Автор: инфодеск
Views: 78 Голема полициска акција од синоќа се спроведува во Берово, Пехчево и Делчево. Според некои медиуми се работи за разбивање на организирана криминална група која со години наназад вршела нелегална сеча на шуми, злоупотреба на службена положба, примање и давање поткуп, како и други тешки дела против животната средина.Неофицијалните информации откриваат дека меѓу приведените се актуелен директор на ЈП „Македонски шуми“, началник во полицијата, повеќе полициски службеници, шумски полицајци, службено лице од подрачна единица на Министерството за земјоделие, како и сопственици на...
Викендов ќе се одбележи празникот Мала Богородица во манастирот во Калишта, бродовите „Александрија“ ќе пловат по симболична цена
Views: 172 Годинава, традиционално во манастирот „Пресвета Богородица“ во струшкото село Калишта ќе се одбележи големиот христијанскиот празник „Рождество на Пресвета Богородица“.Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони. По повод празникот, бродовите „Александрија 1“ и „Александрија 2“, во...
Вечерва ќе се одржат 37. Охридски староградски средби
Views: 88 Вечерва со почеток во 19 часот во големата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржат 37. Охридски староградски средби.–Охридски староградски средби 2025, програмски квалитет што значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века. Придонес во незаборавот на старите, автетнични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови, велат организаторите.Во рамките на програмата ќе настапат ГМХ„Вокс Лихнидос“ – Охрид, “Вокален Октет” – Прилеп, КУД Нико Пуцоски “Распеани Кичевчани” – Кичево, Ансамбл...
УХМР: Продолжува периодот на сончево време
Views: 68 Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.Од УХМР велат дека продолжува периодот на претежно сончево време со посвежи утра и постепен пораст на дневната температура.Денешните минимални температури во Охрид од 11, а максимаклните до 27 степени Целзиусови.
Охридската библиотека и Агенцијата за иселеништво потпишаа Меморандум за соработка
Views: 78 Вчера, директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов и директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид, Христина Трпеска, потпишаа Меморандум за соработка во кој се утврдуваат заеднички активности при промовирање на македонската култура од страна на иселениците, писатели кои творат во средините каде живеат и работат, а се поддржани од двете институции.-Голем број од македонските иселенци потекнуваат од Охридскиот регион, нивна желба е најчесто промоции на книги, фолклорни настапи, театарски претстави, литературни читања, екскурзии и други културни настани да се...
Пецаков најави изградба на атмосферска канализација и асфалтирање на градските гробишта
Views: 111 Денес на ЈП “Градски гробишта” беше презентиран проектот кој се однесува на изградба на атмосферска канализација, по што ќе следува и целосно асфалтирање на градските гробишта. Тоа што долго време е проблем тука сега се решава трајно, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.Градоначалникот потенцира дека ЈП „Градски гробишта“ изврши набавка на неопходни градежни возила и машини за непречено функционирање и подобрување на условите. Набавени се товарно возило кипер, мултифункционален трактор со приколица и приклучна механизација која ќе може да се...
Министерството за транспорт креира нов Правилник за изградба на велосипедска инфраструктура
Views: 87 Владата преку Министерството за транспорт реализира сет мерки за подобрување на инфраструктурта во општините со што ја подигнува безбедноста во сообраќајот и го унапредува квалитетот на живот.– Во меѓувреме креираме и нов Правилник за проектирање и изградба на велосипедска инфраструктура во општините, истакна потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на конференцијата посветена на подобрување на урбаниот транспорт.-Министерството за транспорт се приклучува кон најголемата европска кампања за подигање на свеста за одржлив транспорт и...
Во Охрид ќе се одржи 10-от јубилеен состанок за ретки болести во Југоисточна Европа
Views: 158 Oд 2 до 4 октомври 2025 година, во Охрид, ќе се одржи јубилејниот 10-ти состанок на Македонското здружение за ретки болести (10th ANNIVERSARY MEETING OF RARE DISEASES IN SEE).Како што информираат организаторите, состанокот ја одбележува својата десетгодишнина, што претставува важна пресвртница во заедничките напори за подигнување на свеста и подобрување на квалитетот на живот на лицата со ретки болести во регионот, а на настанот ќе присуствуваат претставници на лекарски здруженија, пациентски организации, експерти и истражувачи од земјите во соседството, но и од...









