Skip to main content

Автор: инфодеск

Цените на угостителски услуги во април зголемени за 2,5 проценти

Post Views: 288 Цените на угостителските услуги во април во споредба со март се зголемени за 2,5 проценти, а во однос на истиот период лани има зголемување од 5,9 проценти.Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување е забележано во групата Ноќевања за 13,5 проценти.Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – април во однос на истиот период минатата година, е зголемен за 6,2 проценти, a во однос на декември зголемувањето е за 1,3 проценти.

Продолжи со читање

Охрид ќе има плодна туристичка сезона, прогнозираат експертите

Post Views: 235 Охрид може да очекува плодна туристичка сезона, прогнозираат експертите. На годишно ниво се очекува пораст на бројот на туристи за 5%. Најбројни гости во Охрид и земјава се Турците, но научната фела очекува гостите од овој пазар да го достигнат пикот, исто како што претходно се случи со холанѓаните.Во фокусот треба да бидат нови пазари, потребни се субвенционирани чартер летови за привлекување гости од останатите европски земји.„Ако по утрото денот се познава ќе имаме успешна сезона, генерално предвидувањата се дека на годишно ниво ке имаме по 5% пораст...

Продолжи со читање

“Госпоѓа Министерка” од Нушиќ во сабота на репертоарот на Народен театар Охрид 

Post Views: 373 Претставата „Госпоѓа Министерка“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Благој Мицевски во сабота (11.05.2024 ) повторно на репертоарот на Народен театар Охрид во  НУЦК „Григор Прличев“.Играат: Биљана Билаловиќ Вељаноска, Горан Стојаноски, Павел Маслов, Никола Тодороски, Ивица Цонев и Филип Кипровски. Претставата ќе се игра во малата сала при охридскиот Центар за култура, со почеток во 20:00 часот.Карти во продажба на билетара по цена од 250 денари.

Продолжи со читање

Лични документи ќе можат да се подигнат денеска во сите отсеци за управни работи на МВР

Post Views: 282 За претседателските и парламентарни избори што се одржуваат денеска, Министерството за внатрешни работи (МВР) ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08:00 до 19:00 часот. Од МВР ги известуваат граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3-ти мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат. 

Продолжи со читање

ДИК: Одзивот до 9 часот за претседателски избори е 4, 17 отсто, а за парламентарни 4,45

Post Views: 244 Државната изборна комисија информираше за излезноста до 09 часот, односно два часа по отворањето на гласачките места.Излезноста на претседателските избори до 9 часот е 4, 17 отсто, а на парламентарните 4,45 отсто, објави Александар Даштевски, претседател на Државната изборна комисија (ДИК) на првата прес-конференција утринава. Тој вели дека нема бојкот на претседателските избори, бидејќи сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател.Даштевски додаде дека сите гласачки места биле отворени навреме, иако се забележани одредени технички...

Продолжи со читање

Граѓаните гласаат на седми претседателски и единаесетти парламентарни избори

Post Views: 322 Граѓаните на Република Македонија денеска гласаат на вториот круг од седмите претседателски и единаесетти парламентарни избори.На вториот круг од претседателските избори, ќе се натпреваруваат двајца кандидати, а право на глас имаат 1.814.317 избирачи. На парламентарните избори 1.815.350 граѓани со право на глас имаат можност да гласаат за 17 политички субјекти, односно за 11 политички партии, 5 коалиции и една независна листа од група избирачи со 84 листи на кандидати.Се гласа на 3.480 избирачки места, а идентификацијата на гласачите ќе се врши со...

Продолжи со читање

Во Охрид ќе се одржи Мастерс квиз, пријавувањето е во тек

Post Views: 350 На 12 мај во Охрид, во просториите на Kasarna HUB ќе биде одржан четвртиот квиз Мастерс за сезоната 2023/24 во организација на  Македонската квиз асоцијација.– Откако Охрид минатата година се покажа како одличен домаќин, гостите од другите градови повторно посакаа да дојдат тука и заеднички да се дружиме. Оваа година локацијата е друга (минатата година беше на УИНТ Св. Апостол Павле), но желбата на натпреварувачите да се дружат и да го проверат своето знаење е повторно тука, велат орагнизаторите.Автор на прашањата е Мартин Мајк Петрески, а квизот...

Продолжи со читање

Моштите на Свети Георгиј Победоносец денеска ќе ја осветат Струга

Post Views: 377 Mоштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица, денеска ќе ја осветат Струга.Традиционално, на 7 мај, сенародната Струшка еордија (литија) со моштите и чудотворните икони носени од угледни граѓани, предводени од локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски, манастирите во Рајчица и Пречиста, по вечерната служба ќе тргне од храмот „Свети Георгиј“ и ќе поминат низ струшките улици, покрај кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата придружувани од голем број верници.Во 16 часот ќе биде...

Продолжи со читање

СВР Охрид ќе го одбележи 7 мај, денот на безбедноста и Ден на Македонската полиција

Post Views: 280 7 мај, денот на безбедноста и Ден на Македонската полиција, СВР Охрид ќе го одбележи со пригодна свеченост што денеска ќе се одржи во големата сала на СВР Охрид.–На свеченоста се очекува присуство на претставници на повеќе институции со кои СВР Охрид, има континуирана соработка а се очекува и присуството на охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, кој со свое обраќање, на припадниците на СВР Охрид ќе им го честита празникот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.7 мај, денот на безбедноста и Ден на Македонската полиција, во охридската...

Продолжи со читање

Сончево и топло со температура до 21 степен

Post Views: 174 Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Mаксималната температура ќе достигне до 21 степен.Во следните три дена под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер. Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање. Во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат.фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Странските туристички водичи ја извртуваат македонската историја

Post Views: 230 Странски туристички водичи ја извртуваат македонската историја. Иако согласно  Законот за туризам, туристичките групи во земјава мора да бидат придружувани од локален водич, кој веродостојно би ги пренел историските и културните  приказни, странските агенции не го почитуваат.Уште на стартот на туристичката сезона во Охрид, деновиве за празниците се забележуваа групи странски туристи без локален водич, кои  ја раскажуваат својата верзија за историјата на Македонија. Зборуваат што сакаат за земјава, без никаква контрола и законски...

Продолжи со читање

На полноќ настапува молкот за двојните избори на 8 мај

Post Views: 326 Денеска е последниот ден од кампањата за вториот круг од претседателски избори и парламентарните избори на 8 мај. На полноќ настапува молкот, кој ќе заврши во среда, во 19 часот.Кампањата за претседателските избори започна веднаш по првиот круг од изборите, додека дваесетдневната кампања за парламентарните избори започна на 18 април.На вториот круг од претседателските избори гласачите ќе можат да се определат за Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ која во првиот круг од изборите на 24 април освои 363. 085 гласови, и Стево Пендаровски, кој...

Продолжи со читање