Skip to main content

Автор: инфодеск

Активности за превенција од поплави на територија на Општина Охрид

Views: 133 Општина Охрид започнa со активности за машинско и рачно чистење на речни корита, диви депонии, одрони и останати критични точки на територијата на општината.Оваа активност е важна за превенција од поплави и подобрување на текот на речните корита, велат од локалната.

Продолжи со читање

Светите маченички Минодора, Митродора и Нимфодора

Views: 142 Трите се родени сестри од некое место во Витинија Азиска. Воспитани во христијански дух, се повлекоа од градот во пустината, сакајќи да го воздигнат својот ум кон Бога и да се ослободат од сиот лажлив свет и така да го проживеат овој век во чистота и девственост, како вистински невести Христови. Се предадоа на голем труд, пост и молитва, додека Бог не ги украси со дар на чудотворство. Кога почнаа кај нив да доаѓаат болни заради исцеленија, станаа прочуени наспроти нивната волја. Слушна за нив и кнезот Фронтон и ги довлече на суд. Кога ги виде, се зачуди од убавината на нивните...

Продолжи со читање

Променливо облачно со сончеви периоди, максималните температури во Охрид до 20 степени Целзиусови

Views: 185 Променливо облачно со сончеви преиоди. Во западните делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен северен ветер со брзина до 60 km/h.Во Охрид денес минималните температури од 9, а максималните до 20 степени Целзиусови.И утре ќе преовладува стабилно време со свежи утра. Во петок се очекуваат врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.

Продолжи со читање

Марина Икономова Шокева и Енис Хилми станаа членки на Друштвото на писателите на Македонија

Views: 157 Друштвото на писателите на Македонија го прошири своето членство со шест авторки и автори. Станува збор за: Марина Икономова Шокева, Митко Бојаџиски, Ана Витанова-Рингачева, Дијана Петрова, Тодор Јовчевски и Енис Хилми.Марина Икономова Шокева е родена 1966 г. во Охрид. Дипломирала на катедрата за англиски јазик и книжевност и работи како професорка во Охрид. Авторка е на четири стихозбирки: „Слики од бунарот“ (2017, Ѓурѓа), „Директни обраќања“ (2019, ПНВ Публикации), „Светот и јас“ (2021, ПНВ Публикации) и „Модра мрежа“ (2024, ПНВ Публикации). Нејзини песни се објавувани во...

Продолжи со читање

Исчистени диви депонии во „Билјанини Извори“

Views: 200 ЈП „Охридски Комуналец“ расчисти повеќе диви депонии во Урбаната заедница 8 „Билјанини Извори“ во Охрид.Од локациите се подигнати околу 16 кубни метри кабаст и зелен отпад.Од претпријатието апелираат до граѓаните за одговорно однесување и правилно одлагање на отпадот, со цел да се зачува чиста и здрава животна средина.

Продолжи со читање

Македонската берза бележи пад од 8%

Views: 137 Македонската берза годинава бележи пад од 8 проценти. Од 90-те компании чии акции котираат, најголемиот дел од тргувањето е концентриран на само десет компании. Вкупниот промет до 15 септември годинава е под 90 милиони евра, Според експертите падот се должи на зголемена глобална неизвесност и геополитички ризици.„ Кај нас прометот е намален за некои 8 проценти, индексот, нивото на цените, заклучно со 15 септември е намалено за некои 8,8 проценти. Тоа е последица на претходниот силен раст и сега дел од инвеститорите очигледно продаваат и за да материјализираат...

Продолжи со читање

Сообраќајна несреќа

Тешко повреден возач во сообраќајка на „Туристичка“

Views: 160 Вчера во 11:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на булеварот „Туристичка“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 45-годишен охриѓанец, и товарно возило „Мерцедес“, исто така со охридски регистарски ознаки, управувано од 46-годишен жител на Охрид.Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „Ауди“, кои биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.По наредба на јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР...

Продолжи со читање

Трпејца

Денес од 10 часот ќе има прекин во водснабдувањето во Трпејца

Views: 131 Поради настанат дефект на водоводната мрежа , денес од 10:00 часот, без вода ќе бидат корисниците од село Трпејца.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.

Продолжи со читање