Skip to main content

Автор: инфодеск

Францускиот поет Жан-Пјер Симеон е добитник на Златен венец на Струшките вечери на поезијата 2024

Post Views: 287 Францускиот поет, есеист, прозаист и драмски автор Жан-Пјер Симеон е годинашен добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата (СВП), соопшти денеска професорката Елизабета Шелева, претседателка на Управниот одбор на Фестивалот. Наградата на лауреатот ќе му биде врачена на поетското читање „Мостови“, една од централните манифестации на годинешното издание на фестивалот, кој ќе се одржи од 22 до 26 август.Поетот,  драматург и есеист, Жан-Пјер Симеон е роден 1950 година во Париз. Како професор по модерна...

Продолжи со читање

Опожарена трска на брегот на Охридско Езеро кај Калишта

Post Views: 470 На 20.03.2024 во 11.15 часот во ОВР Струга е пријавено дека настанал пожар на површина со  трска во државна сопственост покрај брегот на Охридското езеро на патот помеѓу Струга и струшкото село Калишта.„Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга. По наредба на Јавен обвинител увид извршија полициски екипи.“ – информираат од СВР Охрид.фото: Архива ТВМ

Продолжи со читање

По повод светскиот ден на Театарот „НЕСФАТЕНАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА“ бесплатна за публиката

Post Views: 347 По повод светскиот ден на Театарот директорот на НУ ЦК „Григор Прличев“ донесе Одлука претставата НЕСФАТЕНАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА од Добри Војников, во СРЕДА 27.03.2024 година, со почеток во 20.00 часот, да биде бесплатна за публиката!Картите на билетара по принцип прв дојден прв услужен!Играат / Горан Стојаноски / Strezo Stamatovski / Pavel Maslov / Филип Кипровски / Nikola Todoroski и Ivica Conev.Претстава за културолошкиот и социолошки идентитет на човекот, претстава за глобализацијата и традицијата, како и за ефектите од нив врз целокупното општествено...

Продолжи со читање

СДСМ Охрид: Китески ем во работно време држи прес, ем ги заборавил документите кои потврдуваат конфликт на интереси и непотизам во општината

Post Views: 295Секретарот на општина Охрид, Александар Китески,  ем се решил во работно време да претрча на прес пред јавното обвинителство, ем заборавил со него да ги понесе документите кои потврдуваат конфликт на интереси и непотизам во општината во која работи, регират од ОО на СДСМ Охрид на прес конференцијата на потпретседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид, Александар Китески.„Ги предаде ли Китески документите за двајца сопружници во општината кои заеднички се потпишуваат на документи “изработил и одобрил” одобрение за градба?! Ништо не е сменето во...

Продолжи со читање

Ново обвинение за несовесно работење на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко

Post Views: 332 Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против струшкиот градоначалник Рамис Мерко. Тој се товари за повреда на  законските прописи при именување на вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Лабуништа.Струшкиот градоначалник , го прекршил Законот за основно образование по два члена, донел решение за вработување на директорка во ОУ Мурат Лабуништи, која  била дипломиран психолог, но не била од редот на вработените,  ниту имала работно искуство.„За вршител на должноста директор  именувал лице...

Продолжи со читање

Филмот за Џеј Рамадановски „Недела“ на 29-ти март во Центар за култура Охрид

Post Views: 501 На кино репертоарот во ЦК „Григор Прличев“ следнава недела долго очекуваниот филм „Недела“ за Џеј Рамадановски, во ПЕТОК, 29-ти март 2024 година, почеток 20.00 часот, цена на карта 150 денари!Содржина: Филмот „Недела“ го следи животот на еден од омилените пејачи на просторот на поранешна Југославија, Џеј Рамадановски. Инспириран од вистински настани, ја раскажува приказната за Џеј од најраната младост до големиот успех што го оствари. Иако немал лесно детство, кое главно го поминал на улица и во поправен дом, Џеј успеа да го заземе своето место на музичката...

Продолжи со читање

Синдикалната минимална кошница за март 58.998 денари

Post Views: 230 Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец март 2024 година изнесува 58 998,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец февруари годинава е зголемена за 1 522,00 денари.Според Сојузот на синдикати на Македонија, најголемо зголемување има во делот кај храната и пијалоците кои за месец март изнесуваат 22.681,00 денари, споредено со месец февруари, кога изнесувала 21 219,00 денари, зголемени се за 1 462,00 денари.Од ССМ наведуваат дека со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март синдикалната кошничка изнесува 74...

Продолжи со читање

Одлично второ Државно традиционално таеквондо (ИТФ) првенство

Post Views: 421 Одлично второ Државно традиционално таеквондо (ИТФ) првенство на Македонија одржано во Охрид, во организација на таеквондо клубот „Мастер“, а под капата на Македонската традиционална таеквондо федерација (МТТФ).Учество зедоа 78 натпреварувачи кои се натпреваруваа во две дисциплини, во форми и борби, од клубовите „Мастер“ Охрид, „Ахилиус” Скопје, „ХВА Ранг ИТФ“ Лескоец, Охрид, „Сонкал“ Мислешево, Струга и „Чонџи“ Косел, Охрид.– На наше и на задоволство на сите присутни во салата, натпреварувачите направија врвни борби, докажувајќи дека се во одлична форма...

Продолжи со читање

Не сечи ја мојата иднина! СТОП за дрвокрадството

Post Views: 265 Со почетокот на пролетното време почнува и кампањата за подигнување на јавната свест: „Не сечи ја мојата иднина. СТОП за дрвокрадците“.„Не сечи ја мојата иднина! СТОП за дрвокрадците“ е национална кампања која ја спроведува Здружение на Граѓани Регионален центар за шумарство и рурален развој – РЕФОРД во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со финансиска поддршка на Агенцијата за шуми на САД. Тим на искусни и истакнати шумарски инженери работи на информирање на јавноста за вредноста на шумските екосистеми, но и за...

Продолжи со читање

Почнува пролетта

Post Views: 280 Пролетта почнува денеска во 04:06 часот, а во истовреме на Јужната хемисфера почнува есента. Пролетта ќе трае 92 дена до 20 јуни кога ќе почне летото.На првиот ден од пролетта, Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 37 минути, а ќе зајде во 17 часот и 46 минути. Денот ќе трае 12 часа и 9 минути.Синоптичарите за денеска најавуваат студено утро, а преку ден сончево со појава на мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната од...

Продолжи со читање

Индијци кои работат во хотел во Охрид велат задоволни се од платата и условите

Post Views: 9.446 29 годишниот Џетиндер Бенс од Индија, веќе еден месец работи во хотел не брегот на Охридското Езеро. Вели му се допаѓа земјава, односот на колегите и луѓето.  Задоволен е и од платата, овде вели  заработува  двојно повеќе пари отколку во неговата земја, каде просечната плата е од 200 до 250 евра.Јасикот не му е проблем, бидејќи на англиски комуницира со сите.„ Веќе еден месец работам во хоотел. Луѓето се сите добри. Се е во ред. Македонски јазик не разбирам но на англиски се разбираме. Планирам да останам можеби три години или две и пол години. После...

Продолжи со читање

Еди Рама турна новинарка откако таа му постави прашање (видео)

Post Views: 466 Денска на прес-конференција Еди Рама оттурна новинарка откако таа му постави прашање. Според локалните медиуми, Рама ја турнал репортерката на телевизијата СИРИ која наводно го прашува Рама: „зошто парите на албанските даночни обврзници одат во новото пристаниште, а во сегашното пристаниште Драч, приватни инвеститори продаваат станови“. После тоа дошло до физички контакт пришто Рама ја допира на лицето и ја оттурнува. Сето се случило додека бил опкружен со новинарски екипи и целиот инцидент е снимен.– Те молам, не ме допирај повеќе – рекла...

Продолжи со читање