Skip to main content

Автор: инфодеск

Отворен ден за грижа за стари лица во Црвен крст Охрид

Post Views: 329 Во рамки на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица од 20-26 ноември, под мотото „СИТЕ СМЕ НИВНИ ДЕЦА“ Црвен крст Охрид организира промотивен настан-Отворен ден за грижа за стари лица.На настанот, од страна на волонтерите од Групата за грижа за стари лица на Црвен крст Охрид, ќе бидат презентирани бројни креативни активности и чекори кои ги презема организацијата за квалитетно и достоинствено стареење на старите лица во регионот.Настанот ќе се одржи на 21.11.2023 г. (вторник) во просториите на Црвен крст Охрид во периодот од 11 – 14 ч.

Продолжи со читање

Сончево со мала облачност и температура до 13 степени

Post Views: 202 По суденото утро со температура од -1 степен, преку денот во Охрид времето ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Максималната дневна температура ќе се искачи до 13 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.Во вторник по одделни котлини во Македонија ќе има појава на магла и ниска облачност, а кон крајот на денот најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во среда и во останатите делови ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Утринската температура ќе биде во пораст.фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Колку дезинформациите ја минираат туристичката сезона?

Post Views: 590 Пред почеток на главната туристичка сезона во охридскиот регион, како непишано правило, секоја година започнува „кампања“ со разноразни фотографии и информации за слабости во туризмот на македонскиот бисер. Најчесто на портали и социјални мрежи, се шират содржини од непотврдени извори, но и вистинити информации зачинети со сензационализам дури и тенденциозност кои фрлаат сенка на напорите на сите чинители во туризмот за квалитетна понуда и успешна сезона.Споделете го со нас вашето мислење за тоа колку дезинформациите влијаат врз туристичката сезона со...

Продолжи со читање

На семејството Автароски од Ливадишта, чиј дом беше уништен во пожар, потребна му е помош

Post Views: 504 Силен пожар ја „проголта” куќата на семејството Автароски во струшкото село  Ливадишта.  Се’ што макотрпно граделе  го снема за неколку мигови, изгоре во пламените јазици кои избувнале околу  полноќ  пред два денови.Огнената стихија го пеплоса покривот,  целата покуќнина, дограмата и облеката.Во целата несреќа, среќа е што едно од двете деца, било будно, па успеале да се спасат без да бидат повредени.„Децата ми се јавија. Тато гориме! Излегувајте надвор од куќата веднаш им реков. Тие сакаа да гаснат со вода, ама има и...

Продолжи со читање

АППТ: До 2025 год зголемување од 50% на гостите и ноќевањата од земјите на Отворен Балкан

Post Views: 448 Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и оваа година има значајна улога во презентација на македонските туристички потенцијали на саемот “Винска Визија на Отворен Балкан” – Вино, храна и туризам,кој се одржува од 16ти до 19ти ноември во Белград, Република Србија.“Резултатите на Отворениот Балкан се видливи на полето од туризмот преку овогодишните  постигнувања во туристичкиот сектор, кој е во раст не само помеѓу трите земји, Северна Македонија, Србија и Албанија туку и поединечно споредбено со останатите земји во регионот и Европа....

Продолжи со читање

Презентација на новиот систем за молекуларна дијагностика на Центарот за јавно здравје Охрид

Post Views: 315 Центар за јавно здравје Охрид од неодамна се опреми со најсовремена апаратура и воспостави целосно автоматизиран систем за молекуларна дијагностика во кој се интегрирани екстракција на нуклеински киселини ДНК и РНК, PCR амплификација во реално време и интерпретација на резултати.„Со тоа на корисниците на нашите услуги му овозможуваме да добијат брзи и точни резултати за анализите: Скрининг на присуство на високо ризични типови на хуман папилома вирус (ХПВ скрининг), одредување на поединечни генотипови-генотипизација на 14 високо ризични типови на хуман...

Продолжи со читање

Почина Мето Јовановски, бардот на македонското глумиште

Post Views: 478 На 77-годишна возраст денеска почина театарскиот, филмски и телевизиски актер Мето Јовановски.Роден е во 1946 во с. Панчарево, Пехчевско. Актерската кариера ја започнал на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Во 1971 година завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје.Првата филмска улога ја остварува во „Македонскиот дел од пеколот“, а неговиот опус во македонската и ексјугословенската кинематографија брои 100 улоги на филм и ТВ....

Продолжи со читање

Маја Протуѓер преку дуално образование и грант отвори сопствен бизнис

Post Views: 1.921 21 годишната охриѓанка, Маја Протуѓер  храбро започна свој бизнис. Преку програмата за самовработување со грант на Агенцијата за вработување, во висина од 5000 евра, таа го оствари својот  сон.Учеше во стручното училиште ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски”, во козметичкиот смер,  каде што  преку програмите за  дуално образование успеа да стекне шестгодишно работно иксуство. За денес во сопствен салон да оствари самовработување и  самостојно да  нуди фризерски и шминкерски услуги. Вели сака да им биде инспирација на младите, да се...

Продолжи со читање

Акција за подигнување зелен отпад од “Радојца Новичиќ” во сабота

Post Views: 281 Ј.П.”Охридски Комуналец”- Охрид на ден 18.11.2023 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.14 Радојца Новичиќ.“Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 18.11.2023 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.” – велат од јавното...

Продолжи со читање

Охридската библиотека во чест на 100 годишнината од раѓањето на Ацо Шопов

Post Views: 430 2023 година е прогласена за година на Ацо Шопов по повод 100 годишнината од неговото раѓање. Во одбележувањето на овој голем и значаен јубилеј во петок, 17 ноември, од 12 часот со пригоден настан ќе се вклучи и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.„Поетот Ацо Шопов низ призмата на критичарот Милан Ѓурчинов“ е мотото на настанот кој ќе се одржи во Прличевата одаја, а гости ќе бидат ќерките на Шопов и Ѓурчинов, Јасмина Шопова и Анастасија Ѓурчинова.Модератор на настанот ќе биде Милчо Јованоски.

Продолжи со читање

Македонскиот филм “Лена и Владимир” во сабота на кино репертоарот на Центар за култура

Post Views: 399 На кино репертоарот во НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид ќе се прикажува волшебната приказна на новиот македонскиот филм “Лена и Владимир” во сабота 18.11.2023 година.Судбината спојува двајца бегалци, Владимир, 40-годишен маж кој ја изгубил сета своја љубов и Лена, 16-годишна девојка која никогаш немала љубов. Тие си помагаат еден на друг да ја откријат љубовта кон животот.Траење на филмот: 95 МинутиЗемја / година: MKD, SRB/2020Жанр: Драма, ТрилерГлумци: Тони Наумовски, Сара Климоска, Дениз Абдула, Петар...

Продолжи со читање

Сончево со умерена облачност и температура до 13 степени

Post Views: 198 Времето денеска во Охрид ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 13 степени.Во петок во Македонија ќе дува засилен јужен ветер, а попладне под влијание на нов влажен и студен бран ќе има врнежи од дожд, пообилни во ноќните часови кога на планините ќе преминат во снег. За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и студено време со засилен, повремено силен северен ветер. Ќе има и локални слаби врнежи претежно на повисоките места и на...

Продолжи со читање