Автор: инфодеск
Post Views: 221 Времето денеска во Охрид ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 21 степени.Во Македонија сончево и топло со мала до умерена облачност, а во источните делови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната од 19 до 27 степени.За утре синоптичарите најавуваат изолирана, а во четврток на повеќе места и нестабилна облачност со пороен дожд и...
Утре народен собир на Левица во Охрид
Post Views: 207 Утре ( 30.04.2024 ) партијата Левица ќе одржи народен собир во Центар за култура „Григор Прличев’’ Охрид со почеток од 19:30 часот.Свое обраќање ќе имаат Претседателот на Левица Димитар Апасиев и носителката на листата на кандидати за пратеници во Изборна единица 5 и Генерален секретар на Левица, Јована Мојсоска.
Димитриевски од Охрид: Ќе се залагаме за бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот
Post Views: 212 Дефинитивно се потврдува тоа што го кажаа граѓаните во првиот круг од претседателските избори дека се роди нова политичка сила во Македонија и повеќе од јасно е дека никогаш повеќе нештата нема да бидат исти во државата, порача претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски од Охрид.„ Граѓаните го имаат ЗНАМ и ЗНАМ ги има граѓаните. Ние сме мал политички субјект , со многу мал број на членови успеавме да освоиме голем број на гласови, очекуваме уште поголема поддршка од граѓаните на парламентарните избори, а со тоа и да се етаблира третата политичка опција во...
Пендаровски од Охрид: Бројот 1 е рецептот за успех на државата, сѐ друго е рецепт за продолжена агонија
Post Views: 194 Стево Пендаровски, кандидатот за претседател на СДСМ во рамки на кампањата пред вториот круг од претседателските избори вечерва имаше средба со граѓани на Охрид, пред кои зборуваше за концептот за кој се залага и ја бара нивната доверба, за европската иднина на земјата.„Мојот концепт за Македонија во која сите сме рамноправни и во која нема делби кои се намерно вештачки продуцирани од партијата на власт како во нивно време, и меѓу Македонците и меѓу различните етнички заедници е Македонија за која верувам дека сите вие ќе дадете поддршка на 8ми мај со...
Давкова од Вевчани: Народот не можете да го излажете!
Post Views: 359 Вевчани е гордо! Таа гордост, вие вевчанци, ја пренесувате низ генерациите. Вевчанската република е далеку попристојна држава од македонската, бидејќи тука не ги оставаат граѓаните без продолжен пасош, рече кандидатката за претседател на коалицијата преводена од ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјаноска Давкова која викендов од вевчанци синоќа доби пасош.Во своето обраќање од Вевчани, -Давкова порача: „Народот не можете да го излажете! Луѓе кои менуваат ставови секој ден, забораваат не само на своето достоинство, туку на достоинството и гордоста на државата!...
Велигденски украси за најмладите го разубавија плоштадот во Охрид
Post Views: 208 Денеска на плоштадот Свети Климент Охридски бeше поставено велигденско украсно јајце со христијанскиот поздрав Христос Воскресе, две дрвени клупи и други реквизити наменети за најмладите .Украсите се дело на академскиоит скулптор Зорица Азеска Спасеска, професорка по ликовно образование во ООУ Ванчо Николески од Лескоец.Локалната самоуправа, секоја година ќе обезбедува нови реквизити и украси кои ќе го красат градот за време на Велигденските празници. Целта е секој кој ќе се фотографира пред наведените украси со себе да понесе...
Дизелот и Еуросупер БС 98 поевтинуваат од полноќ
Post Views: 228 Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се намалуваат за 0,50 денaри по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе биде 89,50 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 75,50, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 75,50 денари.За 2,107 денари поскапува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе лини 46,661 денари.
Предвелигденска „Импровокација“
Post Views: 430 Актерите од Охридскиот театар, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура и Никола Јосифоски ветуваат уште едно незаборавно шоу.Карти може да се резервираат на телефонскиот број 075/283-066.
Охрид СОС: Од авион се гледат!
Post Views: 292 Фотографии направени од авион покажуваат од колкави размери е загадувањето на Охридското езеро на потегот каде се влева реката Сатеска. Фотографиите на Фејсбук ги објави граѓанската платформа Охрид СОС.„Овој пат буквално, две снимки од авион, кои го илустрираат загадувањето на Охридското Езеро од реката Сатеска. Оваа перспектива дава појасна слика на проблемот кој трае со децении, од пренасочувањето на речниот тек во езерото. Најголем дел од притоките, за жал, се загадени, и сите тие наноси завршуваат директно во езерото. Институциите, по навика, не...
Предвремена исплата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за април во пресрет на Велигденските празници
Post Views: 299 На 02 МАЈ 2024 ќе започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец Април 2024 година.Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од 02 Мај 2024 година.Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во сите отворени филијали и експозитури на банките,...
Страдална или Страстна седмица
Post Views: 252 Последната седмица пред Велигден е Страдална или Страстна седмица. Страдалната седмица ја претставува последната седмица од Христовиот живот на земјава, неговите страдања, смртта и погребението.Сите денови од Страдалната седмица се нарекуваат „Велики“, заради величието на настаните што се празнуваат во тие дни. Тоа се најтешките денови и најисполнети со молитви и богослужби. Во првите три дена (Велики понеделник, Велики вторник и Велика среда) низ богослуженијата, верниците се подготвуваат за сеќавањата на Христовите страдања. Трите дена се посветени на...
Сообраќајна несреќа на магистралниот пат Охрид-Ресен
Post Views: 201 На 28.04.2024 година во 13:40 часот, на крстосница на магистралниот пат Охрид-Ресен со локалниот пат за селото Завој, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките автомобили „Сеат Леон” со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од 31 годишно лице од селото Бегниште, општина Кавадарци и „Опел Корса” со ресенски регистарски ознаки, што го управувала 45 годишна жена од Ресен.-Притоа, со тешки телесни повреди, се здобил малолетен сопатник во второто возило додека возачот на истото возило, се здобила со телесни повреди, констатирани во...