Автор: инфодеск
Views: 125Граѓаните од денеска можат да пријавуваат случаи на незаконита, партиска или приватна употреба на службени возила, на 070 399 050 и на електронската адреса prijavizloupotreba@sozr.gov.mk, како дел од мерките на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) за ставање крај на злоупотребите на службените возила и зголемување на транспарентноста.За полесно препознавање на возилата, веќе во процедура е унифицирањето на возилата со специјалните регистарски таблици, кои се лесно видливи и јасно ги разликуваат службените од приватните возила....
Мерко денес повторно на обвинителната клупа
Views: 89 Продолжи судскиот процес против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, за незаконско поставување директори. Исказ даваше спорната директорка на училиштето во Велешта, Егзона Шеи, која се товари дека употребила фалсификувана исправа. Одбраната тврди дека имало многу вакви случаи, во државата во услови на недостиг на кадар да се вработуваат апсолвенти, лица без дипломи.-Таа кажа дека вакви случаи за вработување на наставници со апсолвентски стаж има многу случаи. Спомна дека државата би требала да се позабави со евентуално проблеми со дипломи и така натака, вели Димитрија...
Во четврток неколку часа без струја ќе бидат Вевчани, Октиси и Горна Белица
Views: 114 Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, информира дека поради приклучок на подземен кабел во трафостаница, најавено е дека на ден 18.09.2025 година, во периодот од 08:30 до 15:30 часот, ќе има прекин на електрична енергија во Вевчани, Октиси и Горна Белица.
Постигнат рамковен договор за префрлање на Тик-Ток во сопственост контролирана од САД
Views: 104 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во петок ќе разговара со кинескиот лидер Си Џјинпинг, откако американските и кинеските официјални лица постигнаа рамковен договор за продолжување на функционирањето на апликацијата Тик-Ток во САД.Американскиот секретар за финансии Скот Бесент, кој ги предводеше разговорите во Шпанија, им изјави на новинарите дека е постигнат рамковен договор со кој апликацијата Тик-Ток на „Бајтденс“ (ByteDance Ltd.) ќе продолжи да работи во САД. Заменик-министерот за трговија на Кина, Ли Ченгганг, исто така изјави пред новинарите во Мадрид...
Нови, подметнати пожари во Дрисла и во сервис за автомобили во Пинтија
Views: 74 Синоќа пред 23:00 часот повторно избувна пожар на депонијата „Дрисла“, овојпат на сосема друго место од претходните денови, на локација пооддалечена од претходно активното жариште, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.Поради специфичната природа на пожарот, Ангелов вели дека било неопходно истовремено затрупување на опожарената површина. За таа цел биле ангажирани градежни машини кои веќе биле на местото. Пожарот бил изгаснат и затрупан за еден час, со што било спречено негово ширење кон главниот дел на депонијата.Ангелов соопшти и...
Во Струга пријавени девет кандидати за Градоначалник, во Охрид четири
Views: 81 Тече проверката на поднесените кандидатури за градоначалници и листи на советници за претстојните Локални избори.Како што информира Општинската изборна комисија, во Охрид поднесени се вкупно 4 кандидатури за градоначалник. Три од нив се на партии, а една од група избирачи.Поднесени се вкупно 11 кандидатски листи за членови на советот на град Охрид, од кои 7 се од политички партии и 4 од група избирачи.Во Струга, според информациите од Општинската изборна комисија, поднесени се 9 кандидатури за градоначалник од кои 5 од група избирачи, а 4 од политички партии. За...
Младински Центар Охрид со акција по повод Светскиот ден без автомобили – 22ри септември
Views: 70 По повод 22-ри септември – Светскиот ден без автомобили, Младински Центар Охрид ја упатува пораката до охридската јавност да се приклучи на глобалната иницијатива и барем еден ден да се обидеме да живееме без автомобил.Центарот ги повикува сите млади и граѓани:да избегнат користење автомобил на 22ри септември (доколку се во можност),до училиштата, факултетите или работните места да стигнат пеш, со велосипед, со јавен превоз и слично,да направат фотографија од своето алтернативно патување и да ја споделат на социјалните мрежи со хаштаг #ОхридБезАвтомобили, како и...
Последен термин за курс по Прва помош за управувач на пловен објект
Views: 165 Од Црвен крст Охрид информираат дека поради зголемениот интерес и во согласност со термините за пријавување и полагање во Капетанија на пристаништата – Охрид, објавен е дополнителен и воедно последен термин за курс по Прва помош за управувач на пловен објект.Курсот е предвиден да се одржи утре, вторник, 16.09.2025 во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 52, со почеток 11:00 часот. Од таму напоменуваат дека сите пријавени треба да се присутни во просториите на Црвен крст Охрид на денот на обуката, најдоцна до 10:30 часот.– Обуката е...









