Skip to main content

Автор: инфодеск

Шајн: Во срцето на нашата програма е визијата за Охрид – Модерен град, град на УНЕСКО

Views: 86 Време е Охрид да добие нов лик, достоен за неговата историја и културно богатство, порача на денешната прес конференција кандидатот за Градоначалник од СДСМ и Коалицијата, Асен Шајн.„ Нашата визија „Охрид – Модерен град, град на УНЕСКО“ е проект што го ставаме во срцето на нашата програма, затоа што знаеме што значи Охрид за цела држава, а и за светот пошироко. Овој проект значи модернизација со почит кон традицијата. Ќе работиме на тоа Охрид да стане поуреден, почист, со повеќе зеленило, со организиран сообраќај, со повеќе култура и простори за одмор и уживање – но сето тоа...

Продолжи со читање

Во сабота музички настан Rock And Mob

Views: 68 Во рамки на Неделата на млади на Црвениот крст (1–7 октомври), Клубот на млади при Црвен крст Охрид одбележувајќи го својот 29-ти роденден, најавува уште еден голем, впечатлив и динамичен настан – ROCK AND MOB!-Доживејте го овој празник на младоста, хуманоста и музиката исполнет со моќни акорди, позитивна енергија и топла атмосфера што ќе ви овозможи да ја почувствувате вистинската сила на заедништвото, порачуваат организаторите.Музичкиот настан ќе биде продолжение на спортско-рекреативната и хуманитарна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“, со почеток во 14:00 часот, а на...

Продолжи со читање

Денеска во Охрид започнува 10-от јубилеен состанок за ретки болести во Југоисточна Европа 

Views: 122  Од денес до недела во Охрид, ќе се одржи јубилејниот 10-ти состанок на Македонското здружение за ретки болести (10th ANNIVERSARY MEETING OF RARE DISEASES IN SEE).Како што информираат организаторите, состанокот ја одбележува својата десетгодишнина, што претставува важна пресвртница во заедничките напори за подигнување на свеста и подобрување на квалитетот на живот на лицата со ретки болести во регионот, а на настанот ќе присуствуваат претставници на лекарски здруженија, пациентски организации, експерти и истражувачи од земјите во соседството, но и од Германија, Белгија,...

Продолжи со читање

Прличевци го одбележаа Меѓународниот ден на старите лица – 1 октомври

Views: 97 Учениците од ОУ „Григор Прличев“ вчера го одбележаа Меѓународниот ден на старите лица – 1 октомври, посетувајќи го Геријатриското одделение при Општата болница во Охрид каде на постарите лица им однесоа скромни подароци, цртежи, но како што велат во соопштението „и многу насмевки и топлина во срцата“.-Оваа хумана активност нѐ потсети на значењето на почитта и грижата кон нашите постари сограѓани , како и на трајната вредност на меѓугенерациската солидарност, додаваат од школото и изразуваат благодарност до раководството и вработените во болницата за поддршката и можноста...

Продолжи со читање

Израелската војска ја нападна флотилата

Views: 98 Активистите на флотила бродови што пловат кон Газа доцна синоќа објавија дека израелската морнарица пресретнала три од нејзините бродови додека се приближувале кон опколената палестинска територија, апсејќи ги присутните на бродовите, меѓу кои и шведската активистка Грета Тунберг. Израелските власти соопштија дека активистите на бродот, вклучувајќи ја и Тунберг, се безбедни и се префрлаат во Израел. Активистите претходно на Инстаграм објавија дека војниците се качиле на првите бродови. Еден брод бил удрен, објави Глобалната флотила Сумуд. Врз другите бродови бил пукано со водни...

Продолжи со читање

Врнежливо и студено

Views: 76 Облачно и студено со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат пообилни. На планините врнежите од дожд ќе преминат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.Од УХМР информираат дека под влијание на влажен и студен бран до петок времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат обилни. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 l/m², а локално и над 50 l/m² дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, утре на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно...

Продолжи со читање

Флотилата „Глобал Сумуд“ навлезе во опасна зона, Италија ја повлече помошта

Views: 89 Приватната флотила бродови „Глобал Сумуд“, што носат хуманитарна помош за Појасот Газа навлезе во област каде што ризикува да биде пресретната од израелските сили, објави Италијанската новинска агенција АНСА. Според АНСА, бродовите се приближуваа кон градот Газа, но не се запрени.Италијанската влада и претседателот Серџо Матарела ја повикаа флотилата да го стопира патувањето за да не загрози животи. Властите во Рим ги повикаа активистите да ја прифатат понудата на Католичката црква да ја преземат задачата за транспорт на хуманитарна помош во Газа. Премиерката на Италија...

Продолжи со читање