Skip to main content

Автор: инфодеск

Надлежните сe координираат за заштита на регионот од пожари

Post Views: 187 Мерки и координација за заштита на регионот од пожари, беше тема на работниот состанок што СВР Охрид го одржа со Локалниот совет за превенција.Целта на оваа средба е дефинирање на клучните превентивни и други мерки за поголема и поефикасна комуникација со локалното население, со советодавните групи граѓани, со урбаните и месните заедници, за следење на состојбите во шумските појаси, пасиштата и другите површини на отворен простор, донесување конкретни мерки за навремено информирање и преземање брзи реакции за спречување и заштита при евентуална појава на...

Продолжи со читање

Стево Пендаровски денеска на средби со граѓаните во Охрид, Струга, Белчишта, Вевчани

Post Views: 421 Изборниот караван на кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска доаѓа во регионот на Охрид и Струга.Пендаровски ќе биде меѓу граѓаните на Дебрца во 16:00 часот, во Вевчани во 17:30, Струга во 18:30, по што ќе се одржи и централен настан во Охрид со почеток од 20:00 часот.

Продолжи со читање

Максим Димитриевски од ЗНАМ од утре до понеделник во Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца

Post Views: 444 Кандидатот за претседател на Република Македонија, Максим Димитриевски од Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија ќе ја презентира програмата во охридско струшкиот регион.Според агендата на караванот предвидено е во сабота во 12 часот средба со граѓани во општина Вевчани, додека во 13часот и 30 минути караванот се сели во општина Струга. Од општина Струга, караванот доаѓа во Охрид каде во недела предвидено е од 18 часот да има голем собир на граѓани.„На ден 07.04.2024 година Ве покануваме на јавен собир на граѓани со почеток во 18 часот на плоштадот кај...

Продолжи со читање

Гордана Силјановска Давкова вечерва ќе ја презентира програмата во Вевчани, Струга и Ресен

Post Views: 561 Предизборната кампања за претседателските избори денеска продолжува со презентација на програмите на кандидатите на митинзи, дебати и средби со граѓани.Кандидатката за Претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова вечерва ќе ја презентира програмата во Вевчани, Струга и Ресен. Настанот во Вевчани ќе започне во 17 часот, во Струга во 18.30 часот и во Ресен во 20:30 часот.

Продолжи со читање

Продолжува растот на цените на угостителските услуги

Post Views: 274 Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во март 2024 година, во споредба со февруари 2024 година, е зголемен за 0.2 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.3 % и Алкохолни пијалаци за 0.1 %.Индексот на цените на угостителските услуги во март 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6.0 %.Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – март 2024 година, во однос на истиот период од минатата...

Продолжи со читање

Првото кино во Охрид  било изградено пред точно еден век

Post Views: 593 Изложбата на старите филмови кои ги гледале охриѓани во минатото, ги врати спомените за старото кино во Охрид. Првото кино во Охрид  познато кино „Охридско Езеро” , било изградено во далечната  1924 година, пред точно еден век,  од страна на семејството   Петкоски- Мартиноски. Тогашната опрема кинопроекторот моментално  се наоѓа  во кинотека Скопје. Љубителите на филмската уметност, велат тоа треба да биде музеј кој ќе може да го посетуваат и граѓаните и туристите и да  може да ја...

Продолжи со читање

Висок процент на вакцинација на децата во охридско струшкиот регион

Post Views: 208 Во струшко висок процент на вакцинација, дури 98,8% од децата се вакцинирани со  дитипер и полио. Висок процент на вакцинација има и во Охрид, околу 82% од децата се имунизирани. Малку понизок процент од 80 % има за првата ревакцина, која децата ја примаат на возраст од 1,5 година, причината е во тоа што во истиот  период се прима и вакцината за морбили, за која во псоледните години се крена  непотребна фама дека таа вакцина влијае врз психофизичкиот развој кај децата. Лекарите велат науката  докажала дека нема потреба од двоумење за...

Продолжи со читање

Охрид ќе се збратимува со Варна

Post Views: 383 Охрид ќе се збратимува со најголемиот црноморски град во Бугарија  и трет по големина во земјата, Варна. Оваа информација ја откри градоначалникот на бугарскиот приморски град.  Општина Варна доби барање од Охрид за збратимување, соопштил градоначалникот Благомир Коцев, на регионалната конференција  „Европа на Балканот: Заедничка иднина” што се одржува токму во Варна. Коцев изјавил дека тоа претставува исклучителна можност за зближување не само на двата града, туку и на двете држави. Градоначалникот на Варна, како што објави БТА, уште посочил...

Продолжи со читање

Утре ќе се одржи Јавната презентација и расправа за Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух  за  Општина Охрид (2023-2027)

Post Views: 237 Утре (05.04.2024г.) во големата сала на Општина Охрид, со почеток во 11 часот ќе се одржи Јавната презентација и јавната расправа за Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух  за  Општина Охрид (2023-2027).Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Охрид (2023-2027) е објавен на веб страната на Општина Охрид www.ohrid.gov.mk почнувајќи  од 15.03.2024 год. до 14.04.2024 год. Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење,забелешки и предлози....

Продолжи со читање

Црвен крст Охрид објави литературен и ликовен конкурс на тема „Духот на хуманоста„

Post Views: 221 Во рамки на програмските активности за развивање на креативниот дух кон развој и подигнување на свеста и учество во хуманоста со промоција на хумани вредности и делотворност кај целата популација, особено кај младите и децата во нашата потесна и поширока заедница, Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид објавува литературен и ликовен конкурс на тема „Духот на хуманоста„.На конкурсот може да учествуваат учениците од основните и средните училишта на општините Охрид и Дебарца и друга популација со поезија, проза и ликовна уметност.Ликовните и...

Продолжи со читање

Народниот правобранител отвори бесплатната телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право

Post Views: 233 Во канцеларијата на Народниот правобранител, од денес, четврток (4. април 2024 година) на денот на започнувањето на кампањата за избор на Претседател на Република Северна Македонија, па се до 8. мај 2024 година кога ќе се одржи вториот круг од Претседателските избори 2024 година и Парламентарните избори 2024 година, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.Сите непрaвилности граѓаните ќе можат да ги пријават во текот на предизборниот период како и на денот/деновите на гласањето,...

Продолжи со читање

Претставата “ЛАВИРИНТОТ” утре повторно на репертоарот на Народен театар Охрид

Post Views: 308 На репертоарот оваа недела претставата “ЛАВИРИНТОТ” од Димо Дешев, во режија на Ѓорѓи Ризески, во петок 05.04.2024 година, почеток 20.00 часот, цена на карта 200 денари.Играат: Ивица Цонев и Марко Богдановски.Композитор: Алмир Бајрамоски.Инспициент: Филип Ангеличин – Жура.НАПОМЕНА: Во претставата се користат пиротехнички средства!

Продолжи со читање