Автор: инфодеск
Post Views: 740 Aгенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикува производот Негазирана природна минерална вода ,,МИРОС,, во пакувања од 1,5 литар, 0,5 и 0,33 литриРок на употреба: до 30.08.2024 година.Причина за отповикување: небезбеден производ поради микробилошка неисправност и ризик по здравјето на луѓето. Водата не одговара на условите од Правилникот за посебните барања за безбедност на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода („Службен весник на Република Македонија“ бр. 184/18), се вели во соопштението од Агенцијата...
Светиот апостол Филип и Божиќни поклади
Post Views: 248 Православната црква и верниците денеска ја слават славата на Светиот апостол Филип, празник во народот познат како Божиќни поклади.Овој празник е значаен и затоа што на овој ден се поклади пред Божиќниот пост, поради што понекогаш се нарекува и Филипов пост.Свети апостол Филип е роден во Витсаида во близина на Галилејското Море. Тој ревносно го проповедал Евангелието во Азија и во Грција, каде што Евреите сакале да го убијат, но Бог го спасил со моќни чуда. Така еврејскиот архиепископ, кој брзал кон Филип да го претепа, одеднаш ослепува и поцрнува,...
Утрово во Охрид измерени -7 степени
Post Views: 366 Утрово во Охрид измерени -7 степени целзјусови, а снежна покривка 5 см, информира УХМР.Студеното време ќе се задржи до средината на неделава. Нови врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд се очекуваат во вторник и ќе завршуваат во среда.фото: Ѓоко Симјаноски
Конференција за младинско претприемништво: „Иновации, млади и успешни бизнис приказни”
Post Views: 360 Младински Центар Охрид организира Конференција за младинско претприемништво: „Иновации, млади и успешни бизнис приказни.” На 29 номеври (среда) со почеток во 10 часот ќе се одржи Конференција насловена „Иновации, млади и успешни бизнис приказни.” посветена на младинската вработеност, претприемништвото, иновации и образованието за претприемништво.„Конференцијата претставува одлична можност за вмрежуваме на младите и размена на идеи преку дискусија и информално учење.“ – велат организаторите.Конференција се...
Промотивно- едукативни видеа за промоција на културното наследство во Охрид
Post Views: 328 Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина, Регионален зелен центар Охрид, во текот на изминатите месеци, изработи 6 промотивно- едукативни видеа во рамки на проектот „Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид“.„Содржински видеата се изработени така што претставено е културно наследство во Охрид од соодветен период почнувајќи од праисторија, антика, ран среден век, византиски период, отомански период и нови век. „ – велат од Регионален зелен центар Охрид.Во секое видео е претставено културно наследство од...
„Две години промени во Охрид“ – отчет на градоначалникот Пецаков
Post Views: 455 Принципот на отвореност и транспарентност се главните темели на кои се заснова функционирањето на една општина и се клучен фактор за одговорно управување, легитимно и ефикасно работење, вели во видео обраќањето, по повод две години од мандатот, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.Иако, локалната власт покажала висок степен на отчетност пред граѓаните, во интерес на јавноста, сметале дека е потребно да направат еден краток осврт на реализираните проекти во изминатите две години.
Делегација на Општина Охрид во посета на Будва и Котор
Post Views: 466 Делегација на Општина Охрид во чиј состав беа советничката во Советот на Општина Охрид, Билјана Тодева – Стојаноска и директорот на ЈП „Нискоградба“, Александар Трпеноски беа во работна посета на Будва и Котор.Тие се сретнаа со Градоначалникот на Општина Котор, Владимир Јокиќ и со претседателката на Советот Маја Мршуља. Посетата беше по повод одбележување на Патрониот празник на Котор.Градоначалникот Јокиќ истакнал дека е горд на воспоставените релации со градот Охрид и останатите збратимени и пријателски градови и дека во иднина соработката ќе...
Се бара траса за тунел кој ќе ги поврзува Македонија и Албанија
Post Views: 789 Министерот за транспорт и врски,Благој Бочварски и Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, заедно со претставници на Конзорциумот на БЕХТЕЛ и ЕНКА, остварија средба во Охрид со Генералниот директор на Патна управа на Република Албанија, Евис Бербери.Фокусот на оваа средба беше изградбата на дел од Коридорот 8, односно третиот сегмент Струга-Кафасан – граничен премин. Се разговараше за изнаоѓање на содветна траса за тунел кој треба да ги поврзува двете земји Република Северна Македонија и Република Албанија, информираа од...
Два случаи на семејно насилство во еден ден во Охрид
Post Views: 399 На 23.11.2023 година во 22.10 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е 42 годишен маж од Охрид, кој, претходно, во семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга.На 23.11.2023 во 17.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека лице од Охрид во семејниот дом физички ја нападнал неговата невенчана сопруга.По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
ПСС Охрид оваа зима нема да интервенира при заглавени возила на забранетиот пат на Галичица
Post Views: 354 Во пресрет на зимата и најавените врнежи од снег Планинската спасителна служба Охрид апелира на совесно и внимателно однесување во планина. Граѓаните да ја почитуваат забраната за движење со возила од месноста Корита кон планинксите врвови и Ресен.Тој пат е затворен за сообраќај од 15 ноември до 15 март, не се одржува поради непредвидливи услови, силни навеви на снег и ветер. Минатата година ПСС имаше четириесеттина интервенции за извлекување на заглавени возила, но годинава велат нема да интервенираат при вакви случаи. За сите кои нема да ја...
Од утре студен бран
Post Views: 412 Од УХМР најавуваат заначителна промена на времето со врнежи од снег, ветар и заладување. Облачно време со врнежи кои на места ќе бидат пообилни (над 25 л/м²). На планините врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот врнежите од дожд ќе преминат во снег и на пониските места. На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. Ќе дува засилен северен ветер, а температурите во текот на денот ќе се намалуваат.Минималната температура во Македонија ќе се движи во интервал од 4 до 9°C, а максималната од 6 до 13°C.
Голема полициска акција во Струга
Post Views: 616 Од утрово се спроведува голема полициска акција во Струга, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи (МВР).Според неофицијални информации, уапсени се околу 20-тина криминалци.Од МВР повеќе детали најавуваат во текот на денот, по завршување на акцијата.