Автор: инфодеск
Views: 129 Од Александрија, жена на млад маж. Наговорена од некоја бајачка, таа изврши прељуба со друг човек. И веднаш совеста почна луто да ја гризе. Си ја исече косата и се облече во машка облека, па стапи во машкиот манастир Октодекат под машкото име Теодор. Нејзиниот труд, пост, бдеење, понизноста и плачното покајание ги восхитуваа сите браќа. Наклеветена од некоја блудна девица дека е од неа обесчестена и забременила, Теодора не сакаше да се оправдува, сметајќи го тоа како казна Божја за својот поранешен грев. Избркана од манастирот, таа седум години помина пребивајќи по шуми и...
Утрото ведро и постудено, попладне сончево
Views: 119 Утрото ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.Денес во Охрид температурите од 5 до 20 степени Целзиусови.Под влијание на циклонска активност во петок попладне и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.
Ана Стојаноска, македонската претставничка за Јуниор Евросонг, ја промовираше „Идната јас“
Views: 282 Македонската претставничка Ана Стојаноска денеска ја промовираше песната „Идната јас“, со која на 24 октомври ќе настапи на Јуниорскиот Евросонг 2026 во Валета, Малта. Заедно со песната е објавен и официјалниот видеоспот.„Идната јас“ е композиција на Николче Мицевски, додека текстот е на Илчо Нечовски од групата „Дупер“. Песната исто така била избрана едногласно од стручната комисија на конкурсот што го распиша МРТ.Од МРТ велат дека песната носи порака за вербата во себе, детските соништа и храброста младите да останат доследни на себе додека растат и го бараат...
Проекција на филмот „Македонецот” утревечер во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид
Views: 339 Утревечер во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид ќе се одржи културниот настан „Патување кон корените”, во авторство на режисерот Петро Алексовски од Полска, а во организација на Полската амбасада во Македонија и НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид.Според програмата на настанот пред присутните ќе се обратат претставници на Полската амбасада, на Општина Охрид, режисерот Петро Алексовски, по што ќе следува проекција на документарниот филм „Македонецот”, создаден според вистинската животна приказна на таткото на Петро,...
70-годишна жена од Германија пронајдена почината во хотел во Охрид
Views: 148 70-годишна државјанка на Германија била пронајдена почината во хотел на кеј „Македонија“ во Охрид. Случајот бил пријавен во СВР Охрид на 22 септември во 23:40 часот.Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, при што, според првичните информации, немало траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.
Мечките ги пустошат пчеларниците
Views: 166 Во потрага по храна, мечките влегуваат во пчеларниците и зад себе оставаат уништени кошници и пчелни семејства. Пчеларите велат дека проблемот не е нов, но годинава последиците се чувствуваат уште повеќе.Приносите од мед се намалени, а со тоа и резервите во кошниците. Кога нема доволно храна, мечката не се задржува само на едно пчелно семејство. Во потрага по храна продолжува понатаму и може да уништи повеќе кошници.За пчеларите тоа значи загуба на пчелни семејства, дополнителни вложувања и неизвесност дали и колку од загубеното ќе можат да надоместат.„Да, како и...
УЈП ги изготвува МПИН пресметките за паушалците
Views: 184 Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира самовработените лица кои данокот на личен доход го плаќаат врз основа на паушално утврден нето-доход дека во изминатиот период спроведе активности на генерирање на Месечните пресметки за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување, согласно последните измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување. http://ujp.gov.mk/en/javnost/soopstenija/pogledni/1266Со оваа законска измена значително се олеснува исполнувањето на обврските на паушалистите. УЈП веќе ги изготвува пресметките на придонеси за...
Утре подигнување на селектиран отпад
Views: 118 Согласно Календарот за 2026 год. за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, Ј.П.„Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците „Железничка”, „Прилепска”, „Винковачка”, „Будва“, „Крали Марко” и „8-ми Март” дека на ден 24.09.2026 год. (четврток) ќе врши подигнување на отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови) од кантите за селекција.Се молат граѓаните од наведените улици да го почитуваат Календарот за подигнување селектиран отпад како и правилата за одлагање само пластика и картон/хартија во жолтата и...









