Автор: инфодеск
Post Views: 117 Претпладне сончево со мала облачност, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Попладне облачноста ќе се зголеми. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови се очекуваат повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.Минималните температури денес во Охрид од -6, а максималните до 5 степени Целзиусови.
Петар Чакарески од Струга е среќниот фаќач на Светиот крст во реката Црн Дрим
Post Views: 146 24 годишниот Петар Чакарески од Струга е среќниот фаќач на Светиот крст во водите на реката Црн Дрим. Тој беше најсреќен меѓу стотината капачи кои денес пливаа во ладните речни води на температура од 8 степени. Петар вели на Водици се капи од дете, а за прв пат го фаќа крстот.Прв пат го фаќам крстот. Секоја година скокам, можда од прва, втора година се капам стално. Здравје, среќа, љубов посакувам , да сме сите здрави и живи. Бог се јави, изјави Петар.Митрополитот дебарско кичевски Владиката георги по завршувањето на Богојавленксиот водосвет на...
Фаќањето на Чесниот крст ја оживеа традицијата во охридско-струшкиот регион
Post Views: 177 Богојавление – Водици и оваа година беше одбележано со голема духовност и масовна посетеност низ целиот охридски регион. Традиционалното фрлање и фаќање на Светиот крст не се одржа само во Охридското Езеро, туку и во бројните села, каде што верниците со еднаква посветеност ја продолжуваат вековната христијанска традиција.И покрај ниските температури, голем број млади луѓе, но и повозрасни верници, храбро влегоа во студените води, водени од верата и желбата да го извадат крстот – симбол на здравје, среќа и благослов за целата година. Фаќањето на крстот уште...
Денеска е Богојавление Водици
Post Views: 107 Православните верници денес го празнуваат големиот христијански празник Богојавление Водици.Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примајќи Крштение на Јордан.Како што вели Свети Кирил Ерусалимски: „Почеток на светот е водата, почеток на Евангелието е Јордан“. Кога Исус Христос се крштеваше во водите на Јордан, на светот му се објави онаа тајна која во Стариот Завет само се навестуваше, за која во Мисир и во Индија единствено се баснословеше: тајната...
Ниски утрински температури, сончеви периоди пред нови снежни врнежи
Post Views: 94 Утрото ќе биде малку до умерено облачно и студено, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.И утре преку денот времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла.Денес минималните температури во Охрид ќе бидат од -4, а максималните до 4 степени Целзиусови.
Борба на Македонската ракометна репрезентација до последен свиреж
Post Views: 168 Вечерва Македонската ракометна репрезентација одигра храбро и пожртвувано против фаворизираната селекција на Португалија, но на крајот мораше да се задоволи со реми – 29-29. Нашите ракометари уште еднаш покажаа карактер и квалитет, водеа жестока битка во текот на целиот натпревар и во неколку наврати беа многу блиску до сензационална победа.Иако резултатот е позитивен во спортска смисла, овој нерешен исход значително ги намалува шансите на Македонија за пласман во главната рунда. Сепак, надежта сè уште постои, а судбината ќе се решава во последното коло од...
Црвен крст Охрид со апел за безбедно и одговорно одбележување на Богојавление – Водици
Post Views: 120 Црвен крст Охрид до сите оние кои ќе бидат дел од настанот за одбележување на празникот Богојавление – Водици на Градското пристаниште во Охрид упатува апел за почитување на препораките за безбедно одвивање на настанот.-Со оглед на ниската температура на водата во Охридското езеро (околу 8 oC), релативно ниската температура на воздухот која се најавува за 19.01.2026 г. (околу 3 oC), релативно мирни езерски води (северен ветар со брзина од околу 5 m/s), повикуваме на внимание и претпазливост на оние кои планираат да влегуваат во водите на Охридското...
Младата струмичанка Тина Русева е првиот победник на The Voice of Europe
Post Views: 133 Младата и талентирана струмичанка Тина Русева победи на The Voice of Europe, откако минататa година беше една од фаворитите на The Voice of Germany.Тина преку видео одлучи им се зaблагодари на сите што гласале за неа и за поддршката што ја добила.-Ви благодарам многу, прво затоа што ме поддржавте, лајкувавте, коментиравте, што бевте тука. Исто така му благодарам на жирито што судеше фер. Она што можам да го кажам во овој момент е бидете тоа што сте, верувајте во себе, верувајте во процесот и успехот ќе ве следи, вели Тина во видеообраќањето до нејзините...
Денес е Водокрст: Денот кога се крштеваат сите води и имаат лековито дејство!
Post Views: 148 Денешниов ден меѓу народот е познат како Водокрштение или Водопост. Водокрштение се вика поради тоа што на тој ден се крштева (се осветува) водата, а Водопост веројатно се добило од Водици и постење, бидејќи Водопост е посен ден. Овој ден не е празник како што се следните два дена. На овој ден освен што се крштева вода, се пее и крстот и се прават последните подготовки за празникот.Денот Водокрст, пред Богојавление (Водици) има важно место во животот на нашиот народ. Во очекување на големиот празник народот изведувал многу обичаи кои се поврзани со крстот и...
„Биди одговорен возач – користи зимска опрема“: Превентивна сообраќајна кампања на СВР Охрид
Post Views: 119 Отсекот за превенција при СВР Охрид, ја реализираше превентивната сообраќајна кампања „Биди одговорен возач-користи зимска опрема“.Притоа, полициски службеници од отсекот, на повеќе сообраќајни пунктови во градот, остварија кратки разговори со возачите на моторни возила и ги потсетуваа на потребата и законската обврска за задолжително носење и користење зимска опрема во возилата како основен предуслов за безбедно движење на моторните возила во зимски услови. -Целта на кампањата е подигање на свеста на учесниците во сообраќајот, за доследно...
Собор на Светите Седумдесет Апостоли
Post Views: 103 Освен дванаесетте големи апостоли Господ избра уште седумдесетмина други, помали апостоли и ги испрати на проповед на Евангелието, и тоа двајца по двајца пред лицето Свое во секој град и место, говорејќи: „Еве, Јас ве испраќам како јагниња меѓу волци“ (Лука 10, 1-5). Но, како што еден од дванаесеттемина, Јуда Искариот, отпадна од Господа, така и некои од овие Седумдесетмина отстапија од Бога, не со намера за предавство туку поради човечка немоќ и маловерие (Јован 6, 66). И како што местото на Јуда беше пополнето со друг апостол, така и овие места беа пополнети со...
Викендов дожд и снег, од среда нови снежни врнежи и пад на температурите
Post Views: 101 Од УХМР информираат дека з време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег. Во понеделник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од денес до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.