Автор: инфодеск
Views: 116 Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2025 година изнесува 65.507 денари, што претставува зголемување од 179 денари во споредба со јули, кога изнесувала 65.328 денари. Во споредба со периодот пред укинување на активните владини мерки, кошницата е зголемена за 2.816 денари или 4,49%, соопштуваат од Сојузот на синдикатите.Од ССМ посочуваат дека со изнајмен стан од 60 квадрати, вкупните трошоци во август достигнуваат 80.882 денари.Во категоријата храна и пијалоци, вредноста за август е 24.064 денари, што е зголемување од 382 денари во однос на јули. Во...
Националната комисија за УНЕСКО денеска ќе заседава во Охрид
Views: 61 Националната комисија за УНЕСКО денеска во Охрид ќе ја одржи третата седница.Според најавите на седницата ќе се разгледуваат забелешките и препораките на светската организација околу состојбите со Охридскиот регион и ќе се одредат потребните активности кои треба да се преземат за регионот да не влезе на листата на светско природно и културно наследство во опасност.„Во Охрид ќе го одржам следниот состанок на Националниот совет за УНЕСКО, во кој членуваат повеќе од 16-17 институции. Ќе проговориме реално за проблемите и забелешките, односно за препораките од УНЕСКО. Ќе...
Започнува „Фер плеј куп“ – најмасовниот детски фудбалски настан на Балканот
Views: 128 Од денес до недела 24 август на СРЦ „Билјанини извори“ ќе се одржува најмасовниот спортски настан во Охрид, „Фер плеј купот“ по 14-ти пат.Оваа година на турнирот ќе земат учество близу 120 екипи од 7 држави во 6 возрасни категории или над 2000 учесници.Сите фудбалски натпреварите ќе се играт на терените на СРЦ „Билјанини извори“ а финалните натпревари се закажани за недела (24.08.2025 год).„Фер плеј“ ги поканува сите љубители на спортот и фудбалот да дојдат да ги следат и да уживаат во натпреварите, и секако да ги бодрат екипите од Охрид.
Започнуваат уписите на деца за БРЕИНОБРЕИН програмата на Црвен крст Охрид
Views: 62 Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид започнува со уписи на нови деца од 4-14 годишна возраст, заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.-Ги покануваме родителите со своите деца, да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани...
Сончево со температура до 31 степен
Views: 61 Во Охрид времето денес сончево со мала облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 31 степен.Утре и во сабота во западните и северните делови на земјава ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Утре ќе дува засилен повремено силен ветер од западен и југозападен правец. За време на викендот ветерот ќе го смени правецот во северен со умерен, долж Повардарието повремено засилен интензитет, а температурите ќе бидат во опаѓање.фото: Ѓоко Симјаноски
Вработен во Национални шуми го оштетил претпријатието за половина милион денари
Views: 83 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 58-годишно лице од Охрид, со престој во општина Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.–Пријавениот, вработен во Јавно претпријатие „Национални шуми“- Подрачно шумско стопанство „Јабланица“ – Струга, како референт за превоз постапил спротивно на законски и подзаконски акти на тој начин што издавал испратници спротивно на Правилникот за видот и начинот на жигосување на сечата, начинот на издавање на...
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу НУ „Охридско лето“ и Театарската асоцијација на Јужна Кореја
Views: 80 НУ „Охридско лето“ и Театарската асоцијација на Јужна Кореја денеска потпишаа Меморандум за соработка во областа на културата.Целта на потпишувањето на Меморандумот е интензивирање на соработката помеѓу фестивалите, како и отворање простор за реализација на заеднички проекти и програми, размена на проекти, програми и искуства, како и зајакнување на културната соработка помеѓу земјите потписнички.Спогодбата ја потпишаа директорот на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски и претседателот на Корејската асоцијација, Сен Јеунг Ву.Оваа соработка отвора нови перспективи за...
„Продолжи да сонуваш“ – самостојна ликовна изложба на проф. Жанета Стаиќ
Views: 137 Во вторник (26.8.2025) во НУ Центар за култура ,,Григор Прличев” во 20:30 ч. ќе биде отворена самостојна ликовна изложба од проф. Жанета Стаиќ.Професорката по ликовна уметност Стаиќ пред охридската јавност ќе претстави избор од дела насловен „Продолжи да сонуваш“.Рецензент на изложбата е Калина Фиона Милошевска, а за акустичен амбиент ќе се погрижи Мухамед Асан.Влезот е слободен. Изложбата ќе биде отворена до 2-ри септември.









