Skip to main content

Автор: инфодеск

Во болницата „Свети Еразмо“ успешно изведена хируршка реконструкција на дефект на главата со РММА имплант

Views: 56 Од ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ информираат дека успешно извршиле хируршка реконструкција на дефект на левата челно-слепоочна регија од главата кај 26-годишен пациент повреден пред 3 години во странство, каде првично му била пружена прва помош која што се состоеше и во отстранување на интракранијално крвавење.-На приемот во нашата болница имаше знаци за инфекција на претходно извршената оперативна интервенеција на главата, по што се донесе одлука за отстранување на коскениот капак за санација на инфекцијата. По резолуција на...

Продолжи со читање

Означен почетокот на Турнирот со огнено оружје „Гранд При Лихнидос 2025“

Views: 100 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денес го означи почетокот на Турнирот со огнено оружје „Гранд При Лихнидос 2025“.-Меѓународниот турнир во стрелање со огнено оружје е симбол на нашата посветеност кон развојот, промоцијата и унапредувањето на стрелачкиот спорт во Охрид. Нашиот град има богата традиција и се гордее со истакнати стрелци кои постигнале забележителни резултати, како на национално, така и на меѓународно ниво. Особено не радува фактот што се појавуваат нови, млади генерации на стрелци, кои се талентирани и амбициозни и од кои очекуваме големи спортски...

Продолжи со читање

Манастир Калишта

Денес и утре посебен сообраќаен режим па патот кон манастирот во струшко Калишта

Views: 88  За време на одржувањето на големиот православен празник „Рождество на Пресвета Богородица“ (Мала Богородица), денес и утре ОВР Струга ќе спроведе посебен сообраќаен режим.Денес, 20-ти септември 2025 година, од 18:00 часот, па се’ до завршување на предвидените верски церемонии, сообраќајот за влезот кон манастирот ќе се одвива преку магистралниот пат А-2 Струга-Ќафасан со исклучување кај селото Франгово по локалниот пат до хотел „Изгрев“ односно до манастирот, а за излез од манастирот кон Струга, сообраќајот ќе се одвива по регионалниот пат Р-1208, Радожда-Струга преку селото...

Продолжи со читање

Трпејца

Сончево со максимални дневни температури до 27 степени Целзиусови

Views: 68 Утрото ведро и посвежо, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.Од УХМР информираат дека за време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе се задржи сончево и топло време со постепен пораст на температурата на воздухот. Потоа ќе настапи зголемување на облачноста.Денешните минимални температури во Охрид од 12, а максималните до 27 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Промовирана книгата „Шарени дијаманти“ од Наум Трајчески

Views: 71 Во рамките на своите редовни промотивни активности и поддршка на роднокрајните автори, вчера во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беше промовирана седмата стихозбирка на поетот Наум Трајчески „ Шарени дијаманти“.Книгата е во издание на Агенцијата за иселеништво а по тој повод на промоцијата присуствуваа директорот на агенцијата Горан Ангелов и Билјана Костова, раководител на секторот за културен развој на иселениците.Директорот Ангелов потсети дека стихозбирката ,,Одминато време“ издадена во 2017 година на Наум Трајчески му го донесе досега...

Продолжи со читање

Охридските гимназијалци на камп на иновации „Зелена младина – зелен раст“

Views: 109 Под мотото „Младите се двигатели на одржливиот развој“ се одржа иновативниот камп кој имаше за цел да ја поттикне креативноста, знаењето и активното учество на младите во создавање решенија за позелена иднина.Кампот беше наменет за млади луѓе со идеи, ентузијазам и желба за позитивни промени. Како што информираат од охридската Гимназија, во текот на неколкудневната програма, учесниците имаа можност да работат во тимови на развој на зелени иновативни проекти, да следат работилници и предавања од експерти за одржлив развој, екологија и претприемништво, да се вмрежат со млади...

Продолжи со читање

Во недела во Струга ќе се одржи ревија на народни носии „Од ризниците на ансамблите“

Views: 150 Во недела, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи годинашната Ревија на народни носии насловена „Од ризниците на ансамблите“, а во организација на културно уметничкото друштво „Илинден“.– На сцената во Центарот за култура ќе продефилираат пет реномирани ансамбли, кои во своите депоа чуваат и на сцената користат автентични и оригинални народни носии, вброени во носии од прва категорија, што е голема реткост на македонската фолклорна сцена. Покрај народните носии, публиката ќе има пожност да проследи и сценски настапи на друштвата, вели Љупчо...

Продолжи со читање

Прекин вода

Прекин во водоснабдувањето во Љубаништа и на улиците „Асном”, „Сирма Војвода” и „Карпош Војвода”

Views: 77 Поради два одделни настанати дефекти, прекин во водоснабдувањето има во с.Љубаништа и на улиците: „Асном”, „Сирма Војвода” и „Карпош Војвода”.Екипи на ЈП Водовод – Охрид се на терен до целосно завршување со санациите.

Продолжи со читање