Автор: инфодеск
Post Views: 314 “Госпоѓа Министерка” од Бранислав Нушиќ, во режија на Благој Мицевски е новата претстава во продукција на Народен Театар Охрид/НУЦК „Григор Прличев” – Охрид.Претпремиерата на претставата е закажана за петок, 26.04.2024 г, со почеток во 20:00 часот, во малата сала при охридскиот Центар за култура. Во сабота, на 27.04.2024, со почеток во 20:00 часот, ќе се одигра премиерата.Играат: Биљана Билаловиќ Вељаноска, Горан Стојаноски, Павел Маслов, Никола Тодороски, Ивица Цонев и Филип Кипровски.Дизајн и избор на музика: Благој...
Во Охрид сите избирачки места се отворени навреме, гласањето се одвива непречено
Post Views: 319 Според информациите од ОИК Охрид, во 7 часот се отворени сите 87 избирачки места. Граѓаните без проблеми го остваруваат своето право на глас на седмите по ред претседателски избори. Во главниот избирачки список за претседателските избори во Охрид се запишани вкупно 51.717 избирачи.Во Општина Струга се гласа на 101 избирачко место, а право на глас имаат 61 496 граѓани.Во Општина Дебрца навреме се отворени сите 23 гласачки места во Општината, а гласањето се одвива непречено, информираат од ОИК Дебрца. Во Дебрца право на глас имат вкупно 3938 лица.Во...
Гласањето на првиот круг претседателски избори се одвива тековно без проблеми
Post Views: 274 Македонија гласа на првиот круг претседателски избори. Сите избирачки места во 80 општини утрово беа отворени во 7 часот и гласањето се одвива тековно. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.317 гласачи.Излезноста до 9 часот на првиот круг претседателски избори е 3,85%, соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски на првата прес-конференција. Од отворањето на гласачките места, до 9 часот гласале 25.744 гласачи.– Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право кои се на...
Минималната синдикална кошница за април изнесува 60.212 денари
Post Views: 317 Минималната синдикална кошница за април изнесува 60.212 денари и е за 1.214 денари повисока отколку во март годинава кога беше 58.998 денари.Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак, изнесува 75.587 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 22.200 денари или 36,9 отсто, за облека и обувки 4.866 денари, односно 8,1 отсто, за станарина, вода, електрична енергија, и греење 6.014 денари или 10 отсто, за лична хигиена и...
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април
Post Views: 273 Управата за јавни приходи соопшти дека пропишаниот рок за поднесување на Пријавите за данокот на додадена вредност “ДДВ–04“ кој истекува на 25 април 2024 година, се продолжува за еден ден, односно, краен рок за поднесување на пријавите ДДВ – 04, ќе се смета 26 април 2024 година.Како што појаснуваат од УЈП, рокот се продолжува согласно одлуката на Владата, со која 24 април 2024 година (среда) се прогласува за неработен ден за сите граѓани.
Државниот пазарен инспекторат ги потсетува работодавачите дека утре е неработен ден, најавува контроли
Post Views: 279 Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавачи дека согласно Заклучокот на Техничката Влада на Република Северна Македонија донесен на Шестнаесеттата седница одржана на 16 април 2024 година, деновите 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) се неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија.–Работодавачите во наведените денови не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние работодавачи каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат. За наведените денови Државниот пазарен...
Ќе се прави супервештачење за случајот со родилката од Дебар
Post Views: 383 Поради неусогласување на двете спротивставени вештачења, едното изготвено од Институтот за судска медицина, а другото од одбраната од технички советник, за случајот со родилката од Дебар, која по породувањето остана без три органи, судот издаде наредба да се прави супервештачење.На денешното рочиште беа сослушани вештаците од Судска медицина и техничкиот советник на одбраната. Наспроти тврдењето на техничкиот советник Драге Дабески дека лекарите немаат одговорност, вештаците од судска медицина останаа на ставот дека...
IQOS караванот пристигна во Струга
Post Views: 320 Новата генерација IQOS ILUMA уреди со револуционерната технологија на индукциско загревање, без сечило и без потреба од чистење може да се набават на новата локација на IQOS караванот, моментно лоциран во Струга. Караванот е поставен на кејот Борис Кидрич, во близина на Мостот на Поезијата, а работното време е од понеделник до сабота, од 10 до 22 часот.На оваа привремена локација, сите полнолетни пушачи ќе можат да се запознаат со IQOS уредите и да дознаат повеќе за нив и за напредната технологија на индукциско загревање, купување...
Велигденски базар на плоштад Крушевска република на 30-ти април
Post Views: 317 Општина Охрид во соработка со ЈП „Градски пазар“ на 30.04.2024 година (вторник) ќе го организира традиционалниот „Велигденски базар“.Покрај продажно-изложбениот дел, во рамки на програмата предвидена е и културно-уметничка програма на која ќе настапат КУД „Ѓердан од бисери“, „КУД „Ѓердан“; КУД „Отекс“,; КУД „Фаланга“ и КУД „Филиграни“.На базарот ќе земат учество сите заинтересирани фирми, занаетчии, слаткари, пекари, уметници, производители на охридски и македонски традиционални јадења и др.Велигденскиот базар и оваа...
ДИК објави Упатство за гласање на претседателските избори
Post Views: 287 Во пресрет на утрешното одржување на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство за гласање. Упатството е достапно на македонски, албански, турски, српски, ромски и влашки јазик.Во продолжение е целосното упатство на ДИК за гласање на претседателските избори:Гласањето се врши лично на гласачките места во Република Северна Македонија и во ДКП/КК.2. Избирачкиот одбор на гласачите им го објаснува начинот на гласање и им овозможува да гласаат.3. Гласачот може само...
Саем за образование и кариера во четврток во Младински Центар Охрид
Post Views: 202 Саемот за образование и кариера, во организација на Младински Центар Охрид ќе се одржи овој четврток, 25 април 2024 година, во Касарна Охрид.Саемот ќе започне од 12:00 часот и истиот официјално ќе биде отворен од Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.На овој Саем ќе присуствуваат и ќе ги презентираат нивните програми и можности за учење 5 средни училишта и 11 високообразовни институции. Дополнително предвидено е да има кариерно советување од страна на лиценцирани кариерни советници.Настанот е насочен кон идните средношколци и студенти и...
ЦУК апелира за внимателност поради најавените метеоролошки промени
Post Views: 317 Центарот за управување со кризи (ЦУК) изутринава апелира за внимателност поради најавените метеоролошки промени со дожд, умерен ветер и со снег на повисоките места. Кога се оди со возило на планините, препорачливо е да се има полн резервоар гориво и да се внимава на лизгавоста и проодноста на патот.Во реон на автопатот A2 Кичево-Охрид, што е во изградба, во период од 12 до 16 часот ако се слушнат силни детонации, граѓаните да не се вознемируваат, ќе се извршат во повеќе наврати минирања на теренот, информираат од ЦУК.