Автор: инфодеск
Views: 148 Четвртата трубадурска генерација, ВИС Билјана од Охрид одбележува 16 години од своето формирање и постоење. Тие се чувари на староградскиот мелос. Ја негуваат, шират и всадуваат љубовта кон музичка традиција. Важат за достојни наследници на охридските трубадури, и креатори на Охридската визита, која не е само музика туку и сценографија и комплетна приказна.Охридската визита се роди пред 13 години, како настан во чест на шеесет...
Уапсен охриѓанец кој го запалил глисерот на својот брат, пожарот зафатил зграда и автомобил
Views: 91 Ноќеска во 03:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода лишија 52 годишно лице од Охрид.-Тој се сомничи дека околу 02:33 часот во дворно место на улицата „Даме Груев” во Охрид, предизвикал пожар на глисер, кој се проширил и зафатил дел од зграда и патничко возило „мерцедес” со охридски регистарски ознаки, кои се сопственост на неговиот брат. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид.Лицето е задржано во полициска станица и во службен разговор го призна делото, информираат од СВР...
На денешен ден Атина Бојаџи го преплива Ла Манш
Views: 84 На денешен ден во далечната 1969 година охриѓанката Атина Бојаџи го преплива каналот Ла Манш. Охриѓанката која успеа да се соочи со неверојатниот предизвик запишувајќи се како една од првите жени во светот кои успеале да го препливаат „страшниот канал“. Атина, патеката долга 50 километри од каналот Ла Манш ја преплива со време од 13 часа и 20 минути. Претходно уште со 18 години стана светски шампион во маратонско пливање во солени води, откако триумфираше во 1962 година на патеката Капри – Наполи.И денеска го држи рекордот на најмлад шампион на Охридскиот пливачки маратон со...
Младата фудбалска репрезентација на Македонија попладнево ќе го игра вториот натпревар во квалификациите за ЕП 2027 против Италија
Views: 139 Македонската фудбалска репрезентација до 21 година попладнево ќе го игра вториот натпревар во квалификациите за ЕП 2027 година.-Фудбалерите се подготвени за Италија. Анализиравме и планот за мечот е направен. Италија е многу поразлична репрезентација од Полска. Играат различен систем, тактички се на врвно ниво, имаат брзи крила и треба да бидеме многу внимателни, изјави селекторот Станиќ.Натпреварот ќе се игра во 18:15 часот на реновираниот стадион „Петар Милошевски“ во Битола, кој по долги години ќе угости една македонска селекција. Според најавите, трибините, чиј...
Денес ќе биде промовирана фотомонографијата – „Свето Таинство“ на уметникот и фотограф Зоран Летра
Views: 88 Денес ќе биде промовирана фотомонографијата – „Свето Таинство“ на уметникот и фотограф Зоран Летра. Во уметничката фотомонографија се поместени 90 фотографии со мотиви од Охрид и 9 текстови од еминентни уметници, професори и истражувачи.Во ова единствено дело кое зборува со јазикот на тишината, секоја слика е нешто свето, а секој кадар одразува хармонија.„Свето Таинство“ е во издание на Општина Охрид, а ќе биде промовирано од охридскиот поет Славе Ѓорго Димоски.
Прекин во водоснабдувањето на дел од „Кеј Македонија“ и дел од населбата Охридати
Views: 75 Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 09:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на дел од улицата „Кеј Македонија“ и дел од населбата Охридати.-Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата, велат од претпријатието.
Во Охрид приведена 28-годишна жена од ресенско која претходно физички го нападнала нејзиниот сопруг
Views: 120 На 7-ми септември 2025 година, во 18:25 часот, на улицата „Кленоец“ во Охрид, приведена е 28-годишна жена од ресенско, која претходно, физички го нападнала нејзиниот сопруг.– По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
Денес започнува Фестивалот на македонски филм во Македонскиот културен центар во Загреб
Views: 80 Со свечено отворање на Фестивалот на македонски филм – македонски филмски класици во Загреб денеска ќе биде одбележан 8 Септември, Денот на независноста на Македонија.Во рамките на програмата ќе бидат прикажани четири долгометражни играни и исто толку краткометражни филмови, кои оставиле траен белег во македонската кинематографија, а претставуваат филмски остварувања на реномирани македонски режисерски имиња, меѓу кои се Столе Попов, Љубиша Георгиевски, Милчо Манчевски, Димитрие Османли и Митко Панов. Тие ќе бидат прикажани во киносали во 13 градови во Хрватска,...









