Skip to main content

Автор: инфодеск

Облачно и врнежливо

Views: 58 Облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²). Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.Денес во Охрид температурите од 7до 13 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека среда и во деновите потоа времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Од петок облачноста ќе се намали и во деновите од викендот се очекуваат постудени утра со минимална температура која...

Продолжи со читање

Општина Струга

Општина Струга објави списоци со недоставени опомени за комунална такса, рокот за плаќање е 10 дена

Views: 84 Општина Струга ги известува граѓаните и правните лица дека се објавени списоците со недоставени, односно вратени опомени за неплатена комунална такса за 2024 и 2025 година.Сите физички и правни лица кои имаат обврски за комунална такса, а не добиле опомена лично, се повикуваат да проверат дали нивното име се наоѓа на објавените списоци.Списоците се достапни во „Службен гласник“ на Општина Струга, како и на огласната табла на влезот во општинската зграда. Од Општината посочуваат дека опомените ќе се сметаат за уредно примени и доколку не им биле лично доставени на...

Продолжи со читање

Точење на гориво

Ново поскапување на горивата од полноќ

Views: 86 Од полноќ повторно поскапуваат горивата во земјава. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,55 проценти во однос на претходната одлука од 26 октомври.Од 3 ноември, со почеток во 00:01 часот, максималните малопродажни цени ќе изнесуваат:ЕУРОСУПЕР БС-95 – 93 денари за литарЕУРОСУПЕР БС-98 – 95 денари за литарЕУРОДИЗЕЛ БС – 100 денари за литарЕкстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 110 денари за литарМазут М-1 НС – 55,573 денари за килограмСо новата одлука,...

Продолжи со читање

Квадратот во Охрид над 3.000 евра, побарувачката на станови и натаму расте

Views: 73 Пазарот на недвижности во Охрид бележи континуиран раст на побарувачката, а цените остануваат на високо ниво. Квадратен метар станбен простор во новоградба достигнува цена и до 2.500 евра, додека во апарт-хотелските комплекси на најатрактивните локации цената надминува и 3.000 евра.Охрид и натаму е атрактивна дестинација за купување втор дом, но и за инвестирање во недвижности со цел туристичко издавање.„Најбарани се топ-локациите, односно централното градско подрачје, строгиот центар на Охрид, како и локациите на брегот на Охридското Езеро. Но, поради високите цени,...

Продолжи со читање

Семејно насилство

Oхриѓанец физички ја нападнал мајка си и други членови на семејството

Views: 81 Дваесет и двегодишен охриѓанец бил лишен од слобода откако физички ја нападнал својата мајка и други членови на семејството.„На 01.11.2026 во 16:40 часот на улица ‘Егејска’ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 22 годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом во Охрид физички ја нападнал неговата мајка и други членови на семејството.“, соопшти полицијата.Полицијата постапила по претходна пријава за семејно насилство, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Продолжи со читање

Свр Охрид

Кривична пријава против 37-годишна охриѓанка за одземање дете

Views: 96 ОВР Струга поднесе кривична пријава против 37-годишна жена од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање дете“, предвидено во член 198 од Кривичниот законик.Според информациите од полицијата, настанот се случил на 9 октомври 2026 година, кога пријавената не ја вратила малолетната ќерка во договорениот рок кај нејзиниот сопруг, на кого детето му било доверено на грижа, издржување и воспитување.По целосно документирање на случајот, против жената е поднесена соодветна кривична пријава.

Продолжи со читање

ИЈЗ апелира родителите да не ја одложуваат МРП вакцината

Views: 76 Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира до сите родители и граѓани да го проверат вакциналниот статус и да ги надоместат пропуштените дози од МРП вакцината, која штити од мали сипаници (морбили), рубеола и заушки. Апелот следува поради недоволниот опфат со вакцинацијата во земјава, како и регистрираните случаи на мали сипаници во некои од соседните држави.Од ИЈЗ предупредуваат дека актуелната епидемиолошка состојба во регионот наложува зголемена претпазливост и навремено преземање превентивни мерки за да се спречи евентуално ширење на заболувањето.„Вакцинацијата е...

Продолжи со читање

Подигнати 176 кубни метри зелен отпад во Урбаната заедница „Радојца Новичиќ“

Views: 77 Успешно е реализирана акцијата за подигнување кабаст и зелен отпад во Урбаната заедница 14 „Радојца Новичиќ“ во Охрид, информираат од ЈП „Охридски комуналец“.Во рамки на акцијата биле собрани и транспортирани вкупно 176 кубни метри зелен отпад од уредување на дворни површини и градини. Станува збор за гранки, трева, жива ограда, остатоци од земјоделски насади и друг растителен отпад. Биле подигнати и помали количини кабаст отпад.За реализација на акцијата, покрај редовните дежурни екипи, биле ангажирани дополнителни ресурси, односно пет возила за транспорт на отпадот...

Продолжи со читање