Skip to main content

Автор: инфодеск

Се издават тезги за продажба на Новогодишни украси на полоштадот Крушевска Република

Post Views: 235 По повод Новогодишните и Божиќните празници, ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД издава под закуп тезги за продажба на Новогодишни украси на полоштадот Крушевска Република (кај Стариот Чинар).Лицата заинтересирани за изнајмување на тезгите да се пријават најдоцна до 04.12.2023 година во административните простории на ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД.Дополнителни информации можат да се добијат во просториите на ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД на Бул. Туристичка бб.

Продолжи со читање

ЈП Градски Пазар издава опрема за продажба на  костени

Post Views: 279 ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација за поставување на мобилна урбана опрема за комерцијално користење. Урбаната опрема се издава за продажба на  костени– 6 локациии.Локациите за поставување на мобилна урбана се наоѓаат на Ул.Гоце Делчев-Охрид, во зона” А”Почетна цена за подвижна урбана опрема за продажба на костени е од 5.000,00 (пет илјади) денари/месечно за м2. Почетната цена за издавање на урбана опрема се однесуваат за период од 31 ден.Пријавите да се достават најдоцна до 04.12.2023 год. до 12.00 часот.Графичките прикази со...

Продолжи со читање

Оглас за издавање куќарки на плоштад Св Климент Охридски

Post Views: 218 ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација за поставување урбана опрема типизирани тезги за комерцијално користење.Предмет на јавниот оглас вкупно 6 типизирани тезги – куќарки со површина од по 4 м², на Плоштад Св. Климент Охридски, со почетна цена од 8.000.00 (осум илјади денари) месечен износ.Пријавите да се достават најдоцна до 04.12.2023 год. во 12.00 часот.Урбаната опрема ќе се издава за времетраење од 01.12.2023 до 31.01.2024 година.Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема, заинтересираните субјекти...

Продолжи со читање

Со исказ на Пендиков продолжи судењето во Охрид

Post Views: 671 Со исказ на поранешниот секретар на сега затворениот бугарски клуб во Охрид, Христијан Пендиков, денес одново започна судскиот процес во охридскиот суд. Пендиков  опиша што се случувало критичната ноќ, кога на празникот Водици беше нападнат во кафуле во Охрид.Во судницата беа присутни оштетениот Пендиков, првообвинетиот во предметот Илија Спасески и и второобвинетиот Борче Ангелов од Битола кои се изјаснија дека не чувствуваат вина.На денешниот распит од страна на одбраната беше потенцирано дека во овој случај не станува збор за национална омраза туку...

Продолжи со читање

Пожар на три објекти на ул. „Гоце Делчев“ предизвика голема материјална штета

Post Views: 450 Регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК) Охрид известува дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Охрид, од 00:40 минути по полноќ до 04:00 часот утрово, со седум пожарникари и три противпожарни возила интервенирале на запалени три објекти на улицата Гоце Делчев број 189 во Охрид. Во пожарот нема повредени луѓе, има голема материјална штета што дополнително ќе се проценува.„На 01.12.2023 во 00.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во помошен објект и куќа на ул.„Гоце Делчев“ во Охрид, сопственост на И.А. од...

Продолжи со читање

Потребни се повеќе факти, а не сензационализам и полувистини за квалитетот на водата во Охридското Езеро

Post Views: 900 Дезинформации, полувистини и манипулации неретко се пласираат  за квалитетот на водата во Охридското Езеро. Клик бејт  наслови, кои денес се популарна мамка за привлекување на што повеќе посетители на веб страниците  од типот „Водата во Охридското Езеро е загадена”, „Фекалии пливаат во Охридското Езеро “, „Небезбедна водата за капачите во Охрид”  и слично најчесто  се сретнуваат  пред стартот на летната сезона.Оваа година во месец јуни погрешна интерпретација имаше на соопштението...

Продолжи со читање

Советот за Развој на Југозападниот плански регион ја одржа 10-тата седница

Post Views: 170 Советот за Развој на Југозападниот плански регион денеска во просториите на општина Охрид ја одржа  Десеттата Седница со која заседаваше градоначалникот Кирил Пецаков во улога на Претседател.На работната средба се усвои Записникот од претходната Седница на Советот, а се разгледуваа и   Предлог -Финансискиот план на Центарот за развој на ЈЗПР за 2024 година,  Предлог-одлука за усвојување на Финансискиот план на Центарот за развој на ЈЗПР за 2024 година. Стана збор и за  информацијата  во врска со реализација на регионалните проекти по Програмата за РРР на...

Продолжи со читање

Во Охрид годинава има 445 новороденчиња

Post Views: 4.041 Годинава на гинеколошкото одделение во Охрид родени се 445 новороденчиња, речиси идентично како лани. Процентуално, 56% од нив се женски, а 44% машки деца. Во охридската болница има доволно специјалисти , вкупно шест гинеколози, а четворица се веќе на специјализација.„На нашето одделение моментално има шест специјалисти гинеколози, четворица специјализанти кои што во наредниот период ќе завршат со специјализација и ќе се вратат. Исто така имаме две докторки специјалисти по неонатологија. Вкупниот персонал на нашето одделение е 45 вработени, од кои 25 се...

Продолжи со читање

Општина Охрид објави брошура „Две години промени“ – отчет на градоначалникот Пецаков

Post Views: 285 Во брошурата  „Две години промени“ се поместени информации за проектите и активностите реализирани во двегодишниот мандат на градоначалникот Кирил Пецаков заедно со видео презентација.Брошурата е објавена во електронска форма и истата можете да ја прочитата ОВДЕ.

Продолжи со читање

Од утре стартува дневната евтина тарифа на струјата

Post Views: 311 Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Тарифен систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувачот во краен случај со кој се утврдува дека евтината дневна тарифа стартува од 1 декември 2023 година во периодот од 13 часот до 15 часот.-„Со воведување на дневната евтина тарифа домаќинствата ќе имаат на располагање вкупно 11 часа евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие од понеделник до сабота...

Продолжи со читање

Скопјанка со помош на вработен во транспорт и врски изградила повеќе катови од дозволеното на зграда во Охрид

Post Views: 2.517 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 49 годишно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување” и „фалсификување службена исправа”, како и против 38 годишна скопјанка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”.„Во текот на минатата година, првото лице во својство на вработен во Министерство за транспорт и врски, спротивно на изводот од ДУП за град Охрид, внел невистинити податоци, при што на второпријавената и издал...

Продолжи со читање

Стратегиска оцена за проект за викенд куќи вон опфат на урбанистички план на КП 144/1 КО Вапила

Post Views: 477 Општина Охрид,  на ден 23.11.2023 година,  донесе Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за ГП 1 со намена А4.3-семејни куќи за времен престој-викенд куќи на КП 144/1 КО Вапила, општина Охрид,  кој се носи согласно Законот за урбанистичко планирање,  е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на...

Продолжи со читање