Автор: инфодеск
Post Views: 239 Во Новата 2024 година ви посакувам да имате пред сѐ добро здравје, неизмерна радост и многу незаборавни доживувања, порачува градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков во Новогодишната честитка до граѓаните.„Нека ви биде година исполнета со бескрајна убавина и благососотојба! Уживајте во овие празнични мигови на семејна љубов и пријателство! Да прославуваме заедно уште многу весели моменти за Охрид и Македонија! Нека ни е среќна и бериќетна Новата 2024 година!„ – вели градоначалникот Пецаков во празничната честитка.
„Донирај компјутер“- хуманитарна акција на охридските гимназијалци
Post Views: 259 Ученици од ОСУ „Св Климент Охридски“, по иницијатива и со помош на проф. по информатика Дарко Цветкоски, од старо направија ново т.е. многу стари компјутери ги претворија во нови и истите ќе им се донираат на оние кому им се најмногу потребни како Новогодишни подароци.„Ова е само прв дел од акцијата која ќе се спроведува во тек на целата 2024 година и во која секој ќе може да се вклучи донирајќи ИТ опрема која подоцна ќе биде средена и на крај донирана! Каков крај на старата година! Големо браво за учениците и за професорот!“ – велат од охридската...
Охрид подготвен за Новогодишниот празничен викенд
Post Views: 395 Главниот туристички центар ќе биде преполн со туристи. Хотелите се потполно резервирани, а најбројни ке бидат гостите од регионот Србија, Бугарија, Албанија, Црна Гора. Најбарани се тродневните аранжмани со свечена вечера и вклучен дочек на Новата година.„За новогодишните празници, поголемиот дел од хотелите ке бидат добро исполнети, со оглед на тоа дека неколку хотели се реновираат во овој период и не работат. Но тоа е мал број останатите се веќе добро исполнети , се бара место повеќе, онаму каде што е преполно каде и понудата е подобра. Странски гости...
Запленети 4.100 пиротехнички средства во струшко, приведена жена од Подгорци
Post Views: 358 На 28.12.2023 во 16.00 часот во струшкото село Подгорци, полициски службеници од ОВР Струга лишиле од слобода 56 годишна жена од истото село.„При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 4.100 парчиња разновидни пиротехнички средства.“ – информираат од МВР.По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од полицијата.
Приведен 19 годишен стружанец кај кого бил пронајден пиштол
Post Views: 370 На 28.12.2023 во 21.15 часот на улица „Партизанска“ во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Струга лишиле од слобода 19 годишен стружанец, информираа од МВР.„Кај него бил пронајден и одземен пиштол „Екол“ калибар 9 милиметри. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.“ – се вели во полицискиот билтен.Извор: МВР Фото: илустрација
Неколкучасовен прекин во водоснабдувањето на „Богомилска“ ,„Ѓорче Петров“, бул. Туристичка и комплекс згради Христо Узунов
Post Views: 356 Поради настанат дефект на водоводната мрежа , денес од 10:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Богомилска“ ,„Ѓорче Петров“, дел од Бул. Тустистичка и „Даме Груев“ (комплекс згради – Христо Узунов).Екипи на ЈП Водовод работат на отстранување на дефектот.
Минималната синдикална кошничка за декември изнесува 56.522 денари
Post Views: 284 Минималната синдикална кошничка за декември изнесува 56.522 денари, соопшти вчера Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) на пресконференција.Толку средства месечно му се потребни, за најосновните потреби, на четиричлено семејство доколку имаат свој дом, стан од околу 60м2. Ако живеат под кирија , тогаш трошоците се повисоки за 21.324 денари, односно, износот на кошничката ќе изнесува 71.972 денари.Семејство со две минимални плати може да покрие околу 70% од основните трошоци во минималната синдикална кошничка. Гледано по ставки, најмногу тежи храна и...
Продолжува новогодишната забава за најмладите на градскиот плоштад
Post Views: 273 Преубавата празнична атмосфера на Градскиот плоштад, продолжува. Денеска со почеток во 12:30 часот, како дел од предновогодишната програма, на Градскиот плоштад, најмладите ќе може да ја проследат детската театарска претстава “Ракавиците на Дедо Мраз”.Вчеравечер охридскиот плоштад наликуваше на вистинска новогодишна бајка, со беспрекорните изведби на најпознатите композиции од анимираните филмови на “Дизни” во изведба на учениците од ОМУ “Методи Патче’.Горд сум и благодарен на нашите млади музички таленти од ООМУ...
Јасмина Лескаровска назначена за в.д. директорка на АППТ
Post Views: 1.361 „Владата на Република Северна Македонија на владина седница одржана на 26.12.2023 го разреши Љупчо Јаневски од должноста директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, поради истек на мандатот за кој е именуван и ја именуваше Јасмина Лескаровска за вршител на должноста директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот“ – информираа од Владата, пренесе порталот „360 степени“.Лескаровска долги години работи во АППТ, а на директорската функција доаѓа од Секторот за проекти, поддршка на туризмот и административно – правни...
Вечерва во СОСУ „Св. Кирил и Методиј” хуманитарен новогодишен базар
Post Views: 197 СОСУ „Св. Кирил и Методиј” од Охрид вечерва организира хуманитарен новогодишен базар.На базарот ќе бидат изложени рачни изработки од нашите ученици: слатки задоволства, украси, честитки, накит итн, а Вие ќе имате можност да си купите од понудените производи и на тој начин да учествувате во хуманитарниот настан. Вашето малку, некому значи многу, велат од училиштето.Собраните средства ќе бидат донирани во инклузивната игротека „Радост“.Хуманитарниот новогодишен базар ќе се одржи во дворот на училиштето со почеток во 18:00 часот.
За автопатот Кичево – Охрид владата се одлучи за нов анекс на договор, за продолжување на рок за изведба
Post Views: 313 Владата, на денешната седница, ја разгледа и усвои и Информацијата за Договорот за изградба на автопат А2, делница Кичево – Охрид.Потврдено е дека изградбата на автопатската делница Кичево – Охрид е приоритет. И Владата, преку Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта е определена да се продолжи со нејзината доизградба, како дел од европскиот Коридор 8.„Владата ги овласти Кабинетот на заменикот претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции,...
Општина Вевчани доби грант од Фондот за природа PONT за заштита на Вевчански Извори
Post Views: 363 Фондот за природа Prespa Ohrid Nature Trust – PONT одобри грант со кој во наредните три години ќе се реализираат активности кои ќе придонесат кон подобрување на условите за заштита и управување со заштитеното подрачје Споменик на природата – Вевчански Извори.Договорот за грантот го потпишаа директорката на Фондот за природа PONT, Миријам де Конинг и градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски.„Одржливо управување на заштитеното подрачје Споменик на природата Вевчански Извори е една од главните цели на општина Вевчани. Во таа...