Автор: инфодеск
Post Views: 221 Со поддршка на Општина Охрид, преку Одделението за култура обезбедени се две изданија на Брајово писмо од книгата „Гоце Делчев“ на Ванчо Николески, кои ќе бидат предадени на Библиотеката „Григор Прличев“ и на Здружението на слепи лица од Охрид.„По повод 4 Јануари-Meѓународниот ден на Брајовото писмо ја искажуваме нашата безрезервна поддршка за поголема инклузија на слепите лица и лицата со оштетен вид во сите сегменти на општественото живеење“, објави Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид.Брајовото писмо им овозможува на слепите лица да имаат...
Славе Ѓорѓо Димоски ја доби наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема
Post Views: 349 За поетското дело „Денес“, Славе Ѓорѓо Димоски е добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема во 2023 година.Наградата што во чест на славниот македонски поет и преродбеник ја доделува НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид ќе биде врачена на посебна свеченост, а наградената поема ќе биде објавена.Одлуката за доделување на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2023 година едногласно ја донесе комисија во состав Милован Стефановски – претседател и Елизабета Шелева и Иван Додовски – членови.Од вкупно седум ракописи, кои беа...
Повик за еднократна финансиска поддршка на лице згрижено во згрижувачко семејство
Post Views: 177 Градоначалникот на општина Oхрид објави повик за еднократна финансиска поддршка на лице згрижено во згрижувачко семејство на територија на Општина Охрид.Општина Охрид за буџетската 2024 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува еднакратна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на општина Охрид. Средствата треба да се наменети исклучиво за поддршка на лица (деца) кои се згрижени во семејства што опфаќа основна заштита и 24 часовна грижа за деца и возрасни лица кои немаат свое...
Повик за еднократна финансиска поддршка на семејство кое има дете во училишна возраст со тешка попреченост
Post Views: 258 Градоначалникот на општина Oхрид објави повик за еднократна финансиска поддршка на семејство кое има дете во училишна возраст со тешка попреченост.Општина Охрид за буџетската 2024 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува еднократна финансиска поддршка на семејство кое има дете со најтешка форма на попреченост во училишна возраст, кое не е корисник на стипендија или друг вид на поддршка од општина Охрид. Средствата треба да се наменети исклучиво за поддршка на деца кои се на училишна возраст но поради степенот на попреченост не...
Новиот базен во Струга од денеска започна со термини за рекреативно пливање
Post Views: 1.100 Реконструираниот затворен базен во Струга од денес започнува и со термини за рекреативно пливање.Сите заинтересирани може да го користат базенот за рекреативно пливање во следните термини:Од понеделник до недела – 07:00-16:00;Од понеделник до сабота – 21:00-23:00.Цени за рекреативно пливање:Дневен билет (пливање 1 час) – 200 денари;Месечна членска карта – 2000 денари.Максимален број на пливачи во една стаза е 5. Доколку се исполни капацитетот на базенот во одреден момент, присутните ќе мора да почекаат...
Продолжен викенд поради божиќните празнувања
Post Views: 285 Викендов што е пред нас ќе биде продолжен викенд поради божиќните празнувања. Согласно Законот за празници, Божиќ (7 јануари) е неработен ден за сите граѓани, а со оглед дека годинава се паѓа во недела, неработниот ден се префрла во понеделник (8 јануари).За граѓаните пак од православна вероисповед, неработен ден е и сабота (6 јануари) поради празникот Бадник.
Превентивни активности на СВР Охрид за побезбеден сообраќај
Post Views: 249 Денеска (03.01.2024) Отсекот за превенција при СВР Охрид во соработка со РСБСП продолжи со превентивните активности во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот, преку кампањите под мотото „Не вози кога пиеш алкохол“ и „Користи зимска опрема“.Овие активности беа спроведени во Охрид и Струга, при што на возачите им беа делени корисни совети, а им беше укажано и на опасностите и последиците доколку возилото го управуваат под дејство на алкохол или доколку не поседуваат зимска опрема.
Со 1,8 милиони денари Mинистерството за култура годинава ќе го поддржи Вевчанскиот карневал
Post Views: 229 Договорот за финансирање на најстариот карневал во државата денеска го потпишаа ресорната министерка градоначалникот на Општина Вевчани.Претходните две години министерството за култура не даваше финансии за Вевчанскиот карневал, општината самостојно го финансираше за да не се прекине вековната традиција. Министерката вели тоа било поради административни бариери.„Кога се објавуваат резултатите од годишниот конкурс манифестацијата е веќе завршена и комисиите не можат да доделат финансиска помош за завршен...
МЖСПП за прв пат директно ќе ги финансира националните паркови
Post Views: 253 МЖСПП почнува нова иницијатива за валоризација на Јабланица за да се утврди во кој ранг/категорија ќе биде како заштитено подрачје, кажа на денешниот брифинг со новинари, министерката Каја Шукова. Министерството годинава за прв пат ќе започне со директна поддршка на националните паркови. -Министерството првпат оваа година ќе пристапи кон директно финансирање на четирите национални паркови кои ги имаме во моментот за да се унапреди нивната работа и да им се помогне, пред се, за да имаат инфраструктура која ќе им овозможи да работат со екосистемски...
Општина Охрид ќе ги избира најдобрите во спортот за 2023
Post Views: 346 Општина Охрид покренува постапка за избор на „Најдобрите од спортот во општина Охрид“ за 2023 година.Наградите и признанијата за најуспешните спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа во Охрид, се доделуваат за постигнати резултати во индивидуален и во клубски спорт во тековната година, на спортистки, спортисти и тренери кои настапуваат за спортски клубови, чиешто седиште е во Охрид.Предлозите за избор на „Најдобрите од спортот во општина Охрид“ за 2023 година, се за следниве категории:– Спортист/ка на годината ;– Спортска надеж...
Распишан повикот за финансирање програми од спортски клубови, здруженија, манифестации и спортисти
Post Views: 410 Градоначалникот на Општина Охрид распишува јавен повик за распоредување на буџетските средства од Програмата за спорт и рекреација од буџетот на општина Охрид за 2024 година за финансирање програми од спортски клубови, спортски здруженија, спортски манифестации, спортисти и други правни лица од областа на спортот на територијата на општина Охрид, со што општина Охрид ја изразува својата подготвеност за поддршка и развој на спортот.Пријавите за овој повик треба да се достават заклучно со 25.01.2024 година до 14.00 часот.Детални насоки за подготовка на...
Конкурс за субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на Ј.П. ,,Билјанини Извори”
Post Views: 306 Општина Охрид објавува конкурс за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Охрид преку субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на Ј.П. ,,Билјанини Извори”-Охрид .Субвенционирањето на трошоците за користење на спортските терени на Ј.П.„Билјанини Извори“ – Охрид се однесува за периодот од 01.01.2024 заклучно со 31.12.2024 година.Пријавите може да се преземат од веб страната на Општина Охрид(www.ohrid.gov.mk) или директно во просториите на Општина Охрид.Заинтересираните учесници, своите пријави за учество на овој...