Автор: инфодеск
Views: 96 Пешачката патека од Мостот до Горица 1 е место кое го знае секој охриѓанец и турист, но денеска таа изгледа запуштено, со оштетена подлога, слабо осветлување и без основна урбана опрема, кажа на денешната прес конференција кандидатот за советник од СДСМ и коалицијата, Јован Крлев. Посочи дека е време да се смени таа слика и го најави проектот за ревитализација на пешачката патека.„ Со задоволство го најавувам проектот на СДСМ Охрид за целосна реконструкција на оваа патека – проект што ќе ја направи оваа траса безбедна, убава и достапна за сите.Во овој проект ќе биде...
Утре промоција на книгата „На иста адреса“ и Сатирична работилница за деца со гости од Делчево
Views: 143 Утре, четврток од 12 часот во „Прличевата одаја“ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана книгата „На иста адреса“ од aвторите Христина Деолска и Миле Ѓорѓијоски. Се работи за заедничка книга во која на еден спонтан начин се запишани поетски и афористички дела на обата автори.Ѓорѓијоски во предговорот на книгата ќе запише: На секоја песна од Деолска на следната страница, јас одговарам со афоризми. Книгата може да се доживее како разговор помеѓу поет и сатиричар, каде секој разговара на својот јазик. Во книгата има 39 песни и 195 афоризми. Христина на...
Културно уметничкото друштво на слепи лица „Биљана“ ќе одржи концерт по повод Меѓународниот ден на слепите лица
Views: 76 Здружението на слепи лица Охрид во соработка со општина Охрид по повод Меѓународниот ден на слепите лица организира концерт на Културно уметничкото друштво на слепи лица „Биљана“ кое функционира во склоп на Националниот сојуз на слепи на Македонија.Концертот ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ на 4 октомври ( сабота) со почеток во 19:30 часот.Влезот за концертот е бесплатен.
„Есенска работилница“ вечерва во просториите на Црвен крст
Views: 70 Клубот на млади при Црвен крст Охрид започнува со одбележување на Неделата на млади која се одбележува од 1 до 7 октомври.Од Црвен крст планираат неколку активности, а како прва е предвидена „Есенската работилница“.– Покрај изработка на прекрасни есенски украси, целта на оваа активност е да се поттикне тимската работа, да се развие креативното размислување и да се создаде простор каде секој млад човек може да го изрази својот талент и енергија, потенцираат од Црвен крст Охрид.Рботилницата ќе започне во 20 часот.
Цигарите поскапеа за 10 денари
Views: 91 Од понеделникот цената на цигарите е повисока за 10 денари. Ова значи дека значи дека лицата кои пушат по едно пакување дневно ќе плаќаат околу 300 денари повеќе месечно.Поскапувањето доаѓа како дел од редовното усогласување со акцизната политика, со која државата постепено ја зголемува акцизата на тутунските производи.Според трговците, после секое поскапување се забележува краткорочен пад во продажбата, но навиките кај граѓаните брзо се враќаат. Од друга страна, дел од пушачите коментираат дека со оваа нова цена ќе размислат дали да го намалат или целосно да го остават...
Променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец
Views: 78 Променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни.Од УХМР информираат дека од денес попладне до петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, локално пообилни. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 l/m², а локално и над 50 l/m². Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, во четврток на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на...
Свети Евмениј, епископ Гортински на Крит
Views: 59 д младоста сесрдно одеше по Христа, ослободувајќи се од двете големи бремиња: од бремето на богатството и од бремето на телото. Од првото бреме се ослободи раздавајќи го сиот свој имот на бедните и на сиромасите, а од другото со голем пост. И така се исцели прво себеси, па потоа почна и на другите да им дава исцеление. Бестрастен и исполнет со благодат на Светиот Дух, Евмениј заблесна со светлина што не може да се скрие. Па како што е напишано дека не може да се сокрие град на врв планина (Матеј 5, 14) така не можеше ниту свети Евмениј да се скрие од светот. Како епископ тој...
Алармантна е состојбата со недостиг на медицински сестри
Views: 136 Алармантна е состојбата со медицинските сестри, во болниците ширум земјава недостигаат околу 6000. Во Агенцијата за вработување се впишани 720 невработени медицински сестри, но дел од нив се ангажирани со договор на дело во болниците, а поголем дел веќе ја напуштиле професијата. Од Унијата на медицински сестри велат недостигот на кадар генерира незадоволни пациенти, и апелираат да се отворат конкурси за нивно вработување. „ Значи тие не заминуваат само заради тоа што имаат недостаток во личните доходи, имавме неколку покачување на платите, имаат додатоци кои што,...









