Автор: инфодеск
Post Views: 243 За време на викендот ќе преовладува сончево време со студени утра и со умерена облачност, информира УХМР. Утре температурата ќе се движи од -11 до 7, а задутре од -12 до 8 степени.Во почетокот на следната недела времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег на планините и повисоките места, особено во западните делови каде ќе се формира нова снежна покривка. Во пониските места врнежите ќе бидат од дожд и снег. фото: Ѓоко Симјаноски
Приведен охриѓанец кој агресивно се однесувал кон членови на семејството
Post Views: 341 На 11.01.2024 година во 18.40 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е 56 годишен маж од Охрид кој, претходно во семејниот дом, агресивно се однесувал кон членови на неговото семејство. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
Земјотресот со епицентар во Преспа ги вознемири граѓаните, штети не се пријавени
Post Views: 486 Земјотрес со интензитет од 3,8 степени е почувствуван ноќеска во Охрид, Струга, Ресен и Битола.Епицентарот на земјотресот бил во Преспа, на 120 километри од Скопје. Земјотресот предизвика вознемиреност кај граѓаните, а според првичните податоци, материјални штети не се пријавени.Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 32 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа...
Изложбата „Културното наследство во охридскиот регион“ ќе биде достапна за рагледување до крај на јануари
Post Views: 272 Како дел од проектот „Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид“, Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина „РЕГИОНАЛЕН ЗЕЛЕН ЦЕНТАР ОХРИД“ на 22-ри декември 2023 година, во музејот „Куќа на Робевци“ ја отвори изложбата „Културното наследство во охридскиот регион“, која ќе биде достапна за рагледување до крајот на јануари 2024 година.Изложбата има за цел да ја запознае јавноста со значењето на културното наследство во Охридскиот регион и да го зголеми степенот на промоција на истото.„Во текот на следните месеци, во...
Општина Охрид и годинава со поддршка на учениците и студентите
Post Views: 276 Финансиска поддршка и годинава ќе има за основците, средношколците и студентите. Објавени јавните повици за доделување ученички стипендии во општина Охрид.Стипендии се предвидени во три категории, за талантирани ученици, кои освоиле награди, одлични ученици од семејства со социјален ризик и ученици со посебни остварувања во разни области. Висината на стипендиите изнесува 2000 ден месечно во текот на девет месеци.И во 2024 година ќе има финансиска стимулација за ученици и студнети со посебни потреби и ретки болести.„ Особено...
Мета најави ограничувања за тинејџерите на Фејсбук и Инстаграм
Post Views: 281 Компанијата Мета најави имплементација на нови ограничувања за пристап до одредени содржини за адолесцентите на Фејсбук и Инстаграм, со цел да се промовира „безбедна и соодветна“ употреба за нивната возраст. Сега сите сметки (профили) на адолесценти ќе бидат поставени во построга конфигурација на двете социјални мрежи, што „го отежнува контактот со потенцијално чувствителна содржина“.Мерката се однесува на сметки за кои е идентификувано дека припаѓаат на тинејџер на возраст меѓу 13 (минимум потребен за регистрација) и 15 (18 во одредени земји). Оваа...
Уставен суд: Долговите кон извршителите застаруваат
Post Views: 278 Остануваат во примена законските измени за облигациони односи и извршување, Уставниот суд не поведе постапка за да ги оценува.Ова значи дека не се прифатени наводите на подносителите од 15 иницијативи кои за овој предмет беа поднесени до Судот.Според Уставниот суд неприфатливо е тврдењето во иницијативите дека се повредува правото на сопственост на доверителите со тоа што законодавецот, односно Собранието предвидел да се ограничи висината на казнената камата, кога ќе го достигне износот на главнината.Судот смета дека оспорениот член 4 од Законот за...
Поради дефект без вода корисниците од населба Црногорци
Post Views: 193 Поради настанат дефект на водоводната мрежа (пукната цевка со профил ф300 мм), денес од 09:30 часот, без вода ќе бидат корисниците во населбата Црногорци, информираат од ЈП ВОДОВОД Охрид.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен, до завршување со санацијата.
Патната инфраструктура приоритет на Општина Вевчани и во 2024 год
Post Views: 344 И оваа година во фокусот на општина Вевчани ќе биде реконструкција и изградба на нови улици. Вложувања во патната и комуналната инфраструктура. Буџетот на општина Вевчани за 2024 година е 60 милиони денари заедно со блок дотации за образовните институции, но парите за инвестиции се обезбедуваат преку проекти.Обезбедени се средства за изградба на повеќе улици, но и промена на начинот на греење во детската градонка Планински цвет, наместо на нафта ќе се поставуваат топлотни пумпи.„Парите за проекти ги обезбедуваме преку палицирање со проекти во домашни...
Курајчани, верни на василичарската традиција, ве канат на 25тиот Курајчки карневал
Post Views: 266 Куратица се подготвува за прослава на Василица со традиционалниот карневал кој годинава се одржува по 25-ти пат. Курајчани, верни на традицијата, ќе ги оживеаат старите василичарки обреди и ќе го збогатат празнувањето со богата софра, музика и веселба.Карневалот започнува на 13 ти јануари околу 18 часот кога зетот, невестата, бајачот, валегачот, музикантите и околу 300 учесници се собираат околу василичарскиот оган, а потоа маскираните василичари одат од куќа до куќа, посетувајќи го секое семејство во Куратица каде се дарувани со традиционална храна...
Во мирување одлуката за штрајк на контролорите на летање
Post Views: 235 Штрајкот, што за денеска го најави Струковиот синдикат на контролори на летање, ставен во мирување. Ова доаѓа по одлуката на владата за смени на раководните позиции на М-НАВ, што беше главно барање на синдикатот.„Владата на седница даде насока на надзорниот одбор да ги разреши Фахрудин Хамиди од должноста претседател на Управен одбор и извршен директор во СВН и Љубе Стаменковски од должноста член на УО и извршен директор во СВТ и на нивно место да бидат именувани Хекуран Асани, односно Милан Кораќ.“ – соопшти владината прес-служба по вчерашната...
Македонската ракометна репрезентација вечерва против Франција го започнува настапот на ЕП 2024
Post Views: 479 Македонската ракометна репрезентација, денеска во 18 часот, со мечот против Франција ќе го отвори 16-тото Европско првенство во ракомет кое се одржува во Германија (Берлин, Хамбург, Диселдорф, Келн, Манхајм и Минхен) од 10 до 28 јануари.Над 50.000 влезници се продадени за мечот Македонија-Франција во „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф, информира Европската ракометна федерација (ЕХФ).Македонија е во групата А, со селекциите на домаќинот Германија, Франција и Швајцарија.За репрезентацијата на Македонија ова ќе биде осми настап на ЕП. Титулата на ЕП...