Автор: инфодеск
Views: 201 Согласно одлуката за дополнување и изменување на одлуката за утврдување на цени за користење на паркинг простори, Бр. 02-1267/2, донесена на 27. 12. 2022 година, ЈП “Билјанини Извори” ги известува сите граѓани дека од утре, 1 октомври, ќе има измена на цените на паркинг услугите со кои стопанисува.Од 1 октомври цените на зона А, зона Б, вклучувајќи ја и Премиум зона, ќе изнесуваат 30 денари за секој еден час паркирање на јавно паркиралиште со кое стопанисува ЈП “Билјанини Извори” .Измената се однесува на период од 01. 10. 2025 до 31. 03. 2026...
Нудиме план и визија, тим кој ќе работи чесно, гласно и одлучно за секој граѓанин
Views: 84 Советничката листа на СДСМ и Коалицијата за претстојните локални избори во Охрид е тим составен од луѓе со искуство, знаење и визија за иднината на нашата општина, рече на денешната прес конференција носителот на советничката листа, Јане Тодороски.„Нашиот тим го сочинуваат професионалци од различни области, образование, здравство, економија, екологија, граѓански активизам. Луѓе кои секојдневно работат со граѓаните и ги знаат нивните вистински проблеми, луѓе докажани во полето на својата област, луѓе кои носат енергија, идеи и посветеност да го направат она што е најважно, да...
Прв академски час на УИНТ „Св. Апостол Павле“ и почеток на академската 2025/2026 година
Views: 107 Со свечен академски час, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид ќе го означи почетокот на академската 2025/2026 година. Настанот ќе се одржи во среда, 1 октомври 2025 год., во 12 часот во амфитеатарот на Универзитетот, со присуство на студенти, професори и гости.-Свеченото отворање е момент да го прославиме новиот почеток, да им посакаме добредојде на новата генерација студенти и да ја зајакнеме нашата академска заедница во духот на соработката, знаењето и успехот, велат од УИНТ.Новата академска година ќе донесе предизвици, но и...
Македонија и Словенија заедно за нови стандарди во спасувањето
Views: 54 Националниот Сојуз за планинско спасување (НСПС) во Охрид (од 25 до 28 септември ) беше домаќин на билатерална инструкторска средба помеѓу инструктори и претставници од инструкторскиот тим на Gorska Reševalna Zveza Slovenije.-Целта на средбата беше меѓусебно зближување и размена на искуства од процесите за обука на спасувачи во двете земји. Посебно внимание беше посветено на новата типизирана техника за техничко спасување, која од февруари оваа година официјално се применува во Словенија. Овој „револуционерен“ пристап значително ги поедноставува процедурите при интервенции на...
Денес ја славиме верата, надежта, љубовта и мудроста
Views: 66 Живееја и страдаа во Рим, во времето на царот Адријан. Мудрата Софија, како што ја одликува и името што го носи (софија – мудрост), остана вдовица, а како добра христијанка се утврди себеси и своите ќерки добро во верата Христова. Во времето кога мачителската рака на Адријан се протегна и врз добордетелниот дом на Софија, Вера имаше дванаесет, Надеж десет, а Љубов девет години. Изведени пред царот тие сите четири држејќи се за раце смерно но одлучно ја исповедаа верата во Господ Христос и одбија да и принесат идолски жртви на Артемида.Пред страдањето мајката ги крепеше...
Променливо облачно со сончеви периоди
Views: 108 Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 9 до 19 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека од среда попладне до петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, локално пообилни (над 30 l/m²). Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер во четврток и петок на повисоките планини ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во повремен снег. Температурата значително ќе опадне. Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето и...
13 години негрижа за социјалната зграда во Охрид, обвинуваат револтирани станари
Views: 416 Во рубрика Ти Си Твојот Град повторно реакција за граѓанската (не)грижа кога станува збор за хигиената и грижата за околината во која живееме.-Веќе 13-14 години е истиот проблем во социјалната зграда во Охрид. Никој нема грижа, СИЗ за становање не превзема ништо. Каде треба, Министерство за транспорт и врски, да го обавестам со слики? Шуга ќе добиеме, не можеме во подрум да слезиме од гнасота, вели изреволтирано нашата сограѓанка која живее во социјалната зграда во Охрид.Инаку, во социјалната зграда во Охрид има околу 70 станови, првично...
„Културата расте со децата – За сите деца“ од oктомври до мај ќе се реализира во Ohrid mall
Views: 86 Проектот на Општина Охрид „Културата расте со децата – За сите деца“ од месец Октомври до месец мај ќе се реализира во Ohrid mall. Почетокот на театарските претстави и останати културни содржини за деца е најавен за 19:00 часот.Станува збор за настан кој се реализира втора година по ред и е дел од програмата за култура на Општина Охрид.









