Автор: инфодеск
Post Views: 86 Од НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид известуваат дека поради навремено интервенирање одделот за издавање повторно е во функција од 12:00 часот.
Уште една трагедија во Србија: Чамец со 11 патници се преврте во Дунав
Post Views: 113 Ноќеска се преврте чамец во Дунав во близина на Бачка Паланка, на границата помеѓу Србија и Хрватска. Според првичните информации, во бродот имало 10 државјани на Кина и еден државјанин на Србија, кои сакале нелегално да ја преминат државната граница.Спасувачите и понатаму трагаат за исчезнатите лица, додека на терен се присутни екипи на брза помош, полиција и пожарникари. Во помош се вклучени и специјализирани тимови за спасување на вода од Србија и Хрватска.
Денес показна вежба за евакуација и спасување на вработените по случена елементарна непогода во „Леарница“
Post Views: 95 Денеска продолжуваат увежбувањата за примена на Оперативните планови за заштита и спасување и плановите за евакуација, во координација и со поддршка на СВР Охрид, ТППЕ Охрид, ДЗС, ЦУК, и Црвен крст Охрид.-Во таа насока, а со цел да се подигне нивото на подготвеност и координираност за соодветно, навремено и ефикасно делување во случај на несреќи денес, понеделник, 06.10.2025 г. во компанијата ЛТХ Леарница во индустриската зона Охрид ќе се реализира показна вежба за евакуација и спасување на вработените во компанијата, според соодветно сценарио за случена...
Одделот за издавање при градската Библиотека денес нема да работи поради технички проблеми
Post Views: 109 Од НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид известуваат дека поради технички проблеми одделот- издавање денес нема да биде во функција.
Зачнување на свети Јован Крстител
Post Views: 122 На овој ден се прославува милоста, чудото и мудроста Божја; милоста кон побожните и праведни родители на светиот Јован, старецот Захарија и старицата Елисавета, кои целиот живот посакуваа и просеа од Бога едно дете; чудото на зачнувањето на Јован во престарената утроба на Елисавета; и мудроста во домостројот на човековото спасение. Ова стана затоа што Бог имаше извонредни намери со свети Јован: имено, тој да биде Пророк и Предвесник на Господа Исуса Христа. Преку Своите ангели, Бог го објави раѓањето на Исаак од бездетната Сара и на Сампсон од бездетниот Маној и...
УХМР: Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Post Views: 96 Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h).Во Охрид минималните температури од 11, а максималните до 14 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека до среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.
Дарио Ивановски триумфираше на Скопскиот маратон
Post Views: 154 Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски победи на денешниот Скопски Виз ер маратон во машка конкуренција, кој во драматичен финиш, во последните два километри од трката го помина фаворизираниот Кениец Џулиос Кипкоеч и целта ја мина за време од 2 часа 14 минути и 50 секунди. Кениецот ја освои втората позиција со резултат од 02:15:20 часа, а третото место му припадна на Грузиецот Давити Каразишвили со време од 02:24:48 часа.Ова е втора победа за Ивановски на Скопскиот маратон, откако претходно прв ја мина целта во 2021 година. Со оваа победа најдобриот...
Нова експедиција на Арктикот: „Природата секогаш наоѓа начин“
Post Views: 102Според извештајот на „Шпигел интернешнл“, група германски научници на бродот „Поларстерн“ за време на летната експедиција открија дека алгите кои вообичаено растат под морскиот мраз целосно недостасуваат. Ова неочекувано откритие сериозно влијаеше врз нивното истражување, особено бидејќи биологот Мортен Иверсен беше специјално ангажиран за да ги проучува процесите на метаболизмот на алгите во текот на летната сезона.Иверсен донесе со себе камера со вештачка интелигенција, со намера преку неа да утврди колку алги се присутни под секоја од трите ледени...
Вечерва Културно уметничкото друштво на слепи лица „Биљана“ ќе одржи концерт по повод Меѓународниот ден на слепите лица
Post Views: 137 Здружението на слепи лица Охрид во соработка со општина Охрид по повод Меѓународниот ден на слепите лица организира концерт на Културно уметничкото друштво на слепи лица „Биљана“ кое функционира во склоп на Националниот сојуз на слепи на Македонија.Концертот ќе се одржи вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19:30 часот.Влезот за концертот е бесплатен.
Денес народни средби на Левица во Охрид и Струга
Post Views: 151 Со одржување народни средби денес денес Левица ќе ја презентира изборната програма за локалните избори во општините Охрид и Струга.Во Струга ќе биде промовиран кандидатот за градоначалник Јована Мојсоска, а на средбата со граѓаните ќе присуствуваат и Претседателот на ПП Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, кандидатот за градоначалник на Општина Струга, Јована Мојсоска, носителот на листа, Климе Карамитрески, и останатите кандидати за советници. Тие ќе се сретнат во изборниот штаб на Левица во Паркот на поезијата наспроти Кафе ,,Синема” во 14...
Денес ќе се одржи хуманитарната и спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“ и музичкиот настан Rock And Mob
Post Views: 138 Денес ќе се одржи традиционалната хуманитарна и спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ која ја организира Црвен крст Охрид.-Настанот ќе започне во 11 ч. со „главна трка“ на младите чиј старт ќе биде од Кеј Македонија-пред х. Палас, а цел на Кеј Македонија-пред Центар за култура „Григор Прличев“, каде ќе продолжат спортските, културно забавни и здравствено-едукативни содржини проследени со голем број награди. Како новина оваа година од 14 ч. на Градскиот плоштад „Климент Охридски“, посетителите ќе можат да уживаат во музичките изведби на охридските...
Викендов времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури
Post Views: 95 Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.Денес и утре времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои наместа се очекува да се спуштат под нула степени. Во недела кон крајот на денот и во понеделник ќе има повремени локални врнежи од дожд. До среда ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурите ќе се задржат под просекот за овој период од годината, велат од УХМР.Во Охрид минималните температури од 1, а максималните до 12 степени Целзиусови.