Skip to main content

Автор: инфодеск

муниција пиштол

37 годишен охриѓанец доби кривична за нелегално поседување оружје

Post Views: 559 На 10.11.2023 година, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”.„При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со оружје кај него пронајдоа и одзедоа пиштол, рачна граната, ловна пушка и 493 куршуми со различен калибар, кои нелегално ги поседувал.“- информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан...

Продолжи со читање

Пронајдена почината 45 годишна жена во својот дом во Охрид

Post Views: 898 На 09.11.2023 година во 13.50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во својот дом во Охрид била пронајдена почината С.П.(45) од Охрид. Лекар од Итната медицинска помош од Охрид констатирал смрт без траги на насилство. Увид извршија полициски екипи, а по наредба на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција, информираа од СВР Охрид.

Продолжи со читање

ЦЈЗ Охрид: Водата од градскиот водовод во Струга е здравствено безбедна

Post Views: 302 Денеска заврши комплетната физичко-хемиска и микробиолошка анализа на примероците на вода за пиење земени на 7.11.2023 г. од градската водоводна мрежа во Струга, информираат од Центарот за јавно здравје Охрид.„Сите анализирани параметри на земените примероци на вода се во законски дозволените граници, што значи дека согласно Правилникот за безбедност на вода водата од Градскиот водовод во Струга е здравствено безбедна. Извештаите од анализите се испратени до надлежните инспекциски органи за натамошно постапување.“ – велат од ЦЈЗ Охрид.Оттаму...

Продолжи со читање

Вечерва премиера на „Лавиринтот“ на Народен театар Охрид

Post Views: 454 Народен театар Охрид, вечерва со почеток во 20:00 часот ќе ја одигра новата премиера на претставата „Лавиринтот“ од Димо Дешев, во режија на Ѓорѓи Ризески.Во претставата играат Ивица Цонев и Марко Богдановски. Композитор е Алмир Бајрамоски, а во претставата се користат пиротехнички средства, информираат организаторите.Билетите се продаваат по цена од 250 денари. 

Продолжи со читање

Ново детско игралиште во населба Рача

Post Views: 340 Уште едно комплетно ново детско игралиште доби Охрид. Во населба Рача завршија активностите за изградба на комплетно ново детско игралиште.Игралиштето е опремено со соодветни детски реквизити и поставена е специјална гумирана подлога.Активностите за изградба се дел од програмата за изградба на урбана опрема на територијата на Општина Охрид.

Продолжи со читање

Едно починато лице и две повредени во пожар на куќа во Требеништа

Post Views: 530 Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид во раните утрински часови интервенираше на опожарен индивидуален објект во распламтена фаза , во село Требеништа – Општина Дебарца.„При самата интервенција извлечени се две лица со изгореници и повреди по телото од помал степен. Во истиот објект пронајдено е уште едно починато лице. “ – информираа од ТППЕ Охрид.Повеќе информации се очекуваат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба

Post Views: 279 По повод 8-ми Декември – Св.Климент Охридски – Патрон на градот, Општина Охрид распиша Награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба.Темата на Конкурсот треба да се однесува на Охрид и животот и дејноста на Свети Климент Охридски.По овој Конкурс, Општина Охрид ќе додели три први награди за најдобра поетска творба во три различни категории:I За ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение);II За ученици од предметна настава(од шесто до деветто одделение);III За ученици во средно образование (од прва до четврта...

Продолжи со читање

Облачно со повремени врнежи од дожд

Post Views: 241 Времето денеска во Охрид ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во ноќните часови. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 14 степени.Под влијание на нов влажен бран времето во Македонија во следните денови ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои на повисоките планини повремено ќе преминуваат во снег. Наместа ќе има пообилни врнежи, а во сабота и локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во сабота ќе дува засилен ветер југозападен правец. Во почетокот на...

Продолжи со читање

Форумот на Југозападен плански регион започна со избор на приоритетни проекти за 2024/2025

Post Views: 364 Со организирањето на првиот регионален форум во Југозападниот плански регион започна процесот на генерирање на проектни идеи за развивање на проекти за програмскиот период 2024/2025 година.Околу 50-тина претставници на значајните засегнати страни од Регионот на форумот одржан во Струга ги утврдија приоритетите според кои Центарот за развој во следниот период ќе ги развие проекти со кои ќе аплицира кај Министерството за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој.„Низ форумската дебата главен акцент беше ставен на потребите на граѓаните, при...

Продолжи со читање

Повторно отворен огласот за обука кај конкретен работодавач

Post Views: 328 Агенцијата за вработување преку проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на труд” објави јавен повик до сите работодавачи и невработени лица за учество во мерката Обука на работно место кај конкретен работодавач. Пријавувањето за овој оглас е до 01.12.2023 или до исполнување на предвидениот број.Обуката е со времетраење од три месеци, при што на секое вклучено невработено лице ќе му биде исплатен месечен паричен надомест од 11.000 денари, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа, професионална...

Продолжи со читање

Акција за подигнување зелен отпад во Видобишта

Post Views: 268 Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 11.11.2023 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.11 Видобишта.„Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 11.11.2023 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.“ –...

Продолжи со читање

Преку програмата за самовработување во струшко годинава отворени нови 250 фирми

Post Views: 424 Нови 250 фирми годинава се вклучија  во стопанството во струшко. Трговци, занаетчии, козметичари, градинки, приватни уличишта се дел од новите бизниси основани преку активните мерки на Агенцијата за вработување.Програмите за самовработување преку грант и кредитирање, охрабрија голем број невработени лица со претприемачки дух и  визија да основаат сопствен  бизнис, со кои се очекува да се  раздвижи локалната економија.„Грантот е од 307 500 денари или 614 000 денари, или 5000 евра за ДОЕЛ или 10 0000 за ДОО....

Продолжи со читање