Skip to main content

Автор: инфодеск

ЦУК апелира да се чистат оџаците

Post Views: 271 1.690 повици на Единствениот број за итни случаи 112. Центарот за управување со кризи информира и за четири противпожарни интервенции врз запалени оџаци во последното деноноќие. Во еден од случаите запален оџак предизвикал опожарување на поткровје на куќа.„Редовното чистење оџаци го спречува нивното палење. Никогаш не е доцна, се разбира за тие што не го направиле. Овој апел за чистење на оџаците е од причина што речиси секојдневно во грејната сезона има барем по едно известување за гаснење пожар на запален оџак. Навидум тие пожари не се опасни, но не ретко...

Продолжи со читање

Прекин на водоснабдувањето на ул. „Карпош Војвода“ и „Мирче Ацев“

Post Views: 195 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 10:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците „Карпош Војвода“ и „Мирче Ацев“, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.Екипи на претпријатието се на терен до целосно завршување со санацијата.

Продолжи со читање

50 годишен охриѓанец пријавил дека бил физички нападнат од жена

Post Views: 460 На 8-ми јануари 2024 година, во 13:15 часот во Полициската станица во Охрид, 50-годишен охриѓанец пријавил дека во Охрид бил физички нападнат од страна на женско лице од охридско.Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. 

Продолжи со читање

Владата препорачала разрешување на двајца директори на М-НАВ

Post Views: 240 Владата на седницата која е во тек заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на М-НАВ од должноста членови на Управниот одбор да ги отповика Фахрудин Хамиди, кој е воедно и извршен директор, и Љубе Стаменковски, секторски извршен директор, објави 360 степени.Третиот директор според информациите не се менува. На таа позиција останува Хасим Деари, пренесе Телма.Претседателот на Синдикат на контролори на летање, Александар Тасевски, вели дека синдикатот ќе донесе одлука за своите понатамошни чекори откако ќе добие официјална информација за препораката на...

Продолжи со читање

Општина Охрид ги објави конкурсите за стипендирање на ученици и студенти

Post Views: 500 Градоначалникот на општина Oхрид објави конкурис за доделување стипендии за учениците од основните и средните училишта во Општина Охрид како и за студентите за 2023/2024.За основците стипендиите се наменети за талентирани ученици од IV, V, VI, VII,VIII и IХ одделение од основни училишта во општина Охрид;   за ученици кои живеат во потешки социјални услови – (ученици кои потекнуваат од семејства каде има невработени родители, самохран родител – старател, од семејства кои остваруваат ниски месечни примања или пак се социјални случаи – приматели на...

Продолжи со читање

Украдените икони од Југозападна Македонија нема да се враќаат во црквите

Post Views: 246 Украдените икони од струшко, вратени од Албанија во земјава,  нема да се воздигнуваат во црковните храмови.  Заради безбедносни причини  тие нема да се враќаат во верските објекти во напуштените села. После десет години административен процес 20 украдени икони, откриени во Тирана  се вратени  во земјава, но тие веднаш треба да се конзервираат поради несоодветно чување.„Воочивме некои процеси кои се веќе ретроградни, црвојадината е присутна кај повеќето икони што ги видовме. Така да тие процеси треба сега да се санираат, да подлежат под еден систем на...

Продолжи со читање

ПК „Акваспирит“- Охрид започнува со одржување тренинзи на базенот во Струга

Post Views: 442 Пливачкиот клуб „Акваспирит“- Охрид ќе започне со одржување на тренинзите во затворениот пливачки базен во Струга.„Со оглед на специфичноста на целата организација (превоз, термини, делење на базенот со другите клубови итн…), сакаме да Ве информираме дека имаме ограничени временски термини, особено за натпреварувачката група „пливачи“, каде што на располагање имаме три термини во текот на неделата Пон-Сре-Пет од 19:30 часот ( со цел да бидат опфатени децата што се прва и втора смена на училиште) и еден термин утрински за време на викенд почнувајќи од...

Продолжи со читање

Денеска е Свети архиѓакон и првомаченик Стефан

Post Views: 249 Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 декември. На третиот ден од празникот Божик светата православна црква го празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан.Тој е наречен првомаченик затоа што тој прв настрадал за Христовата вера. Веднаш по слегувањето на Светиот Дух во Ерусалим била формирана христијанска општина, биле избрани седум ѓакони да се грижат за сиромасите, за болните, старите, вдовиците и да ги делат подароците што христијаните ги давале на црквата. Најстар во тие седум ѓакони бил Стефан поради што бил...

Продолжи со читање

Студено и ветровито време

Post Views: 220 Променливо облачно и студено време денеска во Охрид. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од северен правец. Максималната дневна температура само до 4 степени.Следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури. И во петок ќе дува умерен до засилен северен ветер.фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Богослужби за Св. Стефан

Post Views: 302 За  празникот Св. Стефан, во манастирската пештерна црква Свети Стефан Панцир  во истоимената крајезерска наслеба ќе има богослужби.Понеделник попладне во 16:00 часот ќе се служи вечерна богослужба, а вторник во 7:30 ч. утрена богослужба со света божествена литургија, информираат од манастирот.Божиќ се слави три дена. Додека вториот ден од Божиќ е посветен на Богородица, третиот ден од најрадосниот христијански празник е посветен на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан.

Продолжи со читање

За 10% пораснаа цените на угостителските услуги

Post Views: 266 Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во декември 2023 година, во споредба со ноември 2023 година, е зголемен за 0.5 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0.5 % и Алкохолни пијалаци за 1.4 %.Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6.5 %.Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2023 година, во однос на истиот период од...

Продолжи со читање

Собор на Пресвета Богородица

Post Views: 304 Православните христијани на 26-ти декември (Јулијански календар) го слават Соборот на Пресвета Богородица.На вториот ден од Божик христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, Којашто Го роди Господ и Спасителот наш Исус Христос. Ова празнување се нарекува Нејзин собор затоа што на тој ден се собираат сите верни за да Ја прослават Нејзе, Која е Богородица. Тогаш се служи торжествено, соборно, во Нејзина чест. Во Охрид од древноста беше устроено спроти вториот ден на Божик вечерната да се служи само во црквата на Пресвета Богородица, наречена...

Продолжи со читање