Skip to main content

Автор: инфодеск

Прекин вода

Утре „Кеј Македонија“ , „Партизанска“ и „АСНОМ“ повеќе часа без вода, ќе се изведува поголем технички зафат

Views: 95 Поради изведување на поголем технички зафат во кругот на средното угостителско училиште, на ден 23.09.2025 година (Вторник), од 08:30 часот повеќе часа без вода ќе бидат корисниците на дел од улиците: „Кеј Македонија“ , „Партизанска“ и „АСНОМ“, информираат од ЈП Водовод.

Продолжи со читање

Променета локацијата на 7 избирачки места за претстојните локални избори (дополнето)

Views: 58 Општинска изборна комисија Охрид со известување за промена на локации на гласачки места за претстојните локални избори. Според известувањето променета е локацијата на 7 избирачки места на територијата на Општина Охрид.Избирачките места 1254, 1254/1 и 1264/1 од Градски пазар – Нов објект се префрлени во О.С.У. „Св. Кирил и Методиј“ – Средно економско училиште.Избирачкото место 1264 од МЗ – Кошишта е префрлено во О.С.У. „Св. Кирил и Методиј“ – Средно економско училиште.Избирачкото место 1267 од приватен објект на ул. Железничка е префрлено во О.У. „Кочо Рацин“ –...

Продолжи со читање

Нестандардните диви депонии го загадуваат брегот на Охридското Езеро

Views: 68 И охриѓани и стружани мака мачат со нестандардните депонии. Под притисок на собраниот метан, депонијата Буково подолг период е во спалена состојба и секојдневно го загадува воздухот.  Активистите алармираат, велат населението е изложено на хронично труење.Планот на општината е да се обезбеди постојан надзор, оградување и трупање со земја како дел од процесот за нејзино затворање.–Општината обезбеди средства од 50.000 евра за спроведување на  подготвување на документација со која што ќе може да ги направи тие така наречени градежни активности и да ги направи...

Продолжи со читање

Апел за помош за Суарет Алишан, за да се открие точната дијагноза потребни се 5000 евра

Views: 152 Суарет Алишан e човек кој целиот свој живот го посвети на поддршка на децата без родители, лицата со оштетен вид, и сите на кои им беше потребна помош, а денес е во борба за сопствениот живот.На Суарет му е откриен тумор со непознато потекло. Поради ризик при анестезија, хируршка интервенција моментално не е изводлива, а без точна дијагноза не може да се започне со адекватен третман.Неопходна е итна анализа – течна биопсија – која може да се направи во акредитирани лаборатории во Швајцарија и Норвешка. Цената за овие анализи изнесува 5.000 евра. Оваа дијагноза е клучна...

Продолжи со читање

Ценовник за платено политичко рекламирање на портал ТВМ за Локални избори 2025

Views: 84 Портал „ТВМ“ (www.tvm.mk) го објавува ценовникот за платено политичко рекламирање за спроведување на избори за членови на советите на општините и советот на град Скопје и за градоначалници на  општините и градоначалник на град Скопје за 2025 година.Ценовникот е ист за сите учесници во изборниот процес и има цел да обезбеди фер и еднакви услови за промоција на програмите на политичките партии и кандидати.

Продолжи со читање

Променета локацијата на 7 избирачки места за претстојните локални избори

Views: 116 Општинска изборна комисија Охрид со известување за промена на локации на гласачки места за претстојните локални избори. Според известувањето променета е локацијата на 7 избирачки места на територијата на Општина Охрид.Избирачките места 1254, 1254/1 и 1264/1 од Градски пазар- Нов објект се префрлени во О.С.У. „Св. Кирил и Методиј“ – Средно економско училиште.Избирачкото место 1264 од МЗ – Кошишта е префрлено во О.С.У. „Св. Кирил и Методиј“ – Средно економско училиште.Избирачкото место 1267 од приватен објект на ул. Железничка е префрлено во О.У. „Кочо Рацин“ –...

Продолжи со читање

Охрид има капацитет за спелеолошки туризам

Views: 67 Мистериозните пештери на Галичица да станат  туристичка атракција. Охрид има капацитет и треба да развива спелеолошки туризам, сугерираат експертите.На планината  има над 40  пештери, но само една беше  мапирана и туристички валоризирана, за посета на гости,  пештерата „Саматска дупка” ,  која со години е  затворена и недостапна за разглед на туристите.  Пештерите треба  да бидат мапирани и безбедни, и  да станат дел од туристичката понуда  на градот Охрид.„ Еве да се имаме еден мал пример како...

Продолжи со читање

Заврши VIII Меѓународна колонија во Трпејца

Views: 62 По петдневна активна работа во Трпејца, денеска беше заокружено осмото издание на Меѓународната уметничка колонија ТРПЕЈЦА 2025 во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ а под покровителство на Општина Охрид.Годинава заедно во преубавиот природен амбиент околу Подрачното ООУ „Наум Охридски“ твореа уметниците: Мелани Димитровска, Розе Мартиноска, гостите од Германија Сајмон Рехрауер, Паула Ројс, Наташа Попоска – Карче и Ѓоко Симјаноски.Еден ден уметниците поминаа во друштво со децата од Трпејца на кои им ги открија основните техники во сликањето и...

Продолжи со читање