Автор: инфодеск
Post Views: 238 Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 21 степен.Во вторник, во Македонија, попладне ќе има локална појава на нестабилност, а во среда и четврток под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава ќе има пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер. Потоа условите за нестабилно време ќе се намалуваат, информираат од УХМР.фото: Ѓоко Симјаноски
Св. Великомаченик Георгиј Победоносец – Ѓурѓовден
Post Views: 292 Големиот црковен и народен празник посветен на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец маѓу народот познат како Ѓурѓовден спаѓа меѓу неподвижните празници или меѓу празниците со постојан датум. Секоја година се паѓа на 6 мај според новиот, или на 23 април според стариот календар. Ѓурѓовден е најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското туку и другото население.Светиот Великомаченик, Христовиот војник, Георгиј се нарекува ‘Победоносец’, бидејќи тој, со своите славни чудеса, им донел безброј победи на Христијаните. Храбро пострадал за...
Радожда полна со гости за празниците, угостителите очекуваат плодна туристичка сезона
Post Views: 417 На само десетина километри од Струга веднаш до албанската граница се наоѓа езерската убавица – Радожда. Сместено во падините на Јабланица, белите каскадно наредени куќички се огледуваат во Охридското езеро.Позната по чудесните изгрејсонца, велат тука магично се чувствува раѓањето на денот токму затоа го носи името Радожда. Во минатото земјоделско- рибарско, а денес туристичко село. Во рестораните најзастапени се рибните...
Владата одлучи да се врати старата цена на осигурувањето од автоодговорност
Post Views: 280 Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата со Предлог- измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица.-Усвоените измени и дополнувања од страна на Владата, се по предлог на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност при Министерството за финансии и со нив се утврдува опсег од 15% до 30%, во којшто друштвата за осигурување можат да го определат делот на премијата за вршење дејност на осигурување од автомобилска...
Националната комисија на УНЕСКО бара од Општина Охрид да ја достави документацијата за изградба на хотелот во „Горица
Post Views: 213 Националната комисија на УНЕСКО денеска одржа седница на која беше разгледана актуелната состојба со изградба на хотелски комплекс на туристичкиот локалитет „Горица“ во Охрид. Членовите на Комисијата донеле заклучоци со барања до Општина Охрид, како надлежен орган, за доставување на целокупната документација околу изградба на предметната локација.Како што соопштија од Министерството за култура, седницата се одржала на иницијатива на министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска.Министерката посочила дека со оглед на надлежноста и одговорноста што...
Велики петок – најтешкиот ден во христијанството
Post Views: 245 Денот кога Исус Христот бил распнат на крстот, Велики петок (Велипеток) се смета за најтажниот ден во христијанството и најтежок празник. Верата налага строг пост, само на вода, не се работи дури и не се готви храна. Се вели дека на овој ден не треба да се јаде, а камоли да се работи. а верниците треба да се воздржуваат од веселби и прослави. Во црквите се читаат извадоци од евангелијата кои ја опишуваат Страдалната недела на Исус.Велипеток е денот на Христовите страданија. Тие започнуваат уште ноќта, во Гетсиманија. Затоа гетсиманските настани ги вбројуваме...
Облачно и врнежливо со температура до 15 степени
Post Views: 188 Во Охрид денес променливо облачно време со локален дожд и максимална дневна температура до 15 степени. Ќе дува засилен западен ветер.Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, освен во недела кога ќе биде претежно стабилно и потопло. Утре ќе дува засилен северен ветер, информираат од УХМР. фото: Ѓоко Симјаноски
Охрид преполн со туристи за Велигденските празници
Post Views: 275 Охрид преполн со туристи за Велигденските празници. Огромен број странски и домашни туристи деновиве ги минуваат на брегот на Охридското Езеро. Голем дел од гостите пристигнаа од вчера на Први мај, а остануваат до недела или понеделник.Хотелските капацитети и приватното сместување бележат голема исполнетост.Најголем дел од гостите се од земјава, но и од соседните земји. Забележително е присуството на групи од Србија, Словенија, Турција, Полска.„Како што гледам од поранешна Југославија се најповеќето,...
Две мајки се истепале на ул. „Ванчо Питошески” поради кавга меѓу нивните деца
Post Views: 260 На 01.05.2024 во 14.50 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Ванчо Питошески” во Охрид, поради меѓусебно недоразбирање помеѓу две малолетни лица, нивните родители 36 и 35 годишни, двете од Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.фото: илустрација
Црногорец приведен во угостителски објект во Охрид
Post Views: 204 Денеска (02.05.2024) во 02.45 часот, во угостителски објект во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 20 годишно лице од Република Црна Гора затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.
Охриѓанец заработи кривична, ограбувал постари жени на улица
Post Views: 235 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво” и „тешка кражба на дрзок начин”.-Тој, на 28.03.2024 на улицата „Марко Нестороски” во Охрид турнал 84 годишна жена од Охрид и ѝ одзел чанта со пари и лични документи. Притоа, таа паднала и се здобила со тешки телесни повреди. Исто така, пријавениот на улица „Богомолска” на сличен начин од 65 – годишна жена одзел чанта со пари и лични документи, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан...
Започна исплатата на МојДДВ
Post Views: 767 Започна исплатата на повратот на ДДВ на граѓаните. Се работи за периодот јануари, февруари и март, односно првото тримесечје од 2024.Според Законот УЈП средствата треба да ги исплати во рок од 60 дена од завршувањето на тромесечието.Од јануари 2023 година се зголеми прагот на враќање на дел ДДВ-то изразено во фискалните сметки, од 1.800 денари за едно тромесечје, на 2.100 денари, односно граѓаните кои скенираат фискални сметки во едно тромесечје може да остварат максимален износ од 2.100 денари по корисник. За цела една година тоа се 8.400 денари по...
