Skip to main content

Автор: инфодеск

Тече втора постапка за враќање во Македонија на украдените икони пронајдени во Тирана

Views: 104 Во тек е постапка за враќање на  36-те украдени икони од земјава пронајдени во Албанија. По првата успешна реституција, кога  беа вратени   20  икони, тече  втора,  за  иконите, кои албанската полиција ги заплени во април 2022 година во Тирана. Станува збор за непроценливо културно историско богатство, кое земјава прави напори  да го врати дома.-Да, еден дел од тие икони кои беа однесени пред 20 години, дел се вратени, а дел до прва треба да ги вратиме, тоа е сет тековно, процедурата е отворена и мислам дека за скоро...

Продолжи со читање

Утре промоција на фотомонографијата – „Свето Таинство“ на уметникот и фотограф Зоран Летра

Views: 66 Во вторник на 9 септември во 12 часот, во Лапидариумот ќе биде промовирана фотомонографијата – „Свето Таинство“ на уметникот и фотограф Зоран Летра. Во уметничката фотомонографија се поместени 90 фотографии со мотиви од Охрид и 9 текстови од еминентни уметници, професори и истражувачи.Во ова единствено дело кое зборува со јазикот на тишината, секоја слика е  нешто свето, а секој кадар одразува хармонија.„Свето Таинство“ е во издание на Општина Охрид, а ќе биде промовирано од охридскиот поет Славе Ѓорго Димоски.

Продолжи со читање

Градоначалник Пецаков

Честитка од градоначалникот Пецаков по повод Денот на независноста

Views: 90 По повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до граѓаните.Нека ни е честит и  вековит денот на независноста на нашата татковина. На 8ми Септември 1991 година, единствени во намерата за да бидеме свои на своето, на нашиот трет Илинден, храбро, одлучно  и одговорно го остваривме  вековниот сон за слободна, независна и суверена Република Македонија. Наша е обврската да го сочуваме  наследството за кое нашите предци се избориле. Она што тие ни го оставиле да им го предадеме на поколенијата. Треба да знаеме...

Продолжи со читање

Положено цвеќе во спомен на жртвите од несреќата на бродот „Илинден“

Views: 56 ‎Делегација на Општина Охрид предводена од Ана Крстеска, заменик градоначалник денеска положи свежо цвеќе на спомен обележјето „Солза на Роза“, по повод 16 години од несреќата на бродот „Илинден“ во која загинаа 15 бугарски туристи.Свежо цвеќе на меморијалниот споменик положија и делегација на Бугарската амбасада во Скопје, претставници на Бугарскиот конзулат во Битола, Капетанијата на пристаништата и граѓански здруженија.‎Несреќата се случи на 5-ти септември 2009 година во 10:30 часот на околу 250 метри оддалеченост од брегот на Охридското Езеро, кај автокампот...

Продолжи со читање

81 година од формирањето на Шестата Народноослободителна бригада 

Views: 71 На пригодна свеченост, во поранешната касарна во Охрид беше одбележана 81 годишнината од формирањето на шестата  народноослободителна бригада и 33 годиншнината  од формирањето на шестата пешадиска бригада на Армијата на Република Македонија. Формирањето на шестата народноослободителна бригада претставува круна на Народноослободителното движење во регионот, оттаму што означува формирање едно национално тело за борба против фашизмот, рече градоначалникот Кирил Пецаков во обраќањето пред присутните, поранешни армиски генерали во пензија, претседатели на воените ветерани и...

Продолжи со читање

НУ Хидробиолошки Завод Охрид одбележа импозантен јубилеј, 90 години од основањето

Views: 0 Со свечена академија, која се одржа во катедралната црква св.Софија, НУ Хидробиолошки Завод Охрид одбележа импозантен јубилеј, 90 години од основањето . Тој е еден од првите четири научни институции во Македонија. Основан во далечната 1935 година од професорот д-р Синиша Станковиќ, а во 1951 година, дотогашната Хидробиолошка станица прераснува во Завод, продолжувајќи ја својата научна дејност како институција од стратешко значење за државата.„Од тие први денови, па се до денес, заводот ја исполни својата мисија, истражување, заштита и одржливо управување со езерата и...

Продолжи со читање

Прв училиштен ден во новата зграда на ООУ „Кочо Рацин“

Views: 75 Градоначалникот Кирил Пецаков денеска присуствуваше на пригорната свеченост по повод првиот училиштен ден, која се одржа во новата училишна зграда на ООУ „Кочо Рацин“.Во своето обраќање пред бројните ученици, родители и наставници, градоначалникот Пецаков истакна дека му е  особено мило што има можност да ја почувствува радоста на првиот училишен ден и да упати најубави желби за успешен почеток на новата учебна година.–Локалната самоуправа покажа дека стои цврсто зад образованието како приоритет. Во време кога светот се менува со невидена брзина, токму...

Продолжи со читање

Прекин вода

Жителите на Вапила бараат од надлежните решавање на проблемот со водоснабдувањето

Views: 87 Жителите на селото Вапила апелираат до надлежните институции да се преземат мерки и да се овозможи редовно снабдување со вода.– Водата е основно човеково право и неопходност за живот. Секој човек има право на чиста и сигурна вода за пиење, готвење, лична хигиена и секојдневни потреби. Без вода, животот е невозможен. Ние, жителите на селото Вапила, се соочуваме со голем проблем. И покрај тоа што редовно го плаќаме месечниот надомест за водоснабдување, вода нема. Нашите чешми се суви, а ние сме принудени да бараме вода на други начини, што го отежнува секојдневниот живот. Без...

Продолжи со читање