Автор: инфодеск
Views: 212 По повод големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица, во четврток, на 28-ти август 2025 година, Општина Охрид организира бесплатен превоз до селото Скребатно каде се одржува традиционалниот празничен собир.Тргнувањето е во 09:00 часот од автобуската постојка кај пекарата „Мартина“ на булевар „Туристичка“ и од сред село во Лескоец.Превозот ќе го врши компанијата „Бале турс“
Намален долгот на ЈЗУ Општа болница Охрид
Views: 76 Се намалуваат долговите на јавните здравствени установи. Болниците во земјава пред една година беа во долгови од околу 5 милијарди денари. Најголемиот долг имаше клиниката за онкологија, околу 700-800 милиони денари, но во долгови се дават и болниците во внатрешноста. Од Фондот за здрватсво велат вкупните долгови се намалени за околу три милијарди денари, а здравствените институции веќе фунцкионираат без потешкотии. – Ние направивме еден круг на раздолжување минатата година и онa што...
Врачени највисоките фестивалски признанија на Струшките вечери на поезијата
Views: 130 Со врачување на највисоките фестивалски признанија, „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ и меѓународното поетско читање „Мостови“ вечерва на Мостот на поезијата во Струга заврши 64-тото издание на Струшките вечери на поезијата.Наградата „Златен венец“ на словачкиот поет Иван Штрпка му ја врачи директорот на НУМ Струшки вечери на поезијата, Никола Кукунеш.Уметничкиот директор на Фестивалот, Мите Стефоски на полскиот поет Матеуш Шимчик му го врачи признанието „Мостови на Струга“ што УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата го доделуваат за најдобар...
Уапсен охриѓанец кој на малолетничка ѝ испраќал недолична содржина преку социјална мрежа
Views: 63 На 24.08.2025 околу 22:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 51 годишно лице од Охрид.-Тој се сомничи дека од април оваа година во повеќе наврати на апликација на социјална мрежа на 17-годишно девојче од Охрид испраќал пораки и фотографии со недолична содржина и барал од неа и таа да му испраќа фотографии со експлицитна содржина. Со судска наредба бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени мобилен телефон и ловечка пушка „Застава“ со калибар 12 мм.. Лицето било задржано во полициска станица и во координација...
Лишени од слобода охриѓанец и скопјанец кои возeле под дејство на алкохол
Views: 130 Лишени од слобода охриѓанец и скопјанец кои управувале возила под дејство на алкохол.Денеска (24.08.2025) во 00:30 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 30 годишно лице од Охрид.– При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62% промили алкохол во крвта, информираат од МВР.Денеска (24.08.2025) во 02:51 часот на ул.„Питу Гули“ во...
Пецаков: Од 10 ветени приоритени проекти завршени или во тек на реализација се 8, додека за два се врши преадаптација
Views: 154 Отчетот кон граѓаните не е само збир на бројки и проекти, туку е одраз на заедничката работа, посветеност и напредок што го постигнавме во изминатите четири години. Горд сум на секое реализирано дело – од изградбата и реконструкцијата на нови училишта и градинки, преку подобрувањето на патната инфраструктура, до инвестициите во спортските објекти и спортот, културата, животната средина и се она што значи подобри услови за живот, вели градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, кој денеска беше дел на настанот „Саем-Отчет, 4 години работиме за тебе“ организиран од ВМРО-ДПМНЕ....
Шајн: 4 години разочарувања, нула резултати на Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ во Охрид
Views: 64 Во Охрид, четири години поминаа како да не постоеле локална власт. Нема ниту еден нов крупен проект, нема урбанистички ред, нема туристички развој. Градоначалникот Кирил Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ пред четири години им ветија на охриѓани низа проекти кои денес се само празни зборови на хартија. Останаа само разочарувањата, изјави на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Охрид, Асен Шајн.Во обраќањето Шајн посочи на проекти кои биле ветени од ВМРО-ДПМНЕ и Пецаков, а не се реализирани.1. Плоштад „Крушевска Република“ – Ветена реконструкција, резултат...
Јулијана Величковска добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга
Views: 91 Збирката „Рајсфершулс“ од Јулијана Величковска во издание на ПНВ Публикации е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу два фестивала, објавена на македонски јазик. Одлуката ја донесе жири-комисијата за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година во состав: Санде Стојчевски (претседател), Зоран Анчевски (член), Иван Џепароски (член), Лулзим Хазири (член) и Иван Антоновски (секретар).„Големото творечко љубопитство, најверојатно, е мотивот Јулијана Величковска во својата нова книга да се обиде да се изрази преку еден посебен, обично...









