштво на слепи лица „Биљана“ ќе одржи концерт по повод Меѓународниот ден на слепите лица
Views: 99 Здружението на слепи лица Охрид во соработка со општина Охрид по повод Меѓународниот ден на слепите лица организира концерт на Културно уметничкото друштво на слепи лица „Биљана“ кое функционира во склоп на Националниот сојуз на слепи на Македонија.Концертот ќе се одржи вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19:30 часот.Влезот за концертот е бесплатен.
Денес народни средби на Левица во Охрид и Струга
Views: 108 Со одржување народни средби денес денес Левица ќе ја презентира изборната програма за локалните избори во општините Охрид и Струга.Во Струга ќе биде промовиран кандидатот за градоначалник Јована Мојсоска, а на средбата со граѓаните ќе присуствуваат и Претседателот на ПП Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, кандидатот за градоначалник на Општина Струга, Јована Мојсоска, носителот на листа, Климе Карамитрески, и останатите кандидати за советници. Тие ќе се сретнат во изборниот штаб на Левица во Паркот на поезијата наспроти Кафе ,,Синема” во 14 часот.И на средбата...
Денес ќе се одржи хуманитарната и спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“ и музичкиот настан Rock And Mob
Views: 61 Денес ќе се одржи традиционалната хуманитарна и спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ која ја организира Црвен крст Охрид.-Настанот ќе започне во 11 ч. со „главна трка“ на младите чиј старт ќе биде од Кеј Македонија-пред х. Палас, а цел на Кеј Македонија-пред Центар за култура „Григор Прличев“, каде ќе продолжат спортските, културно забавни и здравствено-едукативни содржини проследени со голем број награди. Како новина оваа година од 14 ч. на Градскиот плоштад „Климент Охридски“, посетителите ќе можат да уживаат во музичките изведби на охридските бендови...
Викендов времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури
Views: 102 Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.Денес и утре времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои наместа се очекува да се спуштат под нула степени. Во недела кон крајот на денот и во понеделник ќе има повремени локални врнежи од дожд. До среда ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурите ќе се задржат под просекот за овој период од годината, велат од УХМР.Во Охрид минималните температури од 1, а максималните до 12 степени Целзиусови.









