Skip to main content

Автор: инфодеск

Вечерва се отвора изложбата ПЕРИФЕРИИ на дела од меѓународни уметници, инспирирани од Охридското Езеро и неговите жители

Post Views: 284 Во Галеријата при Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, од 25-ти до 27-ми април 2024 година ќе биде поставена групна изложба на дела од осуммина меѓународни уметници, инспирирани од Охридското Езеро и неговите жители.Осуммина меѓународни уметници престојуваа во Охрид во април 2024 година како дел од проектот ПРОСПЕР: Прототип за одржливи резиденции на периферии. За време на престојот тие се сплотија со околината и остварија интеракција со природата и со урбаното опкружување околу Езерото.-Идејата на резиденцијата беше да се инспирираат уметниците...

Продолжи со читање

Велигденски концерт на НУ „Охридско лето” со женскиот хор „Менада”

Post Views: 257 Во организација на НУ „Охридско лето”, а по повод големиот верски празник Велигден, ќе се одржи Велигденски концерт на православна духовна музика со женскиот хор „Менада” од Тетово под диригенската палка на професор Ивица Зориќ.„Со овој концерт заокружуваме програмата која веќе трета година ја реализираме надвор од традиционалната фестивалска рамка 12 јули- 20 август. Имавме прекрасни концерти преку цела година со кои ја потврдивме големината на долгогодишното опстојување на оваа најзначајна културно-сценска...

Продолжи со читање

Силјановска-Давкова со предност од над 180 илјади гласови повеќе во однос на својот противкандидат Пендаровски

Post Views: 261 Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Македонија повторно твоја и Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, влегуваат во вториот круг од претседателските избори.Силјановска- Давкова има 362.682 (40,08%) гласови по обработени 99% од гласачките ливчиња , додека Стево Пендаровски има 180.306 (19,93%) гласови.На вчерашниот прв круг од изборите, Сиљановска Давкова, победи во 60 општини во државата, а Пендаrовски освои најмногу гласови во 3, Бујар Османи од ДУИ во 15, а Арбен Таравари од Вреди и Максим...

Продолжи со читање

Првични неофицијални резултати ДИК: Силјановска-Давкова 39%, Пендаровски 19%

Post Views: 274 Првичните нецелосни резултати од деншниот прв круг претседателски избори покажуваат голема предност на каднидатката Гордана Силјановска-Давкова пред актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски.Од она што како резултати е објавено на интернет страната на ДИК , од обработени 71% од избирачките места, во водство е кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова со освоени 39% од гласовите пред кандидатот н Стево Пендаровски кој има 19%.Следуваат кандидатот Бујар Османи со 14,58%, Арбен Таравари со 10,49%, Максим Димитриевски со 8,42%, Билјана...

Продолжи со читање

Кандидатите за Претседател упатија пораки до граѓаните откако го остварија своето гласачко право

Post Views: 238 Седуммината кандидати за претседател на државата денеска го остварија своето право на глас, по што дадоа изјави во кои упатија пораки до граѓаните по првиот круг од претседателските избори.Кандидатот на СДСМ и Колаицијата за европска иднина, Стево Пендаровски истакна дека очекува мирен изборен процес и на 8 мај кога ќе се одржат вториот круг на претседателските и парламентарните избори.„Тоа е исклучително важно, не толку за индивидуалните кариери на секој од нас кандидатите кои сме на овие претседателски избори, тоа е исклучително важно за целата...

Продолжи со читање

Мирен изборен ден во Струга, излезност до 15 часот од 23%

Post Views: 336 Во општина Струга гласањето се одвива тековно , без поголеми технички проблеми и без нарушувања на процесот. До ОИК е поднесена една жалба од лице кое не било на избирачкиот список, информира Претседателот на ОИК, Минир Жута и тоа е доставено до ДИК на одлучување.Во Општина Струга се гласа на 101 избирачко место, а право на глас имаат 61 496 граѓани. Излезноста до 15 часот е 23 %.Гласањето и во општина Вевчани се одвива непречено и во најдобар ред. Имало неколку приговори од граѓани кои не биле на избирачкиот список по кои се постапува, информира...

Продолжи со читање

Во општина Дебрца гласањето тече без проблеми, излезноста до 15 часот е 38,52 %

Post Views: 221 Во Општина Дебрца гласањето на претседателските избори се одвива непречено. На 23 гласачки места до 15 часот гласале 1.517 граѓани или 38,52 % од вкупно запишани 3938 лица во избирачкиот список од оваа општина.Климе Сарафиноски претседател на ОИК Дебрца информира дека освен две пријави од лица кои не биле на избирачкиот список, нема други неправилности или проблеми во изборниот процес.

Продолжи со читање

Охрид го чествува големиот револуционер Христо Узунов

Post Views: 308 Делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Кирил Пецаков денеска положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на големиот охридски револуционер Христо Узунов во градскиот парк.Цвеќе положија и здруженија на граѓани, претставници на институции и политички партии.Во рамки на чествувањата по повод годишнината од херојската погибија на Христо Узунов, деновиве и ООУ „Христо Узунов“  го одбележа патрониот празник со богата културно уметничка програма.

Продолжи со читање

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Post Views: 194 На 24.04.2024 година во 12.15 часот, во СВР Охрид приведено е 48 годишно лице од Охрид, затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање

ОИК: Гласањето во Охрид без нарушувања, излезноста до 13 часот е 23,82 %

Post Views: 306 Гласањето во првиот круг од претседателските избори во Охрид се одвива непречено, во мирна и демократска атмосфера. Не се регистрирани нарушувања на изборниот процес. Нема проблеми и од техничка природа, вели Предраг Васојевиќ, заменик претседател на ОИК Охрид.„ Имаме едно барање, една жалба до ДИК за лице кое не е пронајдено на избирачкиот список. Меѓутоа оваа година со апликација ДИК го има тоа решено. Ние пополнуваме податоции прикачуваме на интернет копија од лична карта одс лицето и пуштаме на понатамошно одлучување во Дик. Во разумен рок од ДИК...

Продолжи со читање

МВР и денеска ќе издава лични документи до 19 часот

Post Views: 381 МВР информира дека сите граѓани кои имаат поднесено барање за нови лични карти и кои им се готови истите ќе може и денеска да ги подигнат.Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Продолжи со читање

Давид Крстески освои бронзен медал на Европското Таеквон-до ИТФ првенство

Post Views: 439 Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024 година, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство во Копер, Словенија.На првенството учествуваа над 1.000 натпреварувачи од 34 земји, а боите на Република Македонија ги бранеа шест натпреварувачи.– Во преголема конкуренција доминираа големите репрезентации, но и пристрасноста на судиите во нивна корист. Ова беше најтешкото Европско првенство на кое имаме учествувано, каде од старт бевме оштетени од ждрепките, без право на приговор и корекција. Давид...

Продолжи со читање