Автор: инфодеск
Post Views: 428 Потребни се засилени мерки за заштита на рибниот фонд во Охридското Езеро, кој за жал последните децении е на работ на истребување. Еколозите предлагаат поставување на термални камери на потегот од Пештани до Свети Наум и во струшкиот дел од Радожда до Калишта. За целосна заштiта , велат потребни се мерки и од албанска страна.Термалните камери ќе може во ноќните часови да регистрираат се она што се случува во езерото за да се намали рибокрадството.„Сметам дека крајно време е да се употребат посовремени технички средства за...
Расте бројот на социјално загрозени пензионери во струшко
Post Views: 332 Зголемен бројот на социјално загрозени пензионери во струшко. Се поголем број граѓани од третата доба бараат финансиска помош од Здружението на пензионери за лекови, за храна, за сметки.Со поскапувањето на цените, голем дел од пензионерите живеат на работ на сиромаштија, доведедени во состојба да молат за еднократна финансиска поддршка. „ За жал не можат, а тоа е грижа на државата. Запрепастувачки е тоа што имаат некои 9000 некои 10 000 денари е сега замислете колку таа фамилија може да преживее со тие...
Во сабота бесплатна вакцинација против сезонски грип, без термин, во Службата за вакцинација во Охрид
Post Views: 265 Во сабота, (18.11.2023 год.) во Службата за вакцинација во кругот на Општа болница Охрид, поточно на самиот влез кај рампата, ќе се врши вакцинација против сезонски грип на граѓани кои сакаат да ја примат вакцината без разлика на возраст и без термин. Вакцината ке биде бесплатна.Вакцини ќе бидат аплицирани во периодот од 11 до 14 часот.Оние граѓани кои сакаат да бидат вакцинирани, но не се во можност да дојдат во Службата за вакцинација, ќе можат да ја примат вакцината во домашни услови доколку се јават на телефон 071 366 564 и да остават...
Предавање за врсничко насилство во ОУ „Ванчо Николески” во Лескоец
Post Views: 295 На 14.11.2023 година, полициски службеници од СВР Охрид во основното училиште „Ванчо Николески” во охридското село Лескоец, реализираа превентивен проект на тема „Врсничко насилство”. Притоа, низ интерактивен пристап, на учениците од шесто до деветто одделение им беа објаснети појавните форми и облици на манифестирање на насилство помеѓу врсниците „булинг” и он-лајн насилството „сајбер булинг”, како крајно штетни и опасни појави при користење на социјалните мрежи.Околу 150 ученици беа запознати како треба да реагираат доколку...
Граѓаните кои до 6-ти ноември поднеле барања за замена, да ги подигнат новите лични документи
Post Views: 369 Отсекот за управни работи при СВР Охрид, ги повикува граѓаните кои до 06.11.2023 година, поднеле барања за замена на старите со нови лични документи, дека истите можат да ги подигнат во просториите на одделението во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.Новите лични документи можат да ги подигнат секој работен ден од 07.30 до 19.30 часот.„Отсекот за управни работи секојдневно ги прима и навремено ги процесуира сите барања за вадење нови лични документи што ги доставуваат граѓаните со цел забрзување на постапката и брзо решавање на апликациите доставени од...
Прекин на водоснабдувањето во Далјан
Post Views: 323 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 09:30 часот ќе има повеќечасовен прекин во водоснабдувањето во населбата Далјан, поточно на сите споредни улици од улицата „Гоце Делчев“ на потегот од крстосницата со улицата „Бистрица“ до Здружение на возачи.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.
Вонредна акција за подигнување кабаст отпад од Пештани во петок
Post Views: 186 По барање на месната заедница од село Пештани, ЈП„Охридски Kомуналец” во петок, 17 ноември, ќе организира вонредна акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од село Пештани.„Се молат граѓаните доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 17.11.2023 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.“ – велат од претпријатието.Кабастиот отпад, додаваат, треба да е...
Од денес затворен патот Ресен-Охрид преку НП Галичица
Post Views: 498 Од денес се затвора патниот правец Р-504 Ресен-Охрид преку националниот парк Галичица. Овој патен правец години наназад од 15 ноември до 31 март е затворен за сообраќај за сите видови возила.Причините се што патот е на највисокиот планински превој во Македонија , каде има воздушни влијанија непредвидливи ветрови врнежи од снег, ниски температури и е тежок за одржување , велат од Македонија Пат за Охриднет.
Замрзнатите цени на овошје и зеленчук ќе важат до крај на годинава
Post Views: 416 Владата, на предлог на Министерството за економија, донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со којашто се утврдува највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо во вкупен износ до 10% и во вкупен износ до 15% во трговијата на мало.Согласно владината одлука, вака утврдената највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, наместо до 30-ти ноември, ќе се применува...
Променливо облачно, попладне со врнежи од дожд
Post Views: 280 Денеска во Охрид претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од западен правец. Максималната дневна температура до 17 степени.Во четврток во Македонија ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во петок ќе дува засилен јужен ветер, а попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, пообилни во ноќните часови. Во сабота врнежите ќе бидат локални, а на планините ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе...
Жетва на медали за клубовите на М.Т.Т.Ф од “БУГАРИЈА ОПЕН 2023” и “КОРЧА ОПЕН 2023”
Post Views: 721 Македонска Традиционална Таеквон-до Федерација викендов учествуваше на два Меѓународни натпревари ” БУГАРИЈА ОПЕН 2023″ во Пловдив и “КОРЧА ОПЕН 2023” во Албанија.Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација ( ИТФ ), под водство на претседателот Марјанчо Лазревски, учествуваа на Меѓународен Таеквон-до ИТФ А класа натпревар “БУГАРИЈА ОПЕН 2023” во Пловдив, Бугарија, на кој учествуваа над 700 натпреварувачи од 12 земји од Европа. На овај престижен натпревар охриѓанката Христијана Парулеска, која поради...
Ученички од струшкото „Нико Нестор” дел од Платформата за женско семејно претприемништво
Post Views: 402 Ученичките од струшкото училиште „Нико Нестор” ќе бидат дел од Платформата за женско семејно претприемништво. Со подршка на амбасадата на Словенија изминативе неколку месеци ученичките имаа обуки за плетење, шиење, везење, преку подобрување на рачните вештини и социјално вмрежување да стигнат до сопствен бренд.Целта е поттикнување на претприемачкиот дух кај младите но и нивно самовработување.„Дополнителна едукација даваме на мануелните вештини како своето знаење да го претворат во сопствен бренд и како понатаму да се...
