Skip to main content

Автор: инфодеск

82 години од издавањето на Манифестот на Главниот Штаб на НОБ и ПОМ

Views: 89 Денес, во село Црвена Вода денеска се одбележува 82 годишнината од издавањето на Манифестот на ГШ на НОБ и ПОМ и други значајни настани од НОБ и Револуцијата во 1943 година.За време на шестомесечниот престој на највисокото воено-политичко раководство на НОБ во Црвена Вода, донесени се многу документи, значајни за создавањето на сопствена држава, желба на многуте генерации низ минатите векови. Главниот Штаб на НОВ и ПОМ под раководство на Генерал Михајло Апостолски, на 3 Октомври 1943 година, го издаде Манифестот, во кој беа изнесени целите на НОВ во Македонија, со повик до...

Продолжи со читање

Прекин вода

Прекин во водоснабдувањето на неколку охридски улици

Views: 70 Поради интервенција на водоводната мрежа денес од 10:00 до 11:00 часот, без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Кеј Македонија“ , „Партизанска“ со сите споредни улици, „Славеј Планина“, дел од Бул.„Туристичка“, дел од „Јане Сандански“, „Димитар Влахов” со сите споредни улици и стариот дел на градот.

Продолжи со читање

Аеродромот во Минхен привремено затворен, забележани беспилотни летала 

Views: 92 Аеродромот во Минхен утрово е отворен откако минатата вечер беше затворен поради неидентификувани дронови во воздушниот соопбраќај, што доведе до откажување на повеќе од 15 летови.Најмалку 17 авиони беа приземјени, што погоди околу 3.000 патници, додека уште 15 авиони беа пренасочени кон други аеродроми. Портпаролот на авиокомпанијата „Луфтханза“ изјави дека летовите утрово продолжиле според планираното.Прекинот во Минхен следи по неодамнешни инциденти со дронови низ Европа, кои предизвикаа привремени затворања и големи пренасочувања на аеродромите, вклучувајќи ги...

Продолжи со читање

30 години од атентатот врз Киро Глигоров

Views: 118 Пред точно 30 години врз Глигоров беше извршен неуспешен обид за атентат. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди на главата.На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Исто така, на повредите подоцна им подлегна и Ристо Хаџиманов, пензионер, инаку случаен минувач покрај местото на настанот. Нападот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот “Бристол” во Скопје, кога Глигоров со службено возило се движел од неговата резиденција на...

Продолжи со читање

Светиот великомаченик Евстатиј Плакида

Views: 125 Голем римски војсководец од времето на царевите Тит и Трајан. Иако незнабожец, Плакида (тоа е неговото незнабожечко име) беше човек праведен и милостив, сличен на капетанот Корнилиј, кого го крсти апостолот Петар (Дела 10). Еднаш, одејќи во лов, тој подгони еден елен. По Божја Промисла, меѓу роговите на еленот се јави светол крст и дојде глас Господов до Плакида што го упати да отиде кај христинјанскиот свештеник и да се крсти. Се крсти Плакида и неговата жена и нивните два синa. На Крштението тој го доби името Евстатиј, жена му – Теопистија, што значи боговерна, а нивните...

Продолжи со читање

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, од утре стабилизација

Views: 104 Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.Од УХМР информираат дека под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд. За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а дневната ќе биде во благ пораст.Денес во Охрид минималните температури од 2, а максималните до 7...

Продолжи со читање

Словачката амбасадорка Хрицова во посета на Општина Охрид

Views: 79 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска во својот кабинет ја прими новоименуваната амбасадорка на Република Словачка во државава, Ивета Хрицова.Соговорниците ги разгледуваа можностите за потпишување Меморандум за соработка  помеѓу  Охрид и Нитра,градовите од Македонија и Словачка кои ги обединува наследството на Светите браќа Кирил и Методиј, а имаат и приближно ист број на жители и изобилие од културни знаменитости.Се разговараше и за учество на словачки уметници и словачка ноќ на најпрестижната културна манифестација кај нас, фестивалот Охридско Лето. Беа...

Продолжи со читање

Game Dev Rev 2025: Првата конференција за развивање на игри во Македонија

Views: 81 Првата Game Dev Rev (GDR 2025) ќе влезе во историјата како прва конференција во Македонија целосно посветена на развивањето игри. Настанот ќе се одржи во Скопје на 16 октомври 2025 година и ќе ги обедини младите девелопери, искусните професионалци, инди студијата и лидерите во индустријата преку инспиративни говори, колаборација и иновација.Нов почеток GDR25 не се фокусира само на една единствена тема, туку на насока – Почетокот. Тој симболизира создавање, раѓање, каписла и револуција. Конференцијата има цел да отвори ново поглавје на македонската сцена за развивање...

Продолжи со читање