Автор: инфодеск
Post Views: 452 На плажата Канео се гради на самиот езерски брег, што е спротивно од препораките на УНЕСКО, реагираат од охридскиот огранок на партијата Левица.„Никој од надлежните не излезе на терен за да ја спречи оваа дивоградба и узурпација на езерскиот брег. “ – велат од Левица.Информираат дека Левица Охрид поднела барање за вонреден инспекциски надзор до Градежна инспекција и инспекција за животна средина од Охрид.Бараат од инспекциите на Општина Охрид да постапат по барањето, а против сторителот да бидат преземени сите законски мерки.
Наградата „Григор Прличев” за поемата „Денес”, пријавена под шифра „Сенед”
Post Views: 382 НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид соопштува дека добитник на наградата „Григор Прличев” за најдобра поема во 2023 година е авторот или авторката на поемата „Денес”, пријавена под шифра „Сенед”.Одлуката едногласно ја донесе комисија во состав Милован Стефановски – претседател и Елизабета Шелева и Иван Додовски – членови.Од вкупно седум пријавени ракописи, комисијата ги издвои во потесен круг поемите: „Денес” (пријавена под шифра „Сенед”), „Одблесок” (пријавена под шифра „Еригон”) и „Армагедон –...
Во петок „ДрамаКидз” ќе ја одиграат претставата „Лист, камен и ножички”
Post Views: 304 Новата 2024 година Центарoт за култура “Григор Прличев”- Охриде ја започнува со реприза на детската театарска претстава на Детското драмско студио (ДДС) „ДрамаКидз” со наслов „Лист, камен и ножички” во петок 05.01.2024 година, почеток 19.00 часот, мала сала, цена на карта 100 денари.„Националната установа Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид како организатор и незаобиколен фактор на културниот живот во Охрид и во неговата околина успешно развива бројни културни содржини што ги анимира граѓаните и особено младата...
Кривична пријава за „криумчарење мигранти“ против шест лица од кои тројца охриѓани
Post Views: 427 Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против шест лица за сторено кривично дело „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 2 на територија на Р.Бугарија и Р.Унгарија, информираа од МВР.Кривична пријава е поднесена против Ц.Н. (23), А.М. (23), И.Б. (20), тројцата од...
Горивата поевтинуваат од половина до еден денар
Post Views: 322 Бензините на полноќ поевтинуваат за половина денар за литар, а цената на дизел горивата се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,19 отсто.Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 77 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 73,5, а Екстра лесното масло за горење ЕЛ-1) за 73 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,839 денари...
Осум лица повредени во синоќешната сообраќајка на патот Охрид-Свети Наум
Post Views: 615 Жена од Црна Гора се здоби со тешки повреди, а уште седуммина се повредени во сударот меѓу три возила, со српски, црногорски и со охридски регистарски таблици на регионалниот пат Охрид- Св. Наум .На 01.01.2024 во 18.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Свети Наум се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „голф“ со црногорски регистарски ознаки, управувано од В.И.(77) од Р.Црна Гора, патничко моторно возило „мерцедес“ со српски национални ознаки, управувано од С.М.(27) од Р.Србија и патничко моторно возило „форд“ со...
Филипинка се пресели во Охрид, сака да биде македонска невеста
Post Views: 8.475 Марија Хуана Џејн од Филипини, веќе шест месеци живее и работи во Охрид. Претходно 14 години работела во Дубаи, како готвачка во училиште, две години во ресторан во Србија, за од јули годинава да се пресели во главниот туристички центар во земјава.Вработена е како готвачка во угостителски објект, вели нискиот стандард на Филипини ја натерал да трага по подобар живот, илајдници километри од сопствениот дом.Задоволна е од платата, но и од животот во преубавиот Охрид.„Денес кога ќе се конвертира македонската плата со Филипинската е речиси иста , денес нашата...
Св. Игнатиј Богоносец
Post Views: 325 Свети Игнатиј е роден во Сирија. Кога тој бил дете, според преданието, го зел Исус во прегратка и на учениците им рекол: „Ако не бидете како деца нема да влезете во царството небесно.“ Поради тоа што го носел Исус во прегратка е наречен Богоносец. Тој бил ученик на Jован Богослов, како и свети Поликарп, епископот на Смирна. Игнатиј бил третиот епископ на Антиохиja и наследник на Еводиј Антиохиски. Богоносец се нарекува бидејќи според христијанските преданија, Името на Спасителот секогаш го имал во своето срце и постојано му се молел.На 20 декември (според...
Внимателно по патиштата, сообраќајот се одвива по влажни коловози
Post Views: 240 Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози известуваат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците...
Врнежливо со температура до 8 степени
Post Views: 262 Денеска во Охрид времето ќе биде променливо облачно со локален дожд. Максималната дневна температура до 8 степени. Ќе дува умерен ветар од западен правец.До крајот на работната седмица во Македонија ќе настапи стабилизирање на времето со појава на магла по котлините со променлив интензитет. Влажен бран со врнежи претежно од дожд ќе го зафати нашето подрачје за време не викендот.
Со забава на плоштад и огномет охриѓани и гостите ја дочекаа 2024 год
Post Views: 501 Туристи од земјава, регионот и светот заедно со охриѓани во прекрасна атмосфера на градскиот плоштад во Охрид ја испратија старата и ја дочекаа новата 2024 та година. Со греано вино, музика и огномет си посакаа желби за здравје, среќа и бериќет .„Очигледно Охрид станува се поатрактивен за дочек на новата година па одлучивме тука да дојдеме.“ – вели во анкетата за ТВМ, гостин од Скопје.„Супер е атмосферата. Многу е убаво. Не сум била досега за Нова година тука. Изненадена сум.“ – вели скопјанка.„Само што се вративме до Бразил. Таму...
Прво па машко бебе во Охрид
Post Views: 482 Во новата година првото новороденче во Охрид е здраво машко бебе,родено во 01:54 мин, информираа од Општа болница Охрид.Среќната мајка на 27 годишна возраст, роди здраво машко бебе тешко 2730 гр, а ја породи дежурниот гинеколог д-р Горан Маркоски со екипата. Ова е трета рожба на мајката, предходно имала 2 женски деца.Во тек се и други раѓања на Одделот за гинекологија.Денеска во 13:30 минути Градоначалникот Кирил Пецаков ќе ги посети новороденчињата и мајките на првиот ден во новата 2024 та година.