Автор: инфодеск
Views: 67 На 27-ми септември 2025 година, во 20:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека едно лице со остар предмет нападнал 42-годишник од охридското село Велгошти.– По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
Две лица од струшко Корошишта преместиле броило на ЕВН и украле електрична енергија вредна над 22 400 евра
Views: 112 ОВР Струга поднесе кривична пријава против две лица на возраст од 83 и 45 години, двајцата од струшкото село Корошишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.–Во текот на оваа година пријавените неовластено го прекинале доводниот кабел кој водел до електричното броило и противправно, поврзале бакарни жици со кои се премостувало електричното броило, со што го оневозможиле да ја мери потрошената електрична енергија. Со тоа, пријавените на ЕВН Македонија, подружница КЕЦ Струга и...
„Импровокација“ вечерва на театарската сцена
Views: 98 Култното шоу „Импровокација“ вечерва во 20 часот повторно на театарската сцена.Картите може да се резервираат на телефонскиот број 075/283-066.
Денес е Крстовден – Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст
Views: 127 равославните верници денеска го празнуваат големиот Христијански празник, Крстовден.Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот Крстовден или Водокрст (18/5 јануари) е посветен на стариот обичај според кој на овој ден биле крштевани оние што го примале христијанството, а есенскиот Крстовден, под името Воздвижение на чесниот Крст се празнува во чест на наоѓањето на крстот на кој бил распнат Исус Христос.Овој настан и се припишува на царицата Елена, мајката на славниот цар Константин, основачот на Цариград (Константинопол).Во почетокот на IV век...
Дел од улицата „Димитар Влахов“ денес ќе биде затворена за сообраќај
Views: 95 Поради неодложни активности кои се однесуваат на фекалната канализација, денес дел од улицата „Димитар Влахов“ од пред зградата на Општина Охрид до пресекот со улица „Македонски Просветители“ ќе биде затворена за сообраќај.-Се замолуваат охриѓани да ги почитуваат времените сообраќајни правила и мерки. Градежните активности ќе ги реализираат надлежните служби на ЈП „Нискоградба“, велат од Општина Охрид.
УХМР: Претежно облачно, со повремени врнежи од дожд
Views: 64 Претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.За време на викендот ќе преовладува претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m2), проследени со грмежи и засилен ветер.Температурите во Охрид денес ќе бидат во интервал од 13 до 18 степени Целзиусови.
Институциите и родителите на средба за поголема сообраќајна безбедност на децата
Views: 80 Денес во просториите на ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски”- Охрид беше остварена средба меѓу претставници од СВР Охрид, Општина Охрид и родители-членови на советот на родители каде беше дебатирано на тема „Безбедноста во сообраќајот на малолетните лица“.Од СВР Охрид велат дека подолг период се регистрираат поголем број на прекршоци од страна на малолетни лица и за жал бележи пораст на стапката на смртност кај овие лица, како управување на мопед без возачка дозвола, над дозволена брзина или без возачка дозвола, но и неправилно паркирање и неносење на заштитна опрема...
Утре затворена за сообраќај дел од улицата „Димитар Влахов“
Views: 66 Поради неодложни активности кои се однесуваат на фекалната канализација, утре – 27. 09 2025г. дел од улицата „Димитар Влахов“ од пред зградата на Општина Охрид до пресекот со улица „Македонски Просветители“ ќе биде затворена за сообраќај.-Се замолуваат охриѓани да ги почитуваат времените сообраќајни правила и мерки. Градежните активности ќе ги реализираат надлежните служби на ЈП „Нискоградба“, велат од Општина Охрид.









