Skip to main content

Автор: инфодеск

Јованоска: Се’ во излагањето на Китески е ноторна лага, ВМРО ДПМНЕ  не може да се помири дека мојот стил на работа е чесно и посветено

Post Views: 344 Спектакуларната најава за  поднесување на некаква кривична пријава кон мене е класично замајување на јавноста и заплашување на народот пред избори во насока на нивната позната теза:  внимавајте, ако не сте со нас и не работите по наше ќе ве снајде истово, реагира Гордана Јованоска, член на СДСМ и поранешен директор на ЈП ,,Билјанини извори” на прес конференцијата на потпретседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид, Александар Китески.Се’ во излагањето на Александар Китески од ВМРО ДПМНЕ е ноторна лага, тоа го знаат и самите и во целост ќе се докаже,...

Продолжи со читање

Променливо облачно време со услови за локален дожд 

Post Views: 329 Во Охрид денес променливо облачно време со повремени сончеви периоди и услови за локални врнежи од дожд претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 13 степени.– До четврток ќе се задржи врнежливо и повремено нестабилно со пороен дожд, ретки грмежи и повремено засилен ветер. Од среда насекаде дневните температури ќе бидат позитивни, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст, информираат од УХМР.фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Поднесена кривична пријава против поранешната директорка на ЈП „Билјанини Извори’’, Јованоска

Post Views: 382 Денес од страна на ЈП „Билјанини Извори“ поднесена е кривична пријава до ОЈО Охрид и СВР Охрид, поради основано сомнение дека пријавената Гордана Јованоска, како поранешен директор на ЈП „Билјанини Извори’’ извршила продолжено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, информираше на прес конференција,  потпретседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Александар Китески.„Пријавената Гордана Јованоска злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување на директор на ЈП „Билјанини Извори“, спротивно на законските приписи и тендерската...

Продолжи со читање

100 години од раѓањето на Вангел Наумовски

Post Views: 1.120 Се навршуваат 100 години од раѓањето на еден од најталентираните уметници во земјава, познатиот Вангел Наумовски. Човекот, кој Салвадор Дали лично го нарече уметник од бајките.  Делата на Наумовски го обиколија светот со над 30 самостојни изложби. Голем дел од неговите вредни дела денес се чуваат  во светските галерии и кај колекционерите на ументички дела.По повод сто години од неговото раѓање ќе се организираат неколку настани. Во куќата на Робевци ќе се претстави изложба во организација на Завод и музеј Охрид, каде ќе биде...

Продолжи со читање

Загадувањето главен предизвик за заштита на Охридското Езеро

Post Views: 292 Загадувањето  е еден од главните предизвици со кои се соочува најстарото  езеро во Европа. Охридското Езеро  секојдневно е под притисок  на отпадните води од  колекторксио систем,но и реките и отпадот кој го одлага  населението, како и големиот број пловила.Најзначајниот воден екосистем на континентот  допонително се искористува  и како акумулација за производтсво на електрична енергија, а осцилациите на нивото на езерото имаат негативни последици врз...

Продолжи со читање

12 пешаци во Охрид казнети за небезбедно преминување на улица

Post Views: 245 На 21.03.2023 од 09.00 до 14.00 часот, при преземени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале 30 пешаци кои сториле сообраќајни прекршоци (Охрид- 12, Струга-12, Кичево-04, Дебар-02).-Тие се санкционирани поради движење или непотребно задржување на пешакот на коловоз, небезбедно преминување на улица, преминување надвор од пешачки премин, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Инвестирани околу 64 милиони денари во капитални објекти во Југозападен плански регион минатата година

Post Views: 226 Центарот за развој на Југозападниот плански регион мината година ја заврши успешно, при што најголемиот дел од планираните активности целосно се реализирани, констатира Советот за развој на ЈЗПР.Во деветте општини што му припаѓаат на Регионот инвестирани се околу 64 милиони денари во капитални објекти од патната инфраструктура, подобрување на енергетската ефикасност на јавните објекти преку нивна реконструкција, како и искористување на ОИЕ, со поставување, пред се, на фото-напонски централи. Ова беше истакнато на 11-та седница на Советот за развој на...

Продолжи со читање

Утре во Охрид изложба на вооружување, борбени системи, опрема и моторни возила на АРМ

Post Views: 943 На Градскиот плоштад во Охрид, припадници на Армијата на Република Макеонија, утре, во периодот од 09:00 до 18:00 часот ќе реализираат тактичко-технички збор односно изложба на вооружување, борбени системи, опрема и моторни возила.Во рамките на оваа активност, припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското Езеро кај градското пристаниште, со употреба на атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема, ќе изведат показна вежба-препад на пловен објект.– Во вежбата ќе се вклучи и хеликоптер на воздухопловниот ВИНГ на Армијата....

Продолжи со читање

ООУ „Живко Чинго“ го одбележа патронатот

Post Views: 280 Со свечена приредба која се одржа вчера во спортската сала „Тодор Александров“, ООУ „Живко Чинго“ од Велгошти го одбележа својот патронен празник.Во рамки на програмата беа доделени и наградите од литературниот и ликовен конкурс, а публиката имаше можност да проследи рецитали, ритмички точки и драматизации подготвени од страна на учениците.Пред почетокот на приредбата беше положено свежо цвеќе пред спомен обележјето на Живко Чинго во училишниот двор. 

Продолжи со читање

Амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Андраш Клајн во посета на Општина Охрид

Post Views: 354 Градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, денеска оствари средба со амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Андраш Клајн, кој беше во прва официјална посета на Општина Охрид.На средбата се разговараше за можноста за прoдлабочување на соработката помеѓу Охрид и Унгарија особено во областа на туризмот. Амбасадорот беше информиран за приоритетните инфраструктурни проекти на кои работи општината и идните инвестиции во повеќе области. Се разговараше и за теми поврзани со културното наследство и можноста за организирање на културни манифестации...

Продолжи со читање

Расте бројот на сиромашни, најпогодени многудетните семејства и самохраните родители

Post Views: 671 Економската криза го зголемува бројот на сиромашни. Изминативе десетина  години бројот на социјално загрозени семејства во Охрид е речиси двојно зголемен, од 400 се искачил на  600 семејства на кои им е неопходна помош. Најпогодени се многудетните семејства, заедници со болни и инвалидизирани лица  и самохраните родители.Од 2000 до 2500 луѓе секојдневно се борат со глад а голем е бројот и на оние кои имаат проблеми, но се срамат да побараат помош.„Економската состојба не само во нашата држава туку и пошироко налага да расте...

Продолжи со читање

Веслањето се поатрактивно за младите

Post Views: 430 Расте бројот на млади кои пројавуваат интерес за веслање. Веслањето како спорт на Охридското езеро има долга традиција, но се случи стагнација долга една декада, поради проблемите на поранешниот веслачки клуб.Со  формирањето на новиот веслачки клуб „Горица ремо“ веслачите  повторно ги брануваат  езерските води.„ Очекуваме од оваа година бројот да се зголеми на уште повисоко ниво. Поради тоа што официјално ќе започне школата со веслање за прв пат во Македонија, каде што на еден многу покреативен и поинтересен начин  ќе се обидеме да го приближиме...

Продолжи со читање