Skip to main content

Автор: инфодеск

АМСМ: Укината забраната за движење на тешки товарни возила на преминот „Ѓавато“

Post Views: 128 Во 08.25 часот укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин „Ѓавато“ на патниот правец Битола-Ресен.Останува на сила е забрана за движење на тешки товарни возила на планинските превои: „Плетвар“, „Пресека“, како и на патните правци Маврово-Дебар-Струга и кон граничниот премин „Ќафасан“.Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на...

Продолжи со читање

Денеска е Преподобен Георгиј Хозевит

Post Views: 100 Овој Георгиј се роди во Кипар во втората половина на четвртиот век. Уште многу млад поминуваше долго време читајќи го Новиот завет и набргу во него се разгоре силна љубов кон монашкиот подвиг, па зедно со брат му Хераклид замина за Палестина.Во Палестина свети Георгиј се подвизуваше во Хозевскиот манастир крај Ерусалим (место по кое го доби и името Хозевит), како и во лаврата Каламон на реката Јордан. Се прослави како голем подвижник, молитвеник и чудотворец. Блажено се упокои во 625 година.

Продолжи со читање

УХМР: Облачно со повремени локални врнежи од снег

Post Views: 103 Облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми од 15 до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Денес во Охрид температурите ќе бидат во интервал од -2 до 0 степени Целзиусови.Од УХМР информираат од утре до сабота времето ќе биде променливо облачно време со пораст на температурите. По одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд, а...

Продолжи со читање

Македонскиот игран филм „17“ на Косара Митиќ селектиран во натпреварувачката програма „Перспективи“ на Берлинале

Post Views: 121 Новиот македонски долгометражен игран филм „17“ на режисерката Косара Митиќ ќе ја има својата светска премиера на 76. Берлински филмски фестивал во февруари, во натпреварувачката селекција „Перспективи“. Продуцент на филмот е Томи Салковски и „Црна мачка продукција“. Информацијата беше соопштена денес на прес-конференција во Берлин. „Перспективи“ е програма посветена на најдобрите дебитантски филмови на светско ниво.„17“ ќе биде оценуван од тричлено интернационално жири кое ќе одлучи кој од 14-те долгометражни дебитантски филмови ќе ја освои наградата за...

Продолжи со читање

Поскапуваат цените на бензините и дизел горивото

Post Views: 129 Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) одлучи дека од денеска на полноќ поскапуваат горивата за 1,5 до два денари за литар. Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,46 отсто.Согласно одлуката на РКЕ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари за литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) се зголемува за два денари за литар.Со тоа, новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС -95 е 72 денари за литар,...

Продолжи со читање

Охриѓанецот Климчо Групчевски го фати Чесниот крст во Копер, Словенија

Post Views: 148 Македонската заедница во Копер, Словенија, го одбележаа големиот христијански празник Водици со положување на крст во водите на Јадранското море. По повод празникот се одржа богослужба со која чиноначалствуваше владиката Пимен кој го изврши големиот водосвет. Среќниот фаќач на крстот е охриѓанецот Климчо Групчевски по потекло од Месокастро.-На празникот Водици – Богојавление, Митрополитот Европски г. Пимен отслужи Света Василиева Литургија во МПЦО „Богојавление – Водици“ Копер, со сослужение на парохискиот свештеник отец Дејан. По Литургијата, на...

Продолжи со читање

Пријавен инцидент со хлор на базен во хотел во Охрид – четири лица пренесени во болница

Post Views: 124 На 19.01.2026 во 17:31 часот во СВР Охрид е пријавено дека на базен во хотел во Охрид се почувствувал продорен мирис на хлор и зголемена пареа од базенот, по што четири лица добиле силна кашлица. Тие биле пренесени и задржани во Општата болница во Охрид и се надвор од животна опасност. Од преземените мерки е констатирано дека настанал технички проблем во системот за циркулација на водата, по што овластена фирма извршила замена на системот. Се преземаат мерки за целосно расчистување и  документирање на настанот, по што ќе следува соодветна пријава.

Продолжи со читање

Кога медицината подава рака на хуманоста: Со меѓународна поддршка започнува 8-мата сезона на „Ги запознаваме ретките болести“

Post Views: 120 Постојат дијагнози кои се ретки, но надежта и солидарноста мора да бидат сеприсутни. Со силна визуелна порака од медицински експерти од целиот свет, на 1-ви февруари официјално се отвора осмата сезона на националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2026“.Оваа година, кампањата започнува со моќен меѓународен поттик. Во официјалното видео, доктори од различни земји, со дланки обоени во симболичните бои на ретките болести, испраќаат порака дека науката и човечноста не познаваат граници. Тие обоени дланки се ветување дека нашите пациенти не се сами во...

Продолжи со читање

Почина легендарната Сенка Велетанлиќ

Post Views: 150 –Утрово нѐ напушти мојата мајка Сенка Велетанлиќ, по тешка болест. Замина тивко, достоинствено, во сон, како дама, токму како што ѝ прилегаше. Те сакам мамо. Ти благодарам мамо, напиша вчера на социјалните мрежи нејзиниот син, Васил Хаџиманов, роден во бракот со Зафир Хаџиманов, легендата на македонската популарна музика.Велетанлиќ е родена на 27 мај во 1936 во Загреб. Почнала да пее во хорот на КУД „Јожа Влаховиќ“, а во 1958 ги направила првите снимки за Радио Загреб. Дипломирала на Економскиот факултет, но решила да продолжи со музиката. Во 1960, на...

Продолжи со читање

Денес почнува второто полугодие за учениците

Post Views: 107 Денеска официјално започна второто полугодие на учебната 2025/2026 година на територијата на целата држава.Министерката за образование и наука Весна Јаневска, им упати честитка и порака за успех на учениците, наставниците и стручните служби. –Второто полугодие започнува на 20 јануари. Им посакувам успех на сите ученици, на наставниците и стручните служби во училиштата. Со помалку отсуства и голема посветеност да ги постигнат целите на учењето и наставата. Знаењето се гради со труд, упорност и меѓусебна поддршка. Среќно од вторник!, наведе Јаневска....

Продолжи со читање

Охрид традиционално ќе го одбележи Денот на рибарите

Post Views: 127 Охриѓани денес традиционално ќе го одбележат Денот на рибарите на Сараиште, каде среќниот фаќач на Светиот крст и неговата тајфа ќе се искапат во водите на Охридското езеро.Капачите денес ќе го продолжат ритуалот на рибарите кои со овој чин го одбележувале татиљот, период кога ендемичната охридска пастрмка од длабочината на езерото доаѓа кон брегот за природно да се мрести. Денот на рибарите е празник за градот и вековна традиција која низ годините се прославувала со песни, ора и богати трпези, но охриѓани се сеќаваат и на моменти кога истата била...

Продолжи со читање

Денеска е Собор на Свети Јован Крстител

Post Views: 100 Со оглед дека главната улога на Свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и настанот со раката на Светиот Предвесник.Евангелистот Лука, кој посака да го пренесе Јовановото тело од Севастија, во којашто големиот Пророк беше убиен од царот Ирод во Антиохија, родното место на Св. Лука, успеа да ја пренесе само едната рака на Свети Јован, којашто во Антиохија ја чуваа до 10 век. Потоа беше пренесена во Цариград, но во времето на Турците исчезна оттаму. Свети Јован...

Продолжи со читање