Skip to main content

Автор: инфодеск

Стружани најавуваат протест за депонијата

Views: 103 Со герила акција стружани синоќа го изразија својот револт против  загадениот воздух но и проблемите со водоснабдувањето.Група активисти со видео прожектор  на општинската зграда испратија пораки….Струга се гуши, Нема воздух нема живот….Воздух или смрт…Сите се труеме…Беше прикажано и видео, велат градот секојдневно се гуши во чад од спалалените депонии. Претходно активистите од Струга побараа од надлежните институции да преземат итни мерки.„Секоја вечер во Струга се чувства истото. Мирис на запалена депонија....

Продолжи со читање

Паметна клупа поставена во дворот на охридската Гимназија

Views: 92  Во дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ поставена е паметна клупа „SB MINI” за трајно користење. Истата е отстапена од Општина Охрид, а добиена е како донација.– Потребите на младите бараат нови решенија кои имаат за цел да го олеснат нивното движење и да понудат брзи информации. Паметната клупа овозможува да се обезбеди енергија, поврзување и релевантни локални информации во движење, велат од гимназијата.

Продолжи со читање

Нов асфалт на неколку улици во градот

Views: 81 Согласно годишната програма за уредување на градежно земјиште на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид, деновиве се работи на неколку локации во градов.Нов асфалт е поставен на  крак  од улицата „Гоце Делчев“ со површина од околу  1 600м2.Надлежните служби на општината работат и во населба Воска, се асфалтираат три краци од улицата „Васил Стевоски“.

Продолжи со читање

Тепачка

Два случаи на физичко насилство во полицискиот билтен: кривични пријави за „Тешка телесна повреда“ и „Убиство во обид“

Views: 77 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 40 и 42-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Тешка телесна повреда“.  На  22.09.2025 година во 16 часот кај автокампот „Андон Дуков“ во Охрид, настанала вербална расправија помеѓу пријавените и 70-годишно лице од Охрид по што, пријавените физички и со повеќе други предмети, го нападнале кој набрзо, со возило на Итната медицинска помош бил префрлен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По извршениот увид, од местото на настанот пронајдени и одземени се два ножа, една пента и едно дрвено весло а...

Продолжи со читање

Ценовник за платено политичко рекламирање на портал ТВМ за Локални избори 2025

Views: 117 Портал „ТВМ“ (www.tvm.mk) го објавува ценовникот за платено политичко рекламирање за спроведување на избори за членови на советите на општините и советот на град Скопје и за градоначалници на  општините и градоначалник на град Скопје за 2025 година.Ценовникот е ист за сите учесници во изборниот процес и има цел да обезбеди фер и еднакви услови за промоција на програмите на политичките партии и кандидати.

Продолжи со читање

Со „Реквием“ од Волфганг Амадеус Моцарт под диригентство на Џанлука Мартиненги се отвора новата сезона на НОБ

Views: 80 Националната опера и балет ќе ја отвори новата сезона 2025/2026 со едно од најмоќните и најемотивни ремек-дела во историјата на класичната музика – „Реквием“ од Волфганг Амадеус Моцарт на 3 октомври со почеток во 20.00 ч.Под диригентската палка на истакнатиот италијански диригент, Џанлука Мартиненги, македонската публика ќе има можност да присуствува на извонредна изведба на дело што ја отсликува генијалноста, длабочината и духовната сила на Моцарт.Во солистичката постава ќе настапат: Биљана Јосифов (сопран), Николина Јаневска (мецосопран), Јане Дунимаглоски (тенор) и...

Продолжи со читање

Почина ѕвездата на Пинк Пантер, италијанската филмска икона Клаудија Кардинале

Views: 77 Клаудија Кардинале, водечка дама на италијанското кино во 1960-те, чијашто бурна убавина ја славеа филмските режисери Лучино Висконти, Серџо Леоне и Федерико Фелини, почина во Немурс, Франција на 87 години.Нејзиниот агент, Лоран Саври, во вторникот ја потврди смртта на Агенцијата Франција-Прес. Причината не беше објавена. Кардинале живееше во Немурс, јужно од Париз, во последните години.Кардинале, која исто така глумеше во голем број холивудски филмови, вклучувајќи го комичниот класик на Блејк Едвардс „Пинк Пантер“, се појави во повеќе од 150 филмови за време на нејзината...

Продолжи со читање

Преподобна Теодора

Views: 60 Од Александрија, жена на млад маж. Наговорена од некоја бајачка, таа изврши прељуба со друг човек. И веднаш совеста почна луто да ја гризе. Си ја исече косата и се облече во машка облека, па стапи во машкиот манастир Октодекат под машкото име Теодор. Нејзиниот труд, пост, бдеење, понизноста и плачното покајание ги восхитуваа сите браќа. Наклеветена од некоја блудна девица дека е од неа обесчестена и забременила, Теодора не сакаше да се оправдува, сметајќи го тоа како казна Божја за својот поранешен грев. Избркана од манастирот, таа седум години помина пребивајќи по шуми и...

Продолжи со читање