Автор: инфодеск
Views: 68 Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Од УХМР информираат дека во четврток попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од петок под влијание на серија влажни воздушни маси времето ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни. Дневната температура значително ќе опадне, особено во деновите од викендот и почетокот на следната седмица.Во Охрид денес минамлните температури од 12, а максималните до 28 степени Целзиусови.
Свикана шеесет и втората седница на Советот на Општина Охрид
Views: 97 Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ШЕЕСЕТ И ВТОРАТА СЕДНИЦАНА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИДЈА СВИКУВАМ шеесет и втората седница на Советот на општина Охрид на ден 29.09.2025 година (понеделник) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата го предлагам...
ДИК ги потврди и објави кандидатските листи за локалните избори
Views: 189 Државната изборна комисија ги потврди листите на кандидати за градоначалници и листите за советници за локалните избори кои ќе се одржат на 19ти октомври. Утре ќе се одржи ждрепката за утврдување на редоследот на единствената листа на кандидати односно на гласачкото ливче.Според статистиката добиена во Државната изборна комисија, вкупно потврдени листи за градоначалник на општините и Градот Скопје се 303 а за членови на советите на општините и советот на Град Скопје се потврдени вкупно 558 листи.Сите потврдени кандидатски листи ТУКА.За Охрид потврдени се 4...
32 кривични пријави во врска со пожари на отворен простор, лишени од слобода 56 лица
Views: 171 Министерството за внатрешни работи ве известува дека од 01.04.2025 до 23.09.2025 година, регистрирани се вкупно 2.012 пожари на отворен простор, при што приведени се вкупно 56 лица, а по преземени мерки поднесени се 32 кривични пријави.Најголемиот број на настанати пожари е утврдено дека се предизвикани од човечки фактор, со различни мотиви и се преземаат мерки и активности за расчистување на случаите и откривање на нивна евентуална меѓусебна поврзаност.Воедно ве известуваме дека од 01.07.2025 година, откако е воведена забрана за движење во шуми, до 23.09.2025 без...
Во сообраќајна несреќа на ул.„7 Ноември” тешко повредени две лица
Views: 54 На 22.09.2025 во 18:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„7 Ноември” во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од осумнаесетгодишник од Охрид и патничко возило „ауди” со охридски регистарски ознаки, управувано од 23 годишно лице од селото Велгошти, охридско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот и неговата сопатничка, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо”, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Директори на вселенски камп на НАСА и експерт за дигитално образование при Европската комисија ќе говорат на 7-та „ЕдуКонференција“ во Струга
Views: 78 Вештачката интелигенција и технологијата во образованието ќе бидат во фокус на седмото издание на една од најголемите и највлијателните образовни конференции во Македонија, „ЕдуКонференција25“, која ќе се одржи на 27 и 28 септември во хотелот „Дрим“ во Струга. Георги Димитров, раководител на одделението „Дигитално Образование“ при Европската комисија ќе биде главен говорник и официјално ќе ја отвори конференцијата. Специјални гости ќе бидат Емре Едај и Риза Толга Јилдирим, директори на вселенскиот камп на НАСА во Турција, но ќе говорат и повеќе од 20 професионалци од земјава и...
„Приказната за Силјан“ на Котевска – прв македонски филм на National Geographic
Views: 105 „Приказната за Силјан“, најновото дело на режисерката Тамара Котевска, е откупено од National Geographic Documentary Films, една од најпрестижните светски куќи за документаристика.За прв пат македонски филм влегува во глобалниот каталог на National Geographic, што значи дека ќе биде достапен на публиката во над 170 земји преку мрежата на National Geographic, Disney+ и Hulu, со силна фестивалска и маркетинг поддршка.Во срцето на рурална Северна Македонија, Никола, земјоделец кој се бори со суровата реалност на новите владини политики, спасува ранет бел штрк од депонија,...
Сончево и топло со температура до 27 степени
Views: 64 Во Охрид времето денес сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе достигне 27 степени.До среда ќе се задржи претежно сончево и топло време за овој период од годината. Од четврток попладне следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во петок врнежите ќе бидат проследени со локална појава на грмежи, а ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Дневната температура ќе биде во опаѓање, особено во деновите од викендот.фото: Ѓоко Симјаноски









