Skip to main content

Автор: инфодеск

Пожарот во Трубарево е изгаснат: ОЈО обезбедува докази, Армијата ја мери контаминацијата на воздухот

Views: 85 Утрово Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), изјави дека пожарот во Трубарево е изгаснат, нема активно горење, но дека има силно чадење кое се пробива низ земјата и песокот од затрупаните места и преостануива да се дозатрупа уште дел од опожарената површина.Ангелов додае дека минатата вечер околу 2.30 часот добиле дојава дека повторно има горење на депонијата „Дрисла“ и веднаш се упатиле таму. –Се гледаа одредени пламени јазици, но тоа беше гасот којшто испарува од оваа депонија. Таму упативме една екипа на скопската противпожарна...

Продолжи со читање

4 училишта од Охрид добија еТвининг плакети за 2025/2026 година

Views: 83 Општинските основни училишта “Св.Наум Охридски”, “Григор Прличев”, “Кочо Рацин” и ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски”, се добитници на високото признание што го доделува Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за периодот 2025/2026 година.-Училиштето ја доби оваа значајна награда како признание за доследната и јасна посветеност кон вредностите на eTwinning програмата. Под водство на наставниците Љупчо Балески, Јорданка Недеска Симиџиоска, Билјана Божиноска и Ирина Димзова Треневска, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ активно применува дигитални и креативни алатки за...

Продолжи со читање

Охрид ќе добие нов мурал посветен на големиот уметник Јордан Манасијески

Views: 88 Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков објави дека во рамките на проектот „Да ги овековечиме вредностите“ (цртање мурали на истакнати охридски дејци), а по повод роденденот на големиот уметник Јордан Манасијески кој годинава го одбележува јубилејот 55 години од неговото творештво, Општина Охрид на северната страна на НУ Библиотека Григор Прличев му подари мурал.-Муралот ќе биде завршен во текот на идната недела, а е дело на академскиот сликар Горан Ристовски. Среќен роденден Маестро!, стои во објавата на градоначалникот Пецаков.

Продолжи со читање

Промовирана четвртата книга од едицијата „Тие доаѓаат“

Views: 123 Во рамки на манифестацијата „Денови на литература за деца – Охрид 2025“,  денеска напладне на мини плоштадот „Вангел Наумоски“ се одржа промоција на четвртата книга од едицијата „Тие доаѓаат“, во која се поместени творби на ученици од основното и средното образование од Охрид.‎Во името на Општина Охрид свое обраќање пред присутните имаше Ана Крстеска, заменик градоначалник.-Со особена радост и гордост денеска сум тука заедно со вас на овој прекрасен настан посветен на промоцијата на четвртото издание на книгата „Тие доаѓаат“.Најнапред, сакам да им оддадам...

Продолжи со читање

Полскиот амбасадор Бримора во посета на Општина Охрид

Views: 92 Градоначалникот Кирил Пецаков денес го прими амбасадорот на Полска во Македонија, Н. Е. Мариуш Бримора кој е во прва официјална посета на Општина Охрид.Високиот гостин од Полска го изрази своето воодушевување од Охрид како главна туристичка дестинација во регионот. Двете страни ги разгледуваа можностите за поголема туристичка соработка меѓу Македонија и Полска.Заеднички беше заклучено дека двете нови авио линии кои од март 2026 година ќе сообраќаат од охридскиот аеродром Св. „Апостол Павле“  од и до полските градови  Вроцлав и Катовице  директно ќе придонесат кон...

Продолжи со читање

Робевци

Во Куќата на Робевци вечерва ќе биде отворена изложбата „Звукот на пејзажот“ на уметници од Македонија и Австралија

Views: 95 Вечерва во Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата „Звукот на пејзажот“ која обединува шест уметници од Македонија и Австралија, чии различни уметнички практики нудат резонантна интерпретација на македонскиот пејзаж – неговите форми, текстури и емоционални одрази.Претставена во историската Куќа на Робевци во Охрид, изложбата претставува поетски дијалог помеѓу местото и сеќавањето, традицијата и личната визија.Во оваа меѓународна изложба учествуваат:Јуан Маклеод (Сиднеј, Австралија) – Високо реномиран уметник во Австралија и на меѓународната сцена, познат по...

Продолжи со читање

Црвен крст Охрид: Уште два дена за пријавување за учество во Програмата за развој на младинско лидерство „Млади лидери создаваат иднина“

Views: 98 Од општинската организација на Црвен крст информираат дека преостануваат уште два дена за пријавување на учесници во Програмата за развој на младинско лидерство „Млади лидери создаваат иднина“.– Целта на оваа програма е да им се овозможи на младите да ги зајакнат своите лидерски и животни вештини, потребни за да се стремат кон компетитивни работни кариери и за да можат да земат активно учество во развојот на заедницата. „Млади лидери создаваат иднина“ е наменета за ученици од деветто одделение до трета година средно образование. Програмата ќе започне да се реализира на 16-ти...

Продолжи со читање

Сообраќајна несреќа

СВР Охрид: Во близина на Ново село излетал мерцедес управуван од 24-годишен охриѓанец

Views: 90 На 11.09.2025 во 18:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на автопатот Охрид-Кичево, во близина на селото Ново село, општина Дебрца, патничко возило „мерцедес“, управувано од 24-годишен охриѓанец од Охрид, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По овластување на јавен обвинител, увид на местото изврши екипа на СВР Охрид.

Продолжи со читање