Skip to main content

Автор: инфодеск

Светиот свештеномаченик Автоном

Views: 137 Во времето на гонењето на Диоклецијан пребегна од Италија во Витинија Азиска, во местото наречено Сореос и таму долго време помина во христијански подвиг и изгради црква посветена на светиот Архангел Михаил. Престојуваше во куќата на еден добар христијанин Корнелиј, когошто Автоном го посвети најпрво за презвитер, а потоа и за епископ. Недалеку од градот Сореос беше местото Лимна, населено само со незнабошци. Свети Автоном отиде во тоа место и набргу многумина ги просвети со Христовото Евангелие. Тоа ги озлоби незнабошците и тие еден ден јурнаа во црквата на светиот Архангел...

Продолжи со читање

Денес времето ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи од дожд

Views: 96 Облачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта. Врнежите наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Минималните температури во Охрид од 8, а максималните до 18 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Утре акција за собирање текстилен отпад во Охрид

Views: 161 Ј.П. „Охридски Комуналец“ продолжува со акциите за собирање текстилен отпад, кои се реализираат во соработка со „Училиштата без пластика“ и се одржуваат секој последен петок во месецот.Следната акција ќе се одржи утре, 25 септември, кога граѓаните ќе имаат можност правилно да ја одложат старата облека во специјалните контејнери на „Тексомак“, поставени на повеќе локации во градот (до влезот од Охридски Комуналец-Механизација, дворовите на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, ОУ „Григор Прличев“, ОУ „Ванчо Николески“, ОУ „Св. Наум Охридски“)Од „Охридски...

Продолжи со читање

Во Охрид започнува „Трофеј Македонија 2026“, Македонија против Србија на стартот

Views: 381 Во Охрид денеска започнува меѓународниот женски ракометен турнир „Трофеј Македонија 2026“, на кој ќе настапат четири женски сениорски репрезентации – Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора.Првиот натпреварувачки ден ќе го отворат репрезентациите на Црна Гора и Хрватска, во дуелот кој ќе започне од 16:00 часот во спортскиот центар „Билјанини Извори“.Од 18:00 часот на терен ќе излезе македонската репрезентација, која како бранител на трофејот од минатогодишното издание, турнирот ќе го започне со натпревар против Србија.Во рамки на „Трофеј Македонија 2026“ ќе се одржи...

Продолжи со читање

дпи

Недоволно инспектори и неизвесни контроли на безбедноста на производите, констатира ДЗР за Пазарниот инспекторат

Views: 169 Државниот завод за ревизија (ДЗР) изразил неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи на ДПИ за 2024 година, како и мислење со резерва за усогласеноста на работењето со законската регулатива. Клучните проблеми се недоволниот кадар, закочената дигитализација, финансиските пропусти и неизвесноста за идните контроли на небезбедни производи.Според извештајот на ДЗР, во 2024 година биле реализирани 28 263 инспекциски надзори од кои 21 108 редовни, 5 106 вонредни и 2 049 контролни. Овие контроли биле спроведени од само 148 инспектори, што претставува 47...

Продолжи со читање

Свр Охрид

52-годишен охриѓанец тешко повреден при градежни работи

Views: 147 На 23.09.2026 во СВР Охрид, од Итна медицинска помош било пријавено дека во болницата „Св.Еразмо“ со тешки телесни повреди пренеле 52 годишен маж од Охрид. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи во објект во изградба за правно лице од Струга.Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Охрид и трудов инспектор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Продолжи со читање

Во среда две седници на Совет на Општина Охрид, на дневен ред цените на „Комуналец“, фотоволтаици, сензори за контејнери и советнички прашања

Views: 175 Советот на Општина Охрид на 30 септември (среда) ќе ја одржи 15-тата седница, на која пред советниците ќе се најдат 20 точки на дневен ред. Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид, со почеток во 09:00 часот.Меѓу поважните точки е предлог одлуката за давање согласност на измените на одлуката за утврдување на цените на услугите што ги врши ЈП „Охридски комуналец“. Советниците ќе расправаат и за давање согласност на годишниот план за вработување на ЈП „Градски пазар“ за 2027 година.На дневен ред е и предлог одлуката за избор на најповолен приватен партнер за...

Продолжи со читање

Охрид домаќин на 17. меѓународна конференција „Безбедност 2030“, во фокусот паметните технологии и новите безбедносни предизвици

Views: 140 Денеска и утре во Охрид ќе се одржи 17. Меѓународна научна конференција „Безбедност 2030: Ера на паметни технологии, отпорни општества, ризици и предизвици“, под покровителство на министерството за внатрешни работи на Република Македонија.Конференцијата има за цел да создаде платформа за научна дебата, размена на знаења и мултидисциплинарна соработка за трансформацијата на безбедноста во ерата на напредните технологии. Посебен акцент ќе биде ставен на сајбер-безбедноста и дигиталната отпорност, хибридните закани и информациската безбедност, заштитата на критичната...

Продолжи со читање