Skip to main content

Автор: инфодеск

Македонија заостанува зад европскиот просек во трансплантации, 170 лица чекаат бубрег

Views: 87 Во изминатава  година и половина направени  се вкупно 4 кадаверични трансплантации,  осум  пациенти добија бубрег, од починат донор. Листата на оние  кои чекаат трансплантација е долга,  ги има  околу 170 лица, а  меѓу нив  и деца на 15 годишна возраст.Македонија заостанува зад европскиот просек во трансплантации,  но причина број еден е малиот број на донори.„ Во однос на процесот на трансплантација ние треба да се согледуваме на другите европски држави каде што бројката на трансплантирани болни изнесува некаде околу 30 до 40% од вкупните пацијенти кои што...

Продолжи со читање

Кандидатите за градоначалници на Охрид и Вевчани потпишаа Кодекс за фер и демократски локални избори

Views: 113 Кандидатите за градоначалници на општините Охрид и Вевчани денес го потпишаа Кодексот за фер и демократски локални избори 2025 година.На потпишувањето на Кодексот во големата сала на Општина Охрид присуствуваа четворицата кандидати, актуелниот градоначалникот Кирил Пецаков како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција, Асен Шајн од СДСМ и Коалиција, Гоце Цветкоски како независен кандидат и Стевче Стевоски како кандидат од Твоја партија.-Ги повикувам сите политички субјекти и другите кандидати да се придржуваат до овој кодекс и да покажеме дека можеме да имаме зрела политичка...

Продолжи со читање

people, cyclists, crossing, street, cycling, biking, bicycles, pedestrians, road, transport, urban, city

МВР од денес ќе ги казнува пешаците со слушалки или телефон во рака

Views: 111 Од денеска започнува примената на измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Истиот предвидува парична казна од 40 евра доколку преминувате пешачки со мобилен телефон на уво или во рака, а казна од 50 евра ако возите тротинет, мотор или трактор со користење електронски уред.Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата велат дека законските измени се усвоени за да се унапреди безбедноста на најранливите категории на учесници во сообраќајот и да се намали бројот на сообраќајни незгоди како последица на невнимателно...

Продолжи со читање

УИНТ Св. Апостол Павле

Во понеделник трет уписен рок на УИНТ „Св. Апостол Павле“ – Охрид

Views: 113 Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид ќе го реализира третиот уписен рок за академската 2025/2026 година во понеделник, 29 септември 2025 год. Кандидатите ќе можат да поднесат документи од 8:00 до 16:00 часот во просториите на Универзитетот.–На располагање се современи студиски програми од областа на информатичките науки и технологии: компјутерски науки и инженерство, комуникациски мрежи и безбедност, машинска интелигенција и роботика, дигитална мултимедија и анимација, и дигитална бизнис аналитика, посочуваат од...

Продолжи со читање

Денес променливо облачно и посвежо

Views: 119 Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²), проследени со појава на грмежи и засилен ветер.Под влијание на циклонска активност од денес до понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²), проследени со грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе опадне за 8 до 10 степени во однос на денешната.Минималните температури во Охрид од 14, а максималните...

Продолжи со читање

Струга е домаќин на Третите меѓународни средби на дијализирани и трансплантирани пациенти од Мрежата SEEN Transplant

Views: 112 Од денеска, 25-ти до недела, 28-ми септември 2025 година, во хотелот „Дрим“ во Струга ќе се одржат Третите меѓународни средби на дијализирани и трансплантирани пациенти од Мрежата SEEN Transplant, информира Здружението на бубрежни болни граѓани НЕФРОН.Здружението е домаќин на средбите, а учество ќе земат и организации на пациенти од дијализа и со трансплантирани органи од 8 земји членки на мрежата: Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Романија, Бугарија и Црна Гора.-Средбите се со едукативен и спортско-рекреативен карактер и ќе изобилуваат со активности...

Продолжи со читање

Нов асфалт на „Дејан Војвода“, „Сатеска“ и „Петар поп Арсов“

Views: 122 Со финансиска поддршка на Општина Охрид , денеска се асфалтираа околу 1 700 м2 од улица „Дејан Војвода“.Во текот на утрешниот ден нов асфалт ќе биде поставен и на делови од улиците „Сатеска“ и „Петар поп Арсов“.Овие активности се дел од годишната програма за уредување на градежно земјиште на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид.

Продолжи со читање

Црвен крст – Охрид ја одбележува Неделата на промоција на хумани вредности (ПХВ)

Views: 110 Традиционално, и оваа година општинската организација на Црвен крст ќе ја одбележи Неделата на промоција на хумани вредности (ПХВ).Настанот ќе се одржи утре, петок, во просториите на Црвен крст Охрид со почеток во 14 часот, а на настанот ќе бидат презентирани овогодинешните ПХВ проекти, реализирани од страна на младите волонтери, со цел промовирање на солидарноста, хуманоста и активната вклученост во заедницата.-Како знак на признание и благодарност, ќе бидат доделени благодарници на сите младинци и донатори кои активно учествуваа и придонесоа во изработката и реализацијата...

Продолжи со читање