Автор: инфодеск
Post Views: 223 Од 10.05.2024 год.(петок), Ј.П.”Охридски Комуналец” започнува со реализирање на Календарот за 2024 година на акциите за подигнување кабаст и зелен отпад на територијата на општина Охрид.Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 10.05.2024 год.(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст и зелен отпад од У.З.1 Стар Град.Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 10.05.2024 година и...
Водата околу Студентскиот дом „Никола Карев“ и населба Охридати е исправна за пиење
Post Views: 184 ЈП ВОДОВОД Охрид ги известува граѓаните дека по извршените дополнителни анализи на водата за пиење од страна на ЈЗУ ЦЈЗ Охрид и добиените резултати, исправна за пиење е водата од градски водовод во и околу мерно место Студентски дом „Никола Карев“ и населба Охридати.
Достигнат цензусот за претседателските избори
Post Views: 303 Цензусот за претседателските избори е исполнет во последните два часа од гласањето. Излезноста до 18:30 од обработени 92,12% од вкупниот број на избирачки места изнесува 46,39%.За цензус е потребен одзив од 40%+1 глас или 725.728 излезени гласачи. До 18:30, според податоците на ДИК гласале 775.364 избирачи.Тоа значи дека обезбеден е законскиот услов за Македонија да добие нов Претседател. Граѓаните одлучуваа помеѓу двајца кандидати, Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ, кој се бори за втор мандат и Гордана Силјановска Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ...
Излезноста во Охрид до 15 часот е 38%
Post Views: 307 Гласањето на парламентарните избори и првиот круг од претседателските во Охрид се одвива непречено, во мирна и демократска атмосфера. Сите 87 избирачки места во општината беа навреме отворени и не се регистрирани нарушувања на изборниот процес. До 15 часот своето право на глас го оствариле 38,41 отсто од избирачите за претседателските избори и 38,86 отсто за парламентарните.„ Ако направиме една компарација во однос на првиот круг и сега излезноста во пресекот од 13 часот е нешто поголема од таа што била во 15 часот во првиот круг . Во утринските часови...
Излезноста во Струга до 15часот е 22.76% на претседателските и 28,38% на парламентарните избори
Post Views: 312 Во општина Струга гласањето се одвива тековно , без поголеми технички проблеми и без нарушувања на процесот. Во Општина Струга се гласа на 101 избирачко место, а право на глас имаат 61 496 граѓани. Излезноста до 15 часот е 22.76 отсто отсто на претседателските и 28,38 отсто на парламентарните избори.„ Од граѓани немаме никакви поплаки. Оние кои согласно изборен законик , ако не биле запишани а имаат право ако имаат легитимни документи да се запишат , веќе од првиот круг е постапено согласно изборниот законик и имаат акти со кои им е дозволено правото на...
Поголем одзив за парламентарните отколку за претседателските избори
Post Views: 290 Македонија бира претседател и нов состав на законодавниот дом.Излезноста на вториот круг за претседателските избори до 15 часот, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) е 31,53 % Правото на глас до 15 часот го оствариле 554.957 граѓани.На седмите претседателски избори од осамостојувањето на државата, право на глас имаат 1.814.317 граѓани. За еден од двајцата кандидати да биде избран за функцијата Претседател на Република Северна Македонија треба да освои мнозинство од вкупниот број гласови, при што е потребно најмалку 40 % од регистрираните...
Гимназиските оркестар, хор и солисти најдобри на регионалниот натпревар
Post Views: 219 На Регионалните смотри одржани на 25ти април 2024 година гимназискиот хор и оркестар од ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид ја освоија највисоката прва награда и пласман на државниот натпревар кој ќе се оддржи на 11 ти мај во Скопје.На државниот натпревар за солисти кој ќе се одржи на 15 мај во Прилеп се пласираа :Наталија ТанескаДимитар Веслиевски
Излезеноста во Струга до 11 часот за претседател 7, а за парламентарни 9 отсто
Post Views: 302 Во Општина Струга гласањето гласањето се одвива тековно, без нарушувања. За парламентарните избори во Струга до 11 часот излезноста е 9 отсто, додека за вториот круг од претседателските 6,32 проценти.Во Вевчани до 11 часот гласале 21,06 проценти од вкупно регистрираните граѓани во единствениот избирачки список. Во трите избирачки места во Вевчани сите граѓани што излегле гласале и за претседател и за пратеници, информира претседателката на ОИК Вевчани, Менче Кукоска.
Во Охрид ќе се одбележи Неделата на Црвен крст и Црвена полумесечина
Post Views: 265 На 8 мај 1828 година е роден Анри Динан, основоположникот на Движењето на Црвениот крст.На овој ден ширум светот националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина преку пригодни активности делуваат на подигање на свеста за значењето на нашите основни принципи и вредности и не’ потсетуваат на потребата од намалување на човековите страдања, зачувување на човековото доистоинство, заштита на животот на луѓето, како и надминувње на последиците од вонредни состојби и природни катастрофи.Во рамки на одбележувањето на Неделата на Црвен крст и Црвена...
Излезноста во Охрид до 11 часот изнесува 14 проценти
Post Views: 201 Излезноста на Претседателските избори во Охрид до 11 часот е 14,59 отсто, додека на Парламентарните избори досега гласале 14,62 проценти од избирачите.Според ОИК, гласањето се одвива непречено и без какви било проблеми.На едно избирачко место во Охрид (1252 ), каде што утрово беше пријавен технички проблеми со биометрискиот уред, гласањето продолжи со УВ ламба и спреј.На избирачките места на територијата на Општина Дебрца до 11 часот излегле 14 отсто од лицата со право на глас.И во Дебрца нема никакви проблеми и изборниот процес се одвива...
Струга се поклони на патронот Свети великомаченик Георгиј Победоносец
Post Views: 306 Струга ја продолжи вековната традиција со божествена Ѓурѓовденска литија. Илјадници верници и свештеници, монаштвото од Бигорскиот манастир и сестринствата од Рајчица и Пречиста со чудотворните мошти на светителот и Карниниската икона на Бгородица го осветија градот на мостовите.Верниците на заштитникот на градот, почит му оддаваа стоејќи на двете страни на улиците и поздравувајќи ги моштите со фрлање цвеќе.„Верувајте ми дека ова торжество што денес се случува тука кое е културолошки најавтентично и го...
Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март
Post Views: 273 Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците за животот во април во однос на март изнесува 0,7 проценти, а цените на мало се зголемени за 1,1 процент, според податоците од Државниот завод за статистика. Во однос на април лани, трошоците на живот се зголемени за четири проценти, а цените на мало за 3,5 проценти.Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците за животот во транспортот за 2,8 проценти, комуникации за 1,6 проценти, храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки за 0,9 проценти, рекреација и култура, ресторани и хотели за...