Skip to main content

Автор: инфодеск

Oхридските стрелци Ива Маленко, Стефани Савеска и Климент Мостро се новите државни прваци

Post Views: 1.007 Викендов на стрелиштето во битолската касарна се одржа Државното Првенство во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма, на кое учество зедоа околу 80-тина стрелци во јуниорска и сениорска категорија во дисциплините пушка и пиштол.Со нов личен  рекорд од 602,0 кругови, Ива Маленко од СК ,,Охрид“ е новиот државен првак во сениорска категоријаво дисциплината воздушна пушка. Во истата дисциплина во јуниорска категорија Драгана Локоска и Теодора Спироска се пласираа на 10-тата, односно 11-тата позиција, додека Стефанија Стефанoска се пласира на...

Продолжи со читање

Притвор за едно од лицата кои се сомничат дека го предизвикале пожарот во кафе бар во Охрид

Post Views: 276 СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.У.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”.-На 10.03.2024 во 03.40 часот, тој со уште едно лице со запалива течност предизвикал пожар во угостителски објект на булеварот  „Туристичка” во Охрид. Судија на претходна постапка на М.У. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, по што е префрлен во Казнено – поправната установа Затвор Охрид за издржување на мерката, информира портпаролотна СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање

Комедијата „Несфатената цивилизација“ на 27-ми март по повод Денот на театарот

Post Views: 230 По повод светскиот ден на Театарот на репертоарот на Народен театар Охрид е претставата НЕСФАТЕНАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА од Добри Војников, во среда, на 27-ми март со почеток во 20:00 часот.Претстава за културолошкиот и социолошки идентитет на човекот, претстава за глобализацијата и традицијата, како и за ефектите од нив врз целокупното општествено живеење. Комедија, што преминува во ГРОТЕСКА И ИРОНИЈА, и што прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест.Играат актерите: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Павел Маслов, Стрезо...

Продолжи со читање

Охриѓанец доби кривична за заканувачки и навредливи коментари на Фејсбук

Post Views: 326 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 47 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.-Тој, од личен профил на социјалната мрежа Фејсбук во повеќе наврати објавувал коментари со заканувачка и навредлива содржина, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање

Стружани ќе можат да пријавуваат локални проблеми преку апликацијата Prijavi24

Post Views: 314 Стружани од денеска локалните проблеми ќе може да ги пријават преку апликацијата Prijavi24, соопшти Општина Струга.Мобилната апликација може да се преземе бесплатно од GooglePlayStore и AppStore или со скенирање на приложениот баркод, објаснуваат од општината.– Преку апликацијата, може да пријавите проблеми поврзани со градот и околните населени места од сите категории, како што се улично осветлување, дупки на патот, објекти склони на рушење, проблеми од областа на животната средина, уништена урбана опрема, отпад и диви депонии, градби и дивоградби, велат...

Продолжи со читање

Трајна поставка за природа “Патување низ природните богатства на Вевчански Извори”

Post Views: 294 Трајна поставка за природа “Патување низ природните богатства на Вевчански Извори” ќе биде поставена во Мултикултурниот центар Коста Србакоски во Вевчани.Отворањето ќе се одржи на 22 март 2024 година со почеток во 13 часот.На свеченото отворање ќе се обратат Градоначалникот на Општина Вевчани г-н Спасе Кочовски, Извршната директорка на Еко-свест Ана Чоловиќ Лешоска и г-ѓа Мирјам де Конинг, директорка на Prespa Ohrid Nature Trust.  Трајната поставка има за цел промоција на природните богатства на Споменикот на природа Вевчански...

Продолжи со читање

„Напиши стих – купи кафе“ по петти пат во Охрид

Post Views: 213 Националната Установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во Прличевата одаја во четврток на 21 март во терминот од 10 до 13 часот ќе го одбележи Светскиот ден на поезијата со настанот: „Напиши стих – купи кафе“ .-Тоа е наш обид  да ги натераме луѓето да бидат креативни, да размислуваат не само локално туку и глобално и за себе и за другите, на еден посебен начин. Оваа иницијатива е почната во 1999-та година, кога УНЕСКО во Париз го прогласи  21 Март за Светски ден на поезијата, а ние веќе петта година како Установа го организираме...

Продолжи со читање

Над 15 000 туристи од Холандија и Англија резервирале одмор на брегот на Охридското Езеро

Post Views: 274 Од средината на април започнуваат чартер летовите на охридскиот аеродром. Од месец мај и субвенционираните летови од Холандија и Англија. Тринаесет години по ред, холанѓаните се најредовните туристи на брегот на Охридското Езеро. За нив тур операторите добиваат субвенции од 65 евра по лице.  „Плановите се оваа сезона да имеме поуспешна во споредба со минатата. Планирани се четири летови од Амстердам кои ќе летаат на охридскиот аеродром,  ако зборуваме за холандските гости. Исто така ќе имаме и два организирани летови со Манчестер со гости од Велика...

Продолжи со читање

ИПА ОХРИД и Локалниот совет на млади потпишаа Меморандум за соработка

Post Views: 212 Интернационалната полициска асоцијација-регион Охрид (ИПА ОХРИД) и Локалниот совет на млади (ЛСМ) при општина Охрид, денеска потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот што го потпишаа претседателот на ИПА Охрид м-р Стефан Димоски и Игор Јосифоски, претседател на ЛСМ, е знак за меѓусебно пријателство со цел, јакнење на комуникацијата меѓу двете страни потписнички и воспоставување на системска меѓусебна соработка за едукација на теми од областа на безбедноста.„ Меморандумот за соработка има цел воспоставување и промовирање на партнерска соработка на...

Продолжи со читање

Известување од ЈП „Градски гробишта“ за достава на сметки за гробарина за 2024 година

Post Views: 4.415 ЈП „Градски гробишта“ периодов доставува сметки за  гробарина за 2024 година по реоните 001, 002, 003 и 004. Од претпријатието информираат дека доколку од одредени причини жителите со адреси на живеење  од наведените реони се уште не добиле сметки  за истото да се јават на тел. број 075 312 268.

Продолжи со читање

Оглас за набавка на градежни работи за адаптација на простор

Post Views: 171 Здружението за воспитно и образовна психо-социјална поддршка ВОПС Охрид, доби финансиски средства од Министерството за труд и социјална политика, во рамки на проект финансиран со кредит од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска Банка), односно во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, во насока на имплементација на Договор за грант бр. 2.12/2022 за развој на социјална услуга – Центар за дневен престој и индивидуална работа за лица со попреченост во Општина Охрид и планира да искористи дел од средствата за исплата, по однос на договор за...

Продолжи со читање

Матурантот Бобан Кочески од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ доби меѓународно признат сертификат од ЕК и Универзитетот во Истанбул

Post Views: 989 Охриѓанецот Бобан Кочески, ученик во четврта година во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се здоби со меѓународно признат сертификат од Европската комисија и Универзитетот во Истанбул.„Во периодот од 10.03 до 16.03.2024 тoj учествуваше во проект на Еразмус+, Green All Together – GreAT на тема: екологија, микропластика и иновации за одржлив развој, што се се одржа во Мадрид, Кралство Шпанија. Проектот беше во организација на Истанбулскиот универзитет.“– информираат од училиштето.Додаваат дека учесниците за време на посетата биле примени и од градоначалникот...

Продолжи со читање