Skip to main content

Автор: инфодеск

Од утре задолжително поседување зимска опрема во автомобилите

Post Views: 249 Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата. (Службен весник бр. 31 од 2010 година), како зимска опрема на моторните возила се подразбира:За моторни возила кои не надминува 3.500 кг.:– зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем...

Продолжи со читање

Бeсрeбрeници и чудoтвoрци Свети Кoзма и Дамјан – Свети Врачи

Post Views: 229 Православните верници денеска ги слават Светите Козма и Дамјан, господови лекари наречени и Свети бесребреници.Св. Кoзма и Дамјан Бeсрeбрeници и чудoтвoрци, браќа пo тeлo и пo дух, рoдeни нeгдe вo Азија, oд таткo нeзнабoжeц и мајка христијанка. Пo смртта на таткoтo, нивната мајка Тeoдoтија сeтo врeмe и труд им ги пoсвeтила на свoитe синoви да ги вoспита и да ги пoдигнe какo вистински христијани. И Бoг ѝ пoмoгнал, та нeјзинитe синoви израсналe какo двe слатки oвoшки и какo два свeтилника вo свeтoт. Билe научeни на лeкарска вeштина и бeсплатнo им пoмагалe на...

Продолжи со читање

Сончево со мала облачност и температура до 16 степени

Post Views: 268 Денеска во Охрид сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната дневна температура до 16 степени.Во следните два дена во Македонија ќе се задржи релативно топло време со појава на утринска магла во одделни котлини. Локални врнежи од дожд ќе има во попладневните и вечерните часови во среда и во петок. Во сабота ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Патната инфраструктура тема на емисијата Прашалник

Post Views: 343 Децениската изградба на автопатот Кичево Охрид, но и состојбите во целокупната патна инфраструктрура во општина Охрид тема на емисијата Прашалник на ТВМ телевизија.  Последните најави од владата се доколку кинеската Синохидро не ја заврши изградбата на автопатот, до крајниот рок 31 декември годинава, можно е раскинување на договорот.Експертите појаснуваат дека дел од причините за одолговлекувањето на изградбата се непредвидени предизвици. Појава на нови свлечишта на трасата и поради тоа ќе се ангажираат меѓународни експерти кои ќе дадат предлог проектантски...

Продолжи со читање

Во септември 90 000 странски туристи ја посетиле Македонија

Post Views: 250 Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во септември 2023 година изнесува 124 800, од кои 27.9 % се домашни туристи, а 72.1 % се странски туристи.Земјава во статистичкиот период ја посетиле 90 031 странски турист кои оствариле 168 689 ноќевања. Најголем број туристи во септември дошле од Турција вкупно 23. 252, потоа од Србија (8.691), Германија (5. 415), од Полска (4 965) и Холандија (3 243).Бројот на ноќевањата во септември 2023 година изнесува 256 831, од кои 34.3 % се од домашните туристи, а 65.7 % од странските...

Продолжи со читање

Црвен крст Охрид организира обука за Личен асистент на лица со попреченост

Post Views: 460 Со цел развивање на услугите за долготрајна помош на лицата со попреченост од страна на квалификуван и професионален кадар, Црвен крст Охрид организира обука за Личен асистент на лица со попреченост. Обуката, која содржи теоретски и практичен дел, трае 2 месеци, а ќе се реализира во простории на Црвен крст Охрид, прилагодени и опремени со потребната опрема и помагала. Обуката ќе ја изведува наставен кадар-едукатори (доктор по медицина, медицинска сестра, социјален работник и дефектолог), пет дена во неделата, во период заеднички договорен.По успешно...

Продолжи со читање

Привршува изградбата на канализациониот систем во Волино

Post Views: 318 Во село Волино во тек е последната фаза од доизградба на канализациониот систем /изградба на пумпната станица број 3 ,со што целосно ќе биде завршена изградбата на овој систем.Вкупната вредност на работите од оваа фаза изнесува 2.831.604 денари од кои од Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Програмата за инвестирање во животната средина за 2023 година, обезбедени се 2.000.000 денари, а 831.604 денари се обезбедени од буџетот на општината за 2023 година.Во село Лешани привршува првата фаза од изградбата на уличната...

Продолжи со читање

Медали, дипломи и пофалници за охридски гимназијалци на 56. Детски Рацинови средби

Post Views: 320 ,,Да му го земеш јазикот на еден народ – тоа значи да му ја земеш душата” – беше главниот Рацинов одек и тема за Рациновите следбеници од цела Македонија да се натпреваруваат на 56. Детски Рацинови средби во Велес.Ученици од ОСУ ,,Свети Климент Охридски”-Охрид, заедно со посветените ментори, професорите по Македонски јазик и литература освоија грст медали, дипломи и пофалници на 56. Детски Рацинови Средби.Под менторство на проф. м-р Перчо Божиновски учениците:Рецитаторката Константина Крежеска (IV-5) се закити со сребрен медал и...

Продолжи со читање

Сончево со умерена облачност

Post Views: 250 Денеска во Охрид времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се задржи на 14 степени.И за вторник метеоролозите најавуваат стабилно време, сончево со мала до умерена облачност. Во среда во попладневните часови се очекуваат нови врнежи од дожд.фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Yugo Rally 2023 од Охрид до Крањска Гора

Post Views: 511 Се уште постои носталгија за бившиот југословнески дух. 28 авантуристи од повеќе земји со 14 стари автомобили од брендот Застава  ЈУГО утрово од Охрид тргнаа на турата „Југо-трип”. Со возила стари повеќе од три децении ќе патуваат од Охрид  преку Лесковац, Златибор, Подгорица, Мостар, Шибеник, Плитвице,Порторож до Крњска Гора.Идејата за оваа необично уникатно патување е на охриѓанецот Блаж Поп Стефанија, а целта е вели  да се потсетат како во минатото се патувало од една во друга југословенска  република. Но и промоција и...

Продолжи со читање

Дизелот поевтинува за 2,5 денари

Post Views: 307 Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се намалуваат за 2,50 денари по литра, а на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, одлучи денска Регулаторната комисија за енергетика.Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 78,00, а на Екстра лесното масло 77,50 денари за литар. Поевтинува и Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 43,743 денари.

Продолжи со читање

Во Сливово одбележани 80 години од формирањето на Првата Македонско – косовска ударна бригада

Post Views: 383 Денеска во селото Сливово беше одбележан јубилејот- 80 години од формирањето на Првата Македонска-косовска ударна бригада. Делегации од Општина дебрца и ОО на Сојузот на борци од НОБ од Охрид и Дебрца и граѓани продолжувачи положија букети свежо цвеќе пред меморијалниот споменик Спомен-чешма со мозаички сцени во центарот на селото каде што на 11 ноември  1943 година е формирана Првата македонско-косовска бригада.Македонија е држава која е родена на придобивките на НОБ,олицетворени преку историските одлуки на АСНОМ, во 1944 година ,кои практично...

Продолжи со читање