Skip to main content

Автор: инфодеск

Инфлацијата во март во однос на истиот месец лани бележи зголемување од 4 %

Post Views: 236 Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, изнесува 0.9 %.Зголемувањето на инфлацијата во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 3.1 %, храна и безалкохолни пијалаци за 1.3 %, разновидни стоки и услуги за 0.6 %, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0.5 %, облека и обувки за 0.2 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, домување, вода, електрика, гас и други горива, здравје и комуникации...

Продолжи со читање

Оглас за набавка на опрема за АБР терапија за Центар за дневен престој за лица со попреченост во Охрид

Post Views: 171 Здружението за воспитно и образовна психо-социјална поддршка ВОПС Охрид, доби финансиски средства од Министерството за труд и социјална политика во рамки на проект финансиран со кредит од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска Банка), односно во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, во насока на имплементација на Договор за грант бр. 2.12/2022 за развој на социјална услуга – Центар за дневен престој и индивидуална работа за лица со попреченост во Општина Охрид и планира да искористи дел од средствата за исплата, по однос на договор за...

Продолжи со читање

Доктори и медицински сестри од болницата Св Еразмо учествуваа на повеќе интернационални и национални конгреси

Post Views: 462 Медицински персонал од ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо Охрид  изминатиов период учествуваше на повеќе интернационални и национални конгреси.Докторите од Св.Еразмо и психологот преку нивните презентации ја покажаа својата стручност и извондредност во работата. Нивните излагања служат како доказ за посветеноста на нашата болница кон благосостојбата на нашите пациенти, велат од болницата.Д-р. Маја Божиновска-Смическа, специјалист невролог во болницата Св. Еразмо, презентираше на ESO SAP E conference 2024, на тема...

Продолжи со читање

Уредени градските гробишта во пресрет на Рамазан Бајрам

Post Views: 167 Екипите на ЈП „Градски гробишта“ деновиве спроведоа активности за уредување и чистење на градските гробишта во пресрет на верскиот празник „Рамазан Бајрам“.  Беше извршено хортикултурно оплеменување на просторот, чистење на патеките, засадување на цвеќе и уредување на тревните површини низ муслиманските гробишта. Исто така, во пресрет на празникот jавното претпријатие обезбеди и дополнителен простор за паркинг.

Продолжи со читање

Среда, првиот ден на Рамазан Бајрам неработен ден за сите граѓани

Post Views: 261 Од Министерството за труд и социјална политика соопштуваат дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), среда, 10-ти април 2024 година, Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманска вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Рамазан Бајрам.

Продолжи со читање

Претседателскиот кандидат на ЗНАМ, Максим Димитриевски денес беше меѓу охриѓани

Post Views: 271 Карванот на Движењето  ЗНАМ денес на непосредни средби со граѓаните на Охрид.  Кандидатот за претседател Максим Димитриевски рече граѓаните бараат нови алтернативи, црно-белиот свет треба да добие и поинакви бои. Граѓаните се жалат на владеењето на правото, неказнивост, недостаток на уреден систем за институционално решавање на проблемите, селективна правда и лошата финансиско социјалната состојба, рече Димитриевски.“ Проблемите насекаде се исти во Македонија. Во рамки на нашата програма и мојата програма како претседателски кандидат има голем број...

Продолжи со читање

Поскапуваат горивата

Post Views: 330 Од вечерва на полноќ горивата ќе се продаваат за повисоки цени за денар до денар и половина, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.Моторниот бензин еуросупер БС-98  поскапува за 1,5 денари за литар, а за еден денар дизел горивото еуродизел БС и екстра лесното масло за домаќинство. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 останува иста.Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт ќе изнесуваат:– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 85,00 (денари/литар)– Моторен бензин...

Продолжи со читање

Два пожари на отворено викендов во охридско

Post Views: 209 На 07.04.2024 во 20.10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на стариот пат Охрид – Струга настанал пожар на крајбрежниот појас на Охридското езеро.-Притоа биле опожарени површина со езерска трска и два пловни објекти. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршија полициски екипи, информираат од СВР Охрид.На 06.04.2024 во СВР Охрид е пријавено дека на подвозник на булеварот „Железничка” во Охрид настанал пожар во кој биле опожарени пластични...

Продолжи со читање

Пецаков: Меѓународниот ден на Ромите нека биде можност да го почитуваме и прославиме богатството на различноста

Post Views: 184 Градоначалникот Кирил Пецаков, по повод 8. Април – Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница.–Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам искрени честитки по повод 8. Април – Меѓународниот денот на Ромите, со желби за многу успех, просперитет и личен развој.Во оваа прилика ја искажуваме нашата голема почит за придонесот на Ромската заедница во градењето на нашето општество. Уникатните ромски традиции, јазик и уметност претставуваат многу важен дел од нашиот културен...

Продолжи со читање

Силјановска Давкова: Нашата земја ќе ја направиме пристојно европско место

Post Views: 294 Со безвременскиот цитат од Миладиновци кандидатката за претседател од колацијата „Твоја Македонија„ предводена од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова се обрати пред стружани. Рече, малку држави во светот имаат можност да имаат крајбрежје под заштита на Унеско,  ние сме ја имале таа среќа,  но не демне опасност. Струга е во зоната на самракот, во градот владее феудализам, но идна власт ќе вложи во заштитата на живтоната средина и развојот на туризмот, рече Давкова.„Последиците сите ги чувствуваме тоа е она што ме загрижува. Тоа е она што го прочитав во...

Продолжи со читање

Пендаровски убеден дека ќе ја добие поддршката од охриѓани

Post Views: 251 Пред 5 години ветив дека ќе бидам претседател на сите и нема да ги делам граѓаните по ниту една основа и тоа до ден денес го исполнувам и така ќе биде и во наредните 5 доколку ја добијам вашата доверба, порача актуелниот и кандидат за нов претседателски мандат од „Коалицијата за европска иднина“ на СДСМ, Стево Пендаровски, синоќа на предизборниот митинг во Охрид. Вети дека сите жители на Македонија ќе ги третира како членови на неговото семејство.„Не постои ниту еден граѓанин во Македонија кој може да каже дека е дискриминиран од мене затоа што не е...

Продолжи со читање

Подметнат пожар на депонијата Буково

Post Views: 185 На ден 07.04.2024 год.(недела) во ноќните часови од страна на непознат сторител е подметнат пожар на депонија Буково, информираат од ЈП „Охридски комуналец“.„Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” веднаш излегоа на терен со цел да се превземат сите неопходни мерки за локализирање и гаснење на истиот. Во гаснењето на пожарот се вклучија екипите на ТППЕ од Охрид. “ – велат од јавното претпријатие.Со специјална механизација опожарениот дел од депонијата ќе се покрива со големи количини земја.Од Ј.П.„Охридски Комуналец” го известиле СВР-Охрид за...

Продолжи со читање