Автор: инфодеск
Views: 105 Теона Блажески и Иван Котевски од Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид се закитија со трофеи на 14-от Интернационален Бреинобреин натпревар кој се одржа во Клотен, Цирих, Швајцарија. Во конкуренција од преку 400 учесници од целиот свет, освоија две први места односно највисоки признанија-трофеи.–Во оваа јубилејна година за Црвен крст Охрид, кога прославуваме 80 години од делувањето на нашата организација, 10 години од Меѓународниот аматерски театарски фестивал „Вдиши театар“, следува и одбележувањето на 15-годишниот јубилеј од работата на Центарот...
Прекин на водоводната мрежа на дел од 7-ми Ноември”, „Марко Нестороски” и дел од „Туристичка”
Views: 69 Од ЈП Водовод информираат дека поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 10:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на дел од улиците: „7-ми Ноември”, „Марко Нестороски” и дел од Бул. „Туристичка”.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.
Словенија сака да гради втора нуклеарна централа во Кршко заедно со Хрватска
Views: 75 Словенија официјално достави понуда до Хрватска за заедничка изградба на втора нуклеарна централа во Кршко, но содржината на предлогот значително отстапува од сегашниот модел за постојната нуклеарна централа, каде што двете земји имаат еднаков удел од 50 проценти.Според хрватските медиуми, Хрватска мора да одговори до крајот на септември или најдоцна почетокот на октомври. Словенечката Влада и понудали само 25 проценти сопственост на Хрватска, пишува Нови лист. Покрај тоа, хрватскиот партнер нема да има право да учествува во донесувањето клучни одлуки. Другата четвртина би ѝ...
Денес неколкучасовен прекин во електричната енергија во Вевчани, Октиси и Горна Белица
Views: 111 Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, информира дека поради приклучок на подземен кабел во трафостаница, најавено е дека денес, 18.09.2025 година, во периодот од 08:30 до 15:30 часот, ќе има прекин на електрична енергија во Вевчани, Октиси и Горна Белица.
Во Охрид денес сончево со слаб до умерен ветер
Views: 67 Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 60 km/h).Минималните температури во Охрид од 10, а максималните до 25 степени Целзиусови.Следува период на сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст. Особено топло ќе биде во деновите од викендот и во почетокот на следната седмица, велат од УХМР.
Викендов изложба на олдтајмери во Вевчани
Views: 154 Викендов на 20 и 21 септември во Вевчани ќе се одржи „ВМ Класик рели- запад“, рели со историски возила (олдтајмери) организирано од Олдтајмер клубот ВМ Класик. Настанот е дел од шампионатот во рели со историски возила при Националната федерација за историски возила.Како дел од овој настан на 20 септември (сабота) со почеток во 16:00 часот во спортското двориште ќе се одржи изложба на историски возила (олдтајмери).Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, апелира граѓаните на општината тој ден да се воздржат од паркирање на своите возила во спортското...
Охридските стрелци со извонредни резултати на Интернационалниот турнир „THE GOLDEN SHOT“
Views: 111 На покана на стрелачки клуб ,,Стрелба”од Варна стрелците од двата стрелачки клубови од Охрид-СК ,,Охрид” и ЖСК ,,Лихнидос” настапија на Интернационалниот Турнир ,,THE GOLDEN SHOT“, натпреварувајќи се во дисциплините воздушен пиштол и пушка во возрасни категории од 14,16,18 и 21години, како и во мешани тимови-микс тим односно дует.Во конкуренција на натпреварувачи од повеќе клубови од Бугарија, Молдавија како и нашата земја, охридските стрелци постигнаа извондредни резултати. На првиот натпреварувачки ден, свои настапи имаа: Кристијан Балоски, Теодора Спироска и Тамара...
Започна серијата од едукативни настани за ученици за Белчишкото блато – идното заштитено подрачје
Views: 95 Денес здружението ЕКОТУРИЗАМ 2016, Охрид со учениците од прво до деветто одделение од Општинското основно училиште „Дебрца“ и со поддршка од Општина Дебрца, организираше едукативен настан посветен на запознавање на биолошката разновидност на Белчишко Блато.-Учениците имаа можност да се запознаат со дел од богатото био-разнообразие на блатото, да идентификуваат растенија и животни, а во вториот дел од настанот го посетија и Музејот на Белчишко Блато во с. Белчишта. Ден исполнет со нови знаења, дружење и љубов кон природата!, велат организаторите.Настанот се...









