Skip to main content

Автор: инфодеск

Староградска вечер и изложба вечерва на Ohrid Water Festival

Views: 127 Во 19 часот на „Кеј Македонија“ пред хотел Нова Ривиера ќе се одржи настанот 30 години УНДП во С. Македонија, а ќе биде поставена и изложбата „Патување по синилото: Св. Наум до Радожда“ на Клубот за подводни дејности Охрид.Во 21:00 часот, на истата локација, уживајте во староградска музика на концертот на Охридскиот камерен оркестар во рамки на Ohrid Water Festival. Влезот е бесплатен.

Продолжи со читање

Ова лето пловидбата во Охридското Езеро минува безбедно,  без ниту еден инцидент

Views: 93 Ова лето езерската пловидба во Охридското Езеро минува  безбедно,  без ниту еден инцидент. Инспекторите и езерската полиција постојано се на терен. Од јуни до денес  извршени  се стотина надзори, а казнети се 75 сопственици на чамци, глисери. Најчести прекршоци се   глисирање на помалку од 300 метри до брегот, управување  без пловидбена дозвола и пловење во време кога е забрана.-Во овој период е зголемен обемот на испекциски надзор во соработка со Езерската полиција  и сакам да апелирам до...

Продолжи со читање

Стружани бараат возобновување на црквата кај Женска плажа

Views: 92 Со масовен црковно  народен собир стружани денес  на големиот христијански  празник Успение на пресвета Богородица, повторно побараа  возобновување на  црковниот храм кај  Женска плажа. Идејата е стара речиси две децении , да се возобнови црквата врз  старите темели на црковно земјиште.Но иницијативата иако е поднесена повеќе пати до општината,   не наидува на разбирање кај локалните власти и  не добива  одобрение за градба.– Идејата за возобновување на ова светилишто овде не е од сега. Знаете да, со децении тлее, не уште во...

Продолжи со читање

Успешнa 3-та меѓународна веслачка регата во Охрид

Views: 102 Во рамките на Ohrid Water Festival, успешно се одржа третата по ред меѓународна веслачка регата. Настанот, во организација на Веслачкиот клуб Горица Ремо од Охрид, собра на едно место клубови од Македонија, Србија и Бугарија (ВК Црн Дрим и ВК Врбник од Струга, ВК Галеб од Земун и ВК Зренекс од Зрењанин- Србија и ВК Черпоков и ВК Хеброс, Пловдив- Бугарија)Регатата започна со посебна, емотивна нота. Настанот беше отворен со меморијалната трка скиф за јуниорки во чест на Јулијана Николиќ, талентираната веслачка чие сеќавање живее низ спортот, победник во таа трка беше...

Продолжи со читање

Премиера на „Време, вода, наследство: Охрид“ филм на Илија Пиперкоски

Views: 98 Денеска во 21:15 часот во предворјето на црквата „Св. Софија“ во Охрид ќе се одржи промоцијата на документарниот филм за Охридскиот маратон „Време, вода, наследство: Охрид“ на Илија Пиперковски. Се работи за динамичен документарец за 70 години Охридски пливачки маратон – спорт што ја мери човечката издржливост, волја и амбиција.По сценарио и режија на Илија Пиперкоски, филмот преку ретки архивски материјали и нови интервјуа со легендите Дики Бојаџи, Теодора Раптис, Томи Стефановски, Евгениј Поп Ацев и 11-кратниот победник Петар Стојчев, ја реконструира еволуцијата на...

Продолжи со читање

Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица

Views: 87 Празникот Успение на Пресвета Богородица се слави на петнаесетиот ден од месец август (28 според новиот календар). Нему му претходи двонеделен Богородичен, или Преображенски пост. Овој празник го слави успението, воскресението и прославувањето на Пресвета Богородица, и нејзиното преселување во Царството Божје.Празникот спаѓа меѓу дванаесетте големи христијански празници и во народот е попознат како Голема Богородица. Поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците празникот во многу места се прославува со црковно народни собири.Именден празнуваат: Марија,...

Продолжи со читање

sleeping baby on white textile

Негативен природен прираст во Охрид, во второто тримесечје 67 помалку родени од умрени

Views: 104 Продолжува трендот на негативен природен прираст на населението во Охрид. Според податоците на Државниот завод за статистика природниот прираст во второто тримесечје од годинава е негативен и изнесува -67, што значи дека за толку  лица е помал бројот на живородените деца од  бројот на умрените лица. Во статистичкиот период во Охрид на свет дошле 98 живородени деца, а починале 165 лица.Во ова тримесечје од годината во Охрид се склучени 87 бракови, а регистрирани се 30 разводи на брак.Во Струга во второто тримесечје природниот прираст е -1.На ниво на Македонија...

Продолжи со читање

Градски гробишта

Ќе се подобрува инфраструктурата во градските гробишта во Охрид

Views: 115 Средствата наменети за подобрување на инфраструктурата во градски гробишта во Охрид не се искористени. Локалната самоуправа аплицираше на првиот владин повик за инфраструктурни проекти финансирани со унгарскиот кредит и беа одобрени средства за асфалтирање улици во склоп на градските гробишта. За причините зошто не е отпочнато со градежните зафати стана збор на последната седница на совет, а дискусијата ја покрена советникот од ВМРО НП, Ванчо Костоски осврнувајќи се на реализацијата на програмата за комунални дејности.„Од она што прашав на Комисија е дека проектот за...

Продолжи со читање