Skip to main content

Автор: инфодеск

Ги запознаваме ретките болести во охридско – струшкиот регион: Постериорна уретрална валвула

Post Views: 14 ПОСТЕРИОРНА УРЕТРАЛНА ВАЛВУЛА (ПУВ)/ POSTERIOR URETHRAL VALVEMKБ-10 Q64.21ПРЕВАЛЕНЦА – постериорната уретрална валвула е забележана кај приближно 1 на 5 000 живородени машки деца (1-9/ 100 000 население.ВОВЕДПостериорна уретрална валвула (ПУВ) е конгенитална аномалија која ги зафаќа машките новороденчиња. Истата вклучува присуство на абнормални мембрани на ткивото во уретрата кои прават опструкција или го блокираат нормалниот проток на урина водејќи до разни компликации, од кои карактеристична е задршката на урина која води до ретроградна...

Продолжи со читање

Денес во Ријад почнуваат руско-американските преговори

Post Views: 18 Американскиот државен секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност на Белата куќа Мајк Волц и специјалниот пратеник за Блискиот Исток Стив Виткоф ќе ги претставуваат САД во разговорите со Русија, што ќе се одржат денес во Ријад. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и Јуриј Ушаков, советникот за надворешна политика на претседателот Владимир Путин ќе разговараат со американските претставници за подобрување на билатералните односи и преговори за ставање крај на војната во Украина. Сепак, претставник на Украина нема.– Нема да...

Продолжи со читање

Црвен крст Охрид ќе додели јубулејни признанија за крводарителите

Post Views: 20 По повод 17 Март, Денот на крводарителството во Р.С. Македонија, општинската организација при Црвен крст Охрид традиционално ќе додели јубилејни признанија на крводарители кои дарувале крв 5, 10, 25, 50, 75 и 100 пати.-Во таа насока, Црвен крст Охрид ги повикува крводарителите кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања во текот на изминатата 2024 година или кои не го подигнале признанието од минатите години, да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид на ул. Димитар Влахов бр. 52, секој работен ден од 8-16 часот, велат од Црвен крст Охрид....

Продолжи со читање

Денеска форум за дигитализација и модернизација на јавните комунални услуги во Општина Охрид

Post Views: 16 Во рамки на проектот „Заедно со потрошувачите во дигитализација и модернизација на јавните комунални услуги во Општина Охрид“ денеска во Охрид ќе се одржи форум на сите засегнати страни потрошувачи, локални медиуми, претставници од локална самоуправа, Совет за заштита на потрошувачи на Охрид, претставници од јавните комунални претпријатија.На форумот ќе бидат презентирани наодите од Истражување на задоволството на граѓаните од услугите на јавните комунални претпријатија на општина Охрид, Извештајот за спроведените интервјуа со јавните комунални претпријатија и...

Продолжи со читање

Светата маченичка Агатија

Post Views: 7 Оваа славна девица и маченичка за Христа има потекло од сицилијанскиот град Палермо, од благородни и имотни родители. Кога царот Декиј подигна гонење на христијаните, света Агатија беше фатена и изведена пред судијата Квинтијан. Тој кога ја виде прекрасна на лице, посака да ја има за жена. Но штом ѝ предложи, Агатија му одговори дека таа е невеста Христова и дека не може да го изневери својот вереник. Судијата ја подложи на тешки маки. Ја биеја, ја исмеваа врзана за едно дрво и ја тепаа до крв. Потоа Квинтијан повторно ја посоветува да се одрече од Христа и да ги...

Продолжи со читање

Променливо облачно и студено време со ниски утрински температури

Post Views: 11 Променливо облачно со повремени слаби врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а кон кон крајот на денот и во текот на ноќта засилен ветер од северен правец.Денес ќе има повремени слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен, а кон крајот на денот, во текот на ноќта и утре засилен северен ветер. Од утре облачноста ќе се намали и ќе преовладува стабилно и студено време со ниски утрински температури кои наместа ќе се спуштат и под -10 степени., информираат од УХМР.Во Охрид температурите ќе бидат во интервал од 0 до 7 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Од полноќ ново поскапување на горивата

Post Views: 16 Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за еден денар по литар, а цената на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,33 отсто.Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95  ќе изнесува 80 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 82, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 74, а Екстра лесното масло за домаќинство...

Продолжи со читање

Двајца охриѓани ограбиле црква во Опеница

Post Views: 10 На 16.02.2025 во 16.10 часот во охридското село Опеница, полициски службеници од СВР Охрид приведoa 38 и 29 годишен охриѓанец, кои се сомничат дека претходно во црква во истото село извршиле кражба, при што одзеле пари. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање